Коментари

Од војна никој нема корист!

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Станува поочигледно дека големите сили го користат Балканот како полигон за одмерување на силите.

Времето на појавување на внатрешната политичка криза, во која опозицијата бара оставка од владата и формирање на преодна влада, се совпаѓа со заострувањето на односите меѓу САД и Русија, но и кога Македонија е заинтересирана за рускиот гасовод „Турски тек“. Судирот на двете сили кој се одвива воглавно во Европа, во моментот се прекршува врз Македонија која се смета за најслаба алка на патот на предвидениот гасовод.

Интензитетот со кој ќе се одвива кризата ќе зависи од многу фактори, како и подготвеноста на балканските земји активно да се вклучат во игрите на големите сили. Во меѓувреме, Европа штитејќи ги своите интереси само декларативно се меша, но, всушност го остава регионот да осиромашува и да го затвори македонското прашање.

Од своето осамостојување во 1991 година Македонија континуирано е изложена од соседите на процеси кои водат кон нејзино разградување. Традиционалните идеи за распарчување на Македонија и припојување кон соседните држави, кои датираат од Балканските војни, сеуште се актуелни. Планот на соседните академии од деведесетите години од минатиот век, денес повторно е ставен во игра, користејќи ја актуелната политичка криза во Македонија, која ја создаде опозицијата предводена од Зоран Заев. Неодамна албанскиот премиер Еди Рама го најави спојувањето на Албанија и Косово, како и на сите Албанци во наредната година.

Имено, уште „во 1990 година, Европската унија, под покровителство на британската разузнавачка служба МИ 5, направи план за границите на Западен Балкан, кој нуди решавање на албанското и на српското прашање. Оваа карта покажува дека таму каде е Република Српска, северниот дел на Косово и дел од Македонија, со Скопје – Велес до Росоман и дијагонално до Кратово би требало да останат во Србија. Дел од Куманово до Струга би и припаднал на новата албанска држава, а битолскиот дел од Охрид до Штип, би бил дел од новосоздадена република која би се протегала до Јужна Албанија и до Јонско Море. И Струмица која би се припоила кон Бугарија. Таа е првата поделба од 1912 година, која како опција долго време беше актуелна. Но, ако се тргне од етничкиот принцип, тогаш таа не го решаваше македонското прашање, зошто во Грција, Бугарија и Албанија остануваат еден и половина милион Македонци и Власи“ (В. Ш. – „Нашата земја под стечај или растурање!?“, Македонско сонце, 31.08.2007, стр.14-15).

Двете децении на војни на Балканот покажаа дека не може со оружје да се решат границите по етнички принцип, дека војните им донесоа само жртви и уназадување на економиите на балканските земји и дека единствен излез се евроинтеграциите и почитување на правата на етничките заедници. Но, за жал, целосно Балканот ниту се интегрира ниту некој од соседите на Македонија кој е веќе влезен во ЕУ или НАТО ги почитува правата на Македонците.

Чуствувајќи се загрозени од создавање на Голема Албанија, балканските држави се повеќе се свртуваат едни кон други. Оттука, во најновиот извештај на ЦИА за состојбата на регионот, се предупредува дека секоја понатамошна силна поддршка на Албанците би ги турнала православните во прегратка на Русија. Исто така, во извештајот се предупредува дека е сосема можно Србија, Грција, Бугарија и Македонија да направат православен сојуз! Затоа се предлага на рамнотежа на Балканот.

Албанскиот народ сето тоа добро го знае и не сака да војува за туѓи интереси. Тоа беше видливо за време на настаните во Гошинце и Куманово, каде не им даде масовна подршка на криминално-терористичката група од Куманово. Но, секогаш ќе се најде некој кој за пари ќе изврши одредени валкани работи, спротивни на интересите на својот народ и држава. Но, овој пат Македонија не е истата како од 2001 година, ниту одбраната ќе биде како што беше тогаш, а како што се гледа ниту Македонија е сама.

Меѓутоа, ако некој се обиде да го потпали бурето барут во Македонија, за да ги оствари своите мрачни намери, тогаш ќе гори целиот регон, Европа, но и пошироко. Од ваквите воено-политички игри никој нема да има добробит, туку сите ќе загубат.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top