Коментари

Бомбите на Заев експлодираа во Куманово!

mane 1

mane jakovleski 1
Мане Јаковлески

Опасната игра на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и на соросовите платеници, со т.н. бомби да ја дестабилизираат земјата, резултира со експлозија во Куманово. Во судир со терористичка група, чии припадници во голем дел се влезени од Косово, македонските безбедносни сили загубија 8 скапоцени животи, а 37 беа ранети. Последици на овие борби се разрушени домови, раселени лица и мирис на нова војна која се заканува да го запали целиот регион.

Политиката која ја води раководството на СДСМ не е првпат вака да си поигрува со човечкиите судбини. Презентирањето на прислушкуваните разговори познати како „Големото уво“ од страна на оваа партија му претходеa на вооружениот конфликт во 2001 година. Во 2004 година, СДСМ ја креираше територијалната поделба со која се наруши етничката рамнотежа, а долго време не реагираше на терористичката група во Кондово која го држеше во заложништво Скопје. Денес, во 2015 година, СДСМ повторно е инструмент на едно надворешно сценарио за дестабилизација на земјата и нелегална промена на власта.

Додека СДСМ ги пласираше т.н. бомби во кои објавуваше креирани прислушувани материјали од раководните лица на власта, меѓу кои и на безбедносните служби, притоа обидувајќи се да ги разруши односите со стратешките партнери, особено со Израел, на Косово се случуваше масовно иселување на Албанците со премолчена дозвола на меѓународната заедница. Многу семејства на поранешните команданти на паравоените единици го напуштија Косово. Како причина за иселувањето беше наведена големата сиромаштија која владее на Косово. Меѓутоа, вакво масовно иселување на Албанците може да биде знак дека нешто сериозно се припрема во регионот. Истовремено, меѓу Албанија и Косово се воспоставени цврсти врски кои треба во 2016 година да доведат до спојување на двете земји, а беше најавено основање на Специјален суд за воени злосторства извршени од ОВК.

Во услови кога притисокот на незадоволните поранешни команданти на ОВК расте, кога бројот на сиромашни кои одат за пари да се борат во Сирија и Ирак се зголемува, а истите кога ќе се вратат во нивната креирана речиси моноетничка држава (најголемиот дел од Србите и Ромите се протерани), тогаш претставуваат сериозна закана за меѓународната заедница на Косово. Најлесен начин да се отстранат заканите е да се канализира нивното незадоволство на друга страна, особено кон државата која долго време се држи надвор од ЕУ и НАТО, кон државата која сеуште ја викаат ПЈРМ, и кон државата каде има политичка опозиција која е спремнана да направи се` за да се добере до власта.

На сите им е јасно дека раководството на опозициската СДСМ за да дојде на влст е спремна да ја трампа државата за власт, дека одамна е подготвена да го продаде македонското име. Тоа е партија која покрај т.н. бомби организираше протести на кои нивни инструирани групи врз македонската полиција удрија со метални прачки, камења и летви. Удрија врз сопствената полиција, која го бранеше мирот и безбедноста на институциите и граѓаните.

Токму тогаш, додека македонските безбедносни структури беа развлечени со ангажирање да го сочуваат мирот и безбедноста на своите граѓани, косовската опасна терористичка група проценувајќи дека политичката ситуација е нестабилна, го искористи моментот да се инфилтрира и да престојува во кумановската Дива населба.

Одбирањето на Куманово како центар од каде оваа терористичка група ќе дејствува имаало стратешко значење. Тоа е густо населено место каде цивилното население кое требало да ги штити и од каде тие требале да делуваат во разни правци врз цивилно население и објекти во Скопје и други градови во Македонија, притоа предизвикувајќи страв меѓу населението. Но, исто така, според некои експерти, нивното присуство на овој дел од територијата на Македонија требало да биде порака да се спречи градбата на гасоводот „Турски тек“ чија траса треба да минува низ Вардарската долина и Поморавјето.

Од тоа што е познато, терористичката група сакала да го оствари својот план кон средината на мај кога СДСМ планирала голем протест во Скопје. Во овој период таа планирала да започне со серија терористички напади во кој би имало масовни жртви меѓу циволното население.

Изјавите дадени во телевизиските емисии, покажа дека иако партиски челници на СДСМ знале за групата, тие не ги доставиле информациите до органите на прогонот, што укажува дека ги исполниле очекувањата на нарачателот за дестабилизација на земјата.  

Меѓутоа, нивното присуство не остана незабележано и со цел да се спречат нивните планови, македонските безбедносни сили на 9 и 10 мај, спроведоа една од најризчните и по многу нешта специфична операција во која оваа терористичка група беше неутрализирана. Без разлика на сопствените жртви, спроведената тактичко-борбена операција меѓу цивилно население, а притоа да не биде загубен животот на ниту еден цивил, покажа висока професионалност, одговорност и пожртвуваност на македонските безбедносни сили.

Покрај македонската полиција, мора да се истакне ангажманот и да се изрази благодарност на медицинските тимови кои навремено реагираа и покажаа исклучителна пожртвуваност, професионалност и стручност во згрижување на повредените за време на овие настани.

Повеќе експерти акцијата на македонската полиција ја оценија како успешна и дека таа заслужува честитки за одбраната. Дури и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес-конференција во седиштето на Алијансата во Брисел ја пофали македонската полиција. Како што пренесува МИА, тој децидно ќе каже: „Македонската полиција беше подготвена да се справи и таа се справи со ситуацијата, но за жал со загуби. Сепак, полицијата докажа дека може да се справи со ситуацијата“.

Удирањето по грб и делењето пофалби не треба да не` залажуваат. Настаните во Куманово можат да бидат вовед во една нова војна која се заканува да го запали целиот регион и пошироко. Зошто, македонскиот народ нема да остане сам да го брани својот територијален интегритет и суверенитет. Загрижени се Србија, Црна Гора, Грција и Бугарија. Како што пренесува Макфакс, според пишувањето на српскиот портал „Правда“, поранешниот пратеник од редовите на бугарското национално движење „Атака“, Павел Чернев, изјавил дека многу млади лица од Бугарија сакаат заедно со српските четници да одат како доброволци во Македонија.

Во оваа акција на македонската полиција во Куманово загинаа бранителите: Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ, Горан Стојменовиќ, Жарко Кузмановски и Ненад Серафимовски.

Македонија и македонскиот народ никогаш нема да ги заборави своите синови кои несебично ги дадоа своите животи во одбрана на татковината.

Вечна слава и почит до македонските херои!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top