Коментари

„Човек сам што може да си направи, никој не може да му направи“

mane jakovleski 1

mane jakovleski 1
Мане Јаковлески

Години по ред опозицијата не успева легално да ја добие довербата на граѓаните. Останати на маргините на политичката скала, опозицијата станува очајна но и опасна, зошто очајот ги тера овие луѓе да направат секакви постапки па и да се здружат со самиот ѓавол, без разлика дали со тоа и` прават штета на сопствената земја.  Кога се во прашање парите и моќта, нив не ги интересира ниту народот, ниту стабилноста на државата.

Секоја опозицијата има право да се бори со сите легални средства против актуелната Влада да дојде на власт. Но тоа не и дава за право да го прави на штета на националните интереси. Вообичаено е и граѓаните да бараат од своите политичари да ги спроведуваат  нивните интереси, но и да ги штитат виталните интереси на државата. Иако ова им е добро познато на политичките гарнитури, изненадува однесувањето на најголемата опозициона партија која иако долго време се обидува да се врати на власт, сепак оди спритивно на интересите на граѓаните.

Резултатите кои ги постигнува актуелната власт се импресивни и за европски рамки. Она што се чинеше невозможно, денес станува реалност. Македонија во последните години драстично го менува ликот, на сите страни се гради, народ се вработува, ветувањата се исполнуваат едно по друго, завршените проекти се редат како бисерна нишка која се` повеќе свети и привлекува. Македонија создава нови вредности кои се препознатливи во светот, а тоа се` повеќе ги привлекува странските ивеститори. Тие знаат дека она што денес се ветува утре се остварува и дека се` повеќе се остварува македонскиот сон – напредна и просперитетна земја во која за секого кој сака да допринесува за доброто на земјата има место.

Најголемата опозициона партија предводена од Зоран Заев до сега немала ниту визија ниту стратегија, туку низ неа провејувале лични интереси. Сето она што беше кажано досега за заштита на интересите на народот беа само празна фраза. Така што лево декларирана партија, почна да “буричка” десно, па се изгуби во зоната на неразбирливото, спротиставувајќи ги зборот и делата, за на крај ни сама да не знае ни што сака, ни како сака…а богами, ни каде сака….

Опозицијата нема одговор како да парира на актуелната власт на внатрешен план, целата своја надеж ја има во надворешниот фактор и затоа така безобразно и недолично им се додворува и ја напаѓа сопствената земја.

Заев ќе ја ослободувал Македонија јадејќи ја човек по човек како канибал? Народната вели „Човек сам што може да си направи, никој не може да му направи„.

Со неговите постапки наштетувајќи и на државата, Заев се дозаглави во калта од која тешко дека ќе има излегување. Народот нема  да дозволи повампирување на духовите од минатото. Дали ќе дозволиме да се случи хорор, братоубиствена војна кој го заговара Зоран Заев и неговите надворешни подржувачи кои не и мислат добро на Македонија? Тоа зависи од самите нас.

Неколку влијателни држави се надеваат дека ќе ја видат Македонија на колена, дека македонците ќе дигнат оружје еден против друг, меѓутоа Македонија и досега во најтешки моменти секогаш покажувала капацитет и наоѓала излез.

На Македонија во минатото и се направени многу неправди и покрај нејзината мирољубива политика во согласност со преземените меѓународни обврски. Македонскиот народ е уморен барајќи правда насекаде. Редно е веќе меѓународната заедница да возврати со благонаклоност и да ја исправи вековната неправда која и ја има нанесено на Македонија, а не да бара начин како да и наштети на државата, се заради нечии бизнис интереси.

Ако се сплотиме и бидеме доволно цврсти, како што навистина знае и умее македонскиот народ, тогаш не само што ќе ја сочуваме државата, туку можеме да застанеме гордо и да го покажеме нашето националното достоинство и дигнитет. Наместо како досега да им се радуваме на поразите, време е да се радуваме на националните успеси.

Што се однесува до СДСМ време е членството да излезе од заложништвото на нивниот лидер, да се дистанцира од неговата погубна политика за македонскиот народ и држава и да го испрати на буништето на политичката историја. Во редовите на СДСМ постојат прекрасни млади политичари кои се кадарни да се носат со предизвиците на новото време и кои ја сакаат својата сопствена земја и народ. Само така ќе се создаде конзенсус за македонското прашање, баланс на политичките сили, услови за развој на демократијата а со тоа и целокупниот развој на Македонија.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top