Коментари

Оставена сама, Македонија плати висока цена за да се справи со терористичката група во Куманово


Свекрва

Високо кренато победничкото знаме

Македонските безбедносни структури по непрекинатата 28 часовна борба во Дива населба, Куманово, со крајно високо професионална, патриотска и херојска акција, неутрализираа уфрлена терористичка група поддржана од домашни соучесници. Во текот на акцијата за неутрализирање на една од најопасните терористички групи на Балканот, животот го загубија 8 припадници на македонските безбедносни сили, а ранети се 37 полицајци.  

Херојската акција која се одвиваше на Денот на победата над фашизмот – 9 мај и продолжи на 10 мај, како и жртвите на мекедонските безбедносни сили не беа залудни, зошто тие неутрализираа опасна добро вооружена терористичка група во чии редови имало повратници од фронтовите во Сирија и Ирак, а кои во последните две децении биле дел од конфликтите на албанските простори. Со стекнатото искуство и знаење за терористичко дејствување и водење на герилска војна, оваа паравоена структура планирала напади на цивилни и државни објекти.

Според досегашните сознанија, оваа бројна добро организирана и опремена терористичка група влегла во Македонија на почетокот на мај и планирала кон средината на месецот да изврши терористички напади и што би довело до дестабилизација на земјата, што коинцидира со дејствувањето на опозицијата и нејзиното барање за преодна техничка влада.

Државните органи, како што ќе изјави претседателот Ѓорѓе Иванов, имале информации за опасната група и уште на почетокот на оваа година било доставено барање за соработка до 17 земји партнери од ЕУ и НАТО. Но, никој од нив не одговорил на барањето, што би можело со размена на информации да го спречи судирот во Куманово и непотребните жртви.

Оставена сама, Македонија плати висока цена за да се справи со терористичката група во Куманово. Но, без разлика на се`, македонскиот народ нема да дозволи некој било од надвор или од дома да го загрозува нејзиниот суверенитет. Нејзините скапоцени синови, Македонци, Албанци, Власи, Срби, Турци, Роми и други, како што дејствуваа во Куманово, ако е потребно повторно ќе застанат во одбраната на земјата, а секој кој не и` посакува добро на земјата скапо ќе плати за она што го направи или планира да го направи.

Некогаш е добро сами да се потсетиме, но и да ги потсетиме другите за македонскиот народ, за тоа кои сме и што сме, за сите наши маани и доблести, но и за тоа што тежнееме. Мошне инспиративен е текстот содржан во Манифестот на Привремената влада на Македонија – Единство, што го донела на 23 март 1881 година, и кој го испратила до сите дипломатски претставништва во Турција. Во него, меѓу другото се вели:

„Македонци, нашата мила татковина Македонија била некогаш една од најславните земји. Македонскиот народ, исто така, удирајќи ги првите темели на воената вештина, со своите победнички фаланги и Аристотеловата просвета, ги цивилизирал човештвото и Азија. Но таа некогаш толку славна наша татковина денес е на прагот на својата пропаст поради нашите грешки и заборавање на нашето потекло. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја заземат нашата земја и да ја уништат нашата народност која, светејќи со таков сјај, не може и нема никогаш да пропадне. Таа станала како некоја вдовица: толку грозно ја напуштиле нејзините синови. Не го развева повеќе знамето што го носеа во триумф победничките македонски војски. Таа е денес само географски поим. Како да се настојува нејзините победнички белези да бидат покриени со покривот на заборавот. Гробот и го ископале нејзините интриганти кои, крстосувајќи ја нашата земја, и туриле разурнувачки отрови. Овие интриганти се гробари на големата и славна татковина; тоа се, исто така, оние интриганти што бараат… да го заменат јаремот со друг јарем. Со тоа ќе пропадне и регенерацијата на македонскиот народ. Моментот за Македонија е критичен: се работи за нејзиниот живот или смрт.

Вистински Македонци, верни деца на татковината! Зар ќе трпите нашата мила земја да пропадне? …Наоѓајќи се во ваквата немоќ и гледајќи ја целата расплакана, наша мила Македонија, нашата драга татковина Ве вика: вие што сте мои верни деца; вие што по Аристотела и Александра Велики сте мои наследници; вие во чиишто жили тече македонска крв, не оставајте ме да умрам, туку помогнете ми! Каква тажна глетка за вас, вистински Македонци, ќе биде ако станете очевидци на мојот погреб! Не, не, еве ви ги моите крвави грозни рани, еве ви ги моите тешки синџири: скршете ги нив, излекувајте ми ги моите рани; направете се` на знамето што ќе го кренам да биде напишано: единствена и обединета Македонија! Штом тоа ќе го сторите храбро, истерајте ги од вашата земја овие убијци, кои го држат во своите раце знамето на неслогата и внесуваат отцепувачки страсти, ве делат вас, мои деца, на безброј народности, потоа собирајќи се околу знамето на Македонија, како ваш единствен национален белег, дигнете го високо и подгответе го ова славно знаме за потоа да напишете едногласно: Да живее македонскиот народ, да живее Македонија“!

(Документи за борбата на македонскиот народ за самос-тојност и за национална држава, Том Први, Скопје, 1981, стр. 266 -267).

Македонските безбедносни сили го развеаа победничкото знаме. Во Куманово тие покажаа висока професионалност и пожртвуваност. Тие покажаа дека веќе не се Македончиња, туку Македонци, кои се спремни да одговорат на секој предизвик и без разлика на грешките или интригантите, нема да дозволат да ескалира состојбата. На тоа ги обврзува минатото, но и иднината на своите деца и на Македонија.

Слава им на сите херои кои загинаа за Македонија!

Најново од: Коментари

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Најнови вести

To top