Коментари

ВМРО-ДПМНЕ е идеологија формирана во исклучителен историски момент

mane jakovleski 1

mane jakovleski 1
Мане Јаковлески

Драган Богдановски е роден на 18 септември 1929г. во Клечовце, Кумановско,

Почина во Копенхаген, Данска, на 31 мај 1998г,

Погребен е во Куманово, на 1 август 1998.

Кога се знае вистината сè си има свој вистински тек.

Да се потсетиме на некои моменти од таа историја:

Во 1963 год. се формира македонската организација ОКМ (Ослободителен комитет на Македонија). Во 1972 год. ОКМ, се трансформира во ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија).Драган Богдановски беше претседател на ДООМ до 1977г.

Во акцијата за расчистување со „опасните емигрантски кругови“, 1977 год. донесена е одлука за киднапирање на Драган Богдановски во Париз, по што е донесен во тогашна Југославија (СФРЈ) и осуден е на 13 години затвор, од кои издржува цели 11 години во македонскиот затвор Идризово.

mane1

Сигурно е едно, да не беше Драган Богдановски и да немаше ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија) немаше да има ниту ВМРО-ДПМНЕ.

На основачкото сообрание на 17.06 1990 година му претходеа средби на Драган Богдановски како иницијатор за формирање Партија, во Берлин и Минхен.

Да не беше Драган Богдановски немаше да се случат средбите во Берлин и Минхен, исто така, да не беа средбите во Берлин и Минхен, немаше да има ВМРО-ДПМНЕ во Македонија.

Драган Богдановски не дојде на основачкото Собрание на 17 јуни 1990 г. затоа што немаше патна исправа.

Богдановски никогаш не изразил желба да биде Претседател на ВМРО-ДПМНЕ – ако искажеше таква намера сигурно дека ќе беше, затоа што негова беше идејата за формирање Партија. Ниту пак изрази желба да биде Премиер на Владата на Република Македонија. За функцијата Претседател на Република Македонија? ДА, Богдановски се надеваше дека ќе биде предложен и избран за Претседател на Македонија.

Да беше жив КОСТАДИН ДИНЕВСКИ- ДИНКАТА, (македонски десидент, кој лежеше во затвор 4 години за „непријателско“ организирање) близок пријател и истомисленик на Богдановски, лично тврдам дека Тој ќе беше првиот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

mane2

Може да полемизираме кој колку има придонес за Македонија и за Партијата, кој и зошто ја напуштил, што го натерало да ја напушти, или зошто некој останал верен на донесените ПРОГРАМА и СТАТУТ, но никој, апсолутно никој, поединечно не би смеел да каже, Јас сам ја основав.

Зошто? Одговорот е едноставен – еден човек сам не може да формира Партија и да придонесе за својата држава без колективен ангажман.

Сите, независно од какви причини ја напуштија, да не ја заборават идејата заради која биле едно време основачи или членови, да не ја забораваат единствената идеја која сите ние ја носевме и ја носиме во срцата, а има едно име: МАКЕДОНИЈА!

ВМРО-ДПМНЕ е идеологија формирана во исклучителен историски момент, се претвори во стеблото на МАКЕДОНСКИОТ непокор, сплотена и цврста, со братска искрена љубов и подадена рака со добра мисла, опстојува како гарант на МАКЕДОНСКАТА иднина, сега и засекогаш,АМИН !

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top