Коментари

Многумина ќе заминат од политичката сцена во историски заборав


Свекрва

ВМРО ДПМНЕ прослави 25 години од своето формирање. Свечаноста се одржа минатата сабота на плоштадот кој го носи името на историското ВМРО и пред новата зграда на партијата, која ја замени некогашната жолта куќа. Во роденденскиот говор пред присутните гости (партиски функционери, носители на функции во извршната и законодавната власт), лидерот на партијата Никола Груевски се осврна на актуелната политичка ситуација во земјата.

Во последните 25 години ВМРО ДПМНЕ помина низ многу премрежја. Во овој период таа се калеше и денес израсна во модерна партија способна да се справи и со најтешките предизвици. Премиерот и лидер на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски во својот говор ќе посочи дека „Денес ВМРО-ДПМНЕ е најсилната, најмоќната и најбројната партија во Македонија, партијата која денес брои 170 илјади членови, речиси половина милион подржувачи, и е главен столб и двигател на развојот и стабилноста на Република Македонија.“ –

Меѓутоа, во моментите кога земјата постигнуваше извонредни резултати речиси на сите полиња, кога инвестициите и вработувањето се зголемија, опозицициската социјалдемократска партија ја воведе земјата во политичка криза која треба да резултира со превремени избори во април наредната година на која граѓаните треба да го кажат својот последен збор.

Говорејќи за последните настани во земјата, лидерот Груевски вели: „Токму во последните 5-6 месеци партијата го пребродува и најголемиот удар зададен досега, на крајно кукавички и манипулативен начин. Во неможност да биде победена во нормална политичка битка, со натпревар на идеи, со работа и резултати, со реформи и создадени дела, со понуда која граѓаните ќе ја отценат за најдобра, со доверба која извира од народот, на демократкси и транспарентен начин, противникот, соработувајки со мрачни сили, како што и самиот се произнесе, се обиде на најбрутален, најкукавички и најнедемократкси обид да ја сруши партијата, нанесувајки огромна штета на државата и нејзините граѓани.“

Всушност, депресираната и збунета опозиција, во својата немоќ легално да ја освои власта, запоставувајќи ги притоа штетитите кои ќе ги предизвика во земјата, ја воведе државата во политичка и безбедносна криза.

Одамна е очигледно дека СДСМ единствена надеж за сопствено воскрснување на политичката сцена го гледа во дестабилизација на земјата, наместо во програмските и кадровската ревизија на сопственото делување. Притоа заборави дека истите нивни луѓе кои во минатото ја туркаа земјата кон дното повторно од сенка преку валкани игри и прават штета на државата. Но, ако тие заборавија, народот не заборава. Народот најдобро ги чуствува проблемите на својот грб. Народот точно знае кој работеше и работи против неговите интереси, а кој ги чуствуваше неговите проблеми и работеше и работи истите да се надминат. Затоа со право се прашуваат со кое лице сега истите тие бараат да дојдат на власт?

Не случајно, премиерот Груевски го повика народот на организирани, фер и демократски избори во кој тој ќе му одговори на СДСМ и на нивните сценаристи. Така во својот 25-ти роденденски говор тој ќе каже: „Сакајки нам да ни направат стапица, потценувајки го македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија, потценувајки ја нивната интелегенција и капацитет, влегоа во валкана игра, со која самите влегоа во стапица, во предвремени парламентарни избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ оди во нова победа, и по кои Македонија ќе продолжи да оди напред.“ 

Познаро е дека народот не ги поддржува оние кои работат против него и против интересот на нивната држава. Тој не ги сака петтоколонашите и поддржувачите со нивните деструктивни политики, а секој обид за рушење на системот тие ќе го казнет. Тие се свесни дека само така, Македонија ќе биде ценета како држава.

Затоа Груевски ќе рече: „Не е државата ни Заев, ни Груевски ни некој друг политичар. Народот, ѓраѓаните тоа е Република Македонија. И нема подобар одговор од тоа, од колку соочување со народ соочување со граѓаните, оние кои ја даваат довербата оние кои ценат и оние кои одлучуваат.  Има многу што треба да се соочат со волјата на народот и наша цел е таа да ги извадиме сите да се соочат со волјата на народот.”

Во изминатиот период народот беше наведен да бира меѓу делата и проектите на ВМРО ДПМНЕ, наспроти бомбите и заканите на СДСМ. Но, неговата реакција е очигледна. Тој ги одбра делата. Правејќи паралела меѓу работата на ВМРО ДПМНЕ, лидерот Груевски ќе истакне дека поддржката на народот не доаѓа незаслужено, туку е резултат на макотрпна работа и лојалност кон оние што им ја дале довербата. Како што вели тој, за разлика од опозицијата која се обидува да добие политички поени со креирани материјали, ВМРО ДПМНЕ продолжува со реализирање на она што предизборно беше ветено.  

„Тоа добро го почувствуваа земјоделците, и преку субвенциите и преку доделувањето на државното земјиште за обработка… но и  преку реакцијата на Владата, кога тие неодамна се соочија со најголемите поплави и штети во последните  40 години. Тоа добро го почувствуваа и пензионерите, преку нашето држење до дадениот збор за покачувањет на  пензиите… Тоа го чувствуваат и младите преку бесплатното  школување, симболичните цени на студирање, плаќањето за студирање на најпрестижните универзитети во светот, бесплатните компјутери и таблети, но и преку како никогаш досега отворањето на нови работни места во Република Македонија, и намалувањето на стапката на невработеност од 38 на 27,3 отсто, во период … во кој во речиси сите други земји невработеноста растеше кај нас се намалуваше“ – ќе истакне Груевски.

Во Македонија на сите страни се гради. Видливи се инвестиции во патната инфраструктура (патишта и железници), а се најавува и гасификација на земјата. ВМРО ДПМНЕ тоа го може.

Но, Македонија се наоѓа на „линија на огнот“ на големите сили, па земјата станува полигон каде со помош на домашни платени играчи тие си ги мерат мускулите. Така на поитичката сцена се појавуваат старонови играчи во редовите на опозицијата на која ништо не и е свето и кои за свои лични интереси се спремни да го спречат развојот на својата земја и да ги поништат сите придобивки со кои се стекна македонскиот народ.  

За насреќа на опозицијата и за среќа на македонскиот народ на чело на државата се наоѓа партија која во последните 10 години успешно се носи со сите надворешни експерименти, ги пребродува сите тешки искушенија и со крупни чекори оди напред.

Така и ова искушение  ќе се надмине и ќе тргне кон нов подобар живот. А сите кои се огрешиле од својот народ, тој ќе ги казни – на предвремени избори. Тогаш многумина од опозицијата предводена од СДСМ ќе мораат да заминат од политичката сцена во историски заборав.

Најново од: Коментари

Зошто Гоце Делчев и денес плаче над Македонија?

Пораката на Димо Хаџи Димов од 1924 година и во 2026 година нè повикува да се запрашаме: дали го чуваме Гоцевиот идеал со нашите постапки или само го споменуваме во свечените говори? Македонската историја е исполнета со херојство, саможртва и борба за слобода, но и со болни поуки за поделбите и за влијанието на туѓите […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Проф. Милко Палангурски и Илијан Валчанов со критики за размената на посмртните останки што му се припишуваат на цар Самуил

Двајцата Бугари на ФБ поставуваат прашања за научните докази, подготовката на размената меѓу Бугарија и Грција и политичката употреба на посмртните останки и културното наследство. Проф. Милко Палангурски: Нема ДНК анализ на тленните останки, за да се потверди дали се на цар Самоил Бугарија не направи каталог и истражување на артефактите што ќе ѝ бидат […]

До кога властите во Грција и Бугарија ќе присвојуваат и ќе се китат со македонската историја и култура?

Горан Калоѓера на својот ФБ напишал: Еднаш, еден храбар и интелигентен Македонец напиша: Македонците се народ, а нивната татковина е Македонија. Историјата потврди дека тој бил во право. Затоа, мора да се каже и напише по илјадити пат: Македонија им припаѓа на Македонците; македонскиот јазик е јазик на Македонците од памтивек; македонскиот етнички идентитет е […]

Татковиот збор како завет: Да ги чуваме македонските корени

Да го негуваме мајчиниот јазик и да останеме обединети во љубовта кон Македонија, каде и да живееме во светот „Гледај, чедо, дијаспората не нè дава“ – ми рече татко ми додека седевме заедно и гледавме вести. Беше 1994 година. На телевизијата се прикажуваа Македонците од Австралија кои протестираа за состојбата во Македонија. Неговите насолзени очи […]

Грците направија мајмуни од Бугарите со „коските“ на Самуил

Просто кажано, жално-смешна трагикомедија. Трагично е колку Бугарите наседнаа, а Грците, како расипани имбецили, ги намамија и сега скришно им се смеат. Читам на Фејсбук што напишал бугарскиот државјанин Илијан Валчанов: „Главата на покојникот е поставена врз искривена (циганска) керамида. Секој просечен Бугарин што успешно завршил средно образование ќе заклучи дека ова не е царски […]

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

To top