Коментари

До кое дереџе ја доведе Заев СДСМ

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Мили мои луѓе ми се слошува од овој Зајко- ептен ја фати онаа ,,пу – пу не важи или пес рекол пес одрекол, што си сакам тоа си праам“. Заев си купува време и сака некој од ЕУ да му гарантира дека ќе се прибере до власта, а не македонскиот народ на непосредни избори.

Се докажа дека СОРОСОВАТА дружина ја води најголемата опозициска партија во Македонија, сериозно се за жалење. Сериозно, греота е лидерот на СДСМ, што ќе му кажaт од соросовата дружина тоа го кажува.

Веќе и на врапчињата им е јасно дека не остана асолен човек кој може да дојде на чело на СДСМ. Луѓето кои се спремни на направат промени во партијата мора да се подзамислат и можеби најдобрата варијанта би била да позајмат некој од спротивниот политички табор или пак да увезат од странство за да СДСМ добие модерен лидер како што им доликува.

На лидерот на СДСМ Зоран Заев веќе му е јасно дека по неуспехот со т.н. бомби да ја смени актуелната влада, нему му е разнишана лидерската позиција. Откако македонскиот народ ги разоткри неговите намери и почна да се потсмева за неговите гафови, тој започна и со опасни игри. Намислил човекот да спроведе „локална или регионална револуција“, а за таа цел цехот сакал да го плати со воведување на албанскиот јазик на целата територија на Македонија.

Човек да не верува во она што го слуша од еден лидер на најголемата македонска опозициона партија. Но, очиглено дека човекот нема граници во својата глупост и за да ја постигне целта спремен е да оди до крај, дури и крв да падне. Тоа не верувам дека го посакуваат ниту неговите сопартијци, кои поради неговата бескрупулозност и бламажи се повеќе размислуваат за проветрување на партијата од смрадот кој челниците на СДСМ го оставија зад себе на „Бихачка“.

По објавувањето на снимка дека лидерот на СДСМ бара мито во Струмица, тонењето на Заев е се поинтензивно. Ваков човек, кој лесно ја витка кичмата кога се работи за идентитетот и името, кој говори за федерализација и работи против интересите на сопствената држава, менува сопствени изјави многу често, во секој случај не може да остане на тронот на партијата.

Исто така, јасно е дека ваквите ставови не се само на Заев, туку на целото раководство, бидејќи никој друг не се оградува. Единствено постојат некои лоши обиди да го оправдаат, но и тоа не им проаѓа. Но, покрај Заев, дополнително позицијата на раководството на СДСМ ја отежнува и Радмила Шеќеринска, зад чие име се појави „афера со плаќање на високи, веројатно фиктивни кирии од Дајнерс за закуп на сопствените станови“. И за овој скандал се молчи, така да „рибата смрди од главата.“

Неисполнувањето на ветеното од Заев дека набргу по отпочнувањето со “бомбите“, Владата на премиерот Никола Груевски ќе падне за три дена, како и сите овие скандали, го размрда членството. Ако дотагаш многумина си бараа раководни места и позиции, откако нивната партија ќе дојде на власт, сега прават комбинации кој ќе застане на тронот кога Заев ќе си замине.

Меѓутоа, и на врапчињата им е јасно дека не остана асолен човек кој може да дојде на чело на најголемата опозициска партија. Се што беше добро и вредеше одамна се приклонија или во владејачката ВМРО ДПМНЕ или кај Стевче Јакимовски. Она што им остана се е со фелер и не може да им донесе сјајна иднина.

За нов лидер се вртат имињата на Игор Ивановски, Гордан Георгиев, Стево Пендаровски или недај боже Геровски од соросовата антимакедонска дружина. Пендаровски кој граѓаните ги споредува со овци има голем политички минус, Гордан Георгиев пак се шпекулира за нов лидер на Сорос, а Ивановски се смета за човек на Бранко Црвенковски, а Геровски? Недај боже, немам коментар. Другите во моментот се маргиналци во социјалдемократската кујна или си седат на страна и си гледаат сеир, или се плашат да не објави Заев и за нив некоја монтировка.

Меѓутоа, никој од нив не знае како ќе реагира сеуште актуелниот лидер Зоран Заев, кој треба да го отплати долгот на Соросовата антимакедонска дружина. Можеби, за негов заменик ќе назначи етнички Албанец и СДСМ ќе ја направи двојазична или трета албанска партија каде ќе се говори и сите документи задолжително ќе се преведуваат на албански јазик. Сепак, во моментов изгледа дека нема асолен човек кој може да го замени Заев!?

По најновата средба на лидерите на македонските партии со еврокомесарот Јоханес Хан, во која тој ни закажа предвремени парламентарни избори во април идната година, сигурно Заев е задоволен бидејќи во борбата да се дојде по секоја цена на власт, ја заврти водата на воденицата на оние кои сакаат да докажат дека Македонците немаат државотворен капацитет и дека треба да си го сменат името, односно да исчезнат.

Може да се претпостави, со оглед на изјавата на Мендух Тачи, претседателот на ДПА, во која вели дека тој со Ахмети се договориле да му пренесат на Хан порака дека новото име на државата не смее да содржи никаков словенски префикс ни суфикс, дека токму тој работел на сценарио цела Македонија да се албанизира, па затоа Заев уште претходно на косовски медиум во преносна смисла ни најави дека македонските деца и во средините каде нема Албанци, треба да учат албански јазик уште од градинка.

Без разлика што таму се договараше и е договорено, последиците на неразумната и глупа антимакедонска политика на лидерот на Зоран Заев македонскиот народ уште долго ќе ја чуствува. Но, исто така, без разлика што и да е договорено, македонскиот народ нема да дозволи промена на уставното име, идентитетот и јазикот. Не може секоја европска или домашна „шуша“ да ја гази вољата на народот и под разни уцени да ни наредува како ќе се викаме и како ќе живееме. Не може ниту Европа, ниту било кој друг да ни зборува за демократија, кога тие се првите што ги прекршуваат човековите права, не може и се додека идеологијата на  ВМРО за самостојна Македонија е во срцата на огромен број родољуби.

Во однос на демократијата и правата на етничките заедници во Македонија, во земјата ги има како никаде на друго место, како во ниту една друга држава. Единствено се во право ако зборуваат за правата на Македонците, зошто во сопствената земја на пример, во западна Македонија тие најмногу се загрозени. Затоа, редно е македонскиот народ да почне да работи на сопствените права, а сите други на кој не им се допаѓа на чело со Заев нека си заминат од земјата и нека ја остават Македонија на Македонците.

Македонија вечна, АМИН!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top