Коментари

Политичкото вјерују на Македонците

vasko-gicevski

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Македонскиот народот низ својата вековна борба за слобода доживеала секакви премрежија и настани и во себе содржела и различни погледи и идеологии во однос на решавањето на македонското прашање кое било поставено како дел од Источното прашање односно од Источната криза која се појавила како резултат на немирниот балкански дух и стиматизација на Османлиската империја која и во втората деценија на 19 век останала на исто ниво како во средниот век.

Согледувајќи ги како пример востанијата на соседните балкански народи и македонскиот народ тргнал во бробата за слобода и рамноправност чија што крајна цел е привлечна за секој еден човек.

Тргнувајќи од мислата на Сандаски дека: „Секој човек треба да се бори, робот за слобода, а слободниот за совршенство“, генерации и генерации македонски дејци своите животи ги положиле на олтарот на поробената татковина.

Особено е интересен еден документ кој го носи насловот “Политичкото вјерују на Македонците”, а чиј автор е штипскиот војвода Владислав Славчо Ковачев македонски публицист, револуционер и режисер кој во една прилика изјавил: „Пет минути од деноноќието и` посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за нea. Ја сакам Македонија повеќе од се` друго на светот“.

Овој документ иако е само едно лично согледување во суштина може да се смета како неофицијална македонска  национална програма. Документот е напишан на само неколку дена пред убиството на Ковачев во Софија во 1924 година во Горноџумајските настани кои што беа само резултат на смртта на Тодор Александров и обидот преку убиство да се разреши и најде убиецот односно нарачателот на убиството на Александров.

Убиен е од страна на Мирчо Кикиритков во неговиот дом пред очите на неговите деца, а подоцна за време на иследувањето изјавил дека: „Наредбите од Организацијата ги сметам за крајно правилни“, а понатаму во записниците стои дека доколку знаел за смртта на Александров тој би ги убил и децата на Ковачев.

Содржината на текстот “Политичкото вјерују на Македонците” ја пренесуваме во целост.

“Ја сакам Македонија неизмерно и повеќе од се` друго на светот.

Верувам постојано во нејзиното /македонско/ скорешно ослободување.

– Сметам само на нашите сопствени сили

– Не верувам во интервенциите на големите сили

– Ќе се трудам да ја придобијам општествената јавност за нашата кауза

– На моите сонародници од другите националности и на нивните сонародници во соседните балкански држави ќе гледам како на родени браќа

– Никогаш нема да заборавам дека македонското прашање ќе се реши само со усилби на македонските родољуби и на балканските народи

– Отворено и постојано ќе го проповедам федеративниот лозунг, Независна Македонија како рамноправен дел на Балканската федерација

– Неизмерно верувам дека во обединувањето на вистинските македонски сили е начин за спас

– Непоколебливо ќе го следам возвишениот полет на првоапостолите на македонската слобода: да го чуваме македонското ослободително дело далеку од политичките борби на балканските држави

– Никогаш нема да кренам рака на мојот идеен противник, туку секогаш ќе се стремам да го придобијам за федеративната идеја само со перото и зборот

– Најсовесно ќе дејствувам материјално и морално на македонските организации што ги имаа девизата независна Македонија како рамноправен дел на Балканската федерација

– Секогаш и секаде ќе се чувствувам и ќе се нарекувам Македонец

– Секогаш ќе се трудам да го чувствувам поблизу тупкањето на моето чисто македонско срце и да се огледам во мојата кристална македонска душа

– Пет минути во деноноќието ќе го посветам на маченицата Македонија за да се соочам со мојата македонска совест 

– При секое легнување ќе му ги упатам моите неизмерно топли молитви на македонскиот бог за да ја излее својата штедра милост на моите намачени браќа и сестри во поробена Македонија за што поскоро да ги усреќи со реализирање лелеана мечта, слободна и независна Македонија“.

Текстот кој и не е премногу обемен токму во таа своја форма ги содржи сусштинските заложби, барања, соништа и потреби на македонскиот народ. Реченици и зборови кои доколку и денес почесто би си ги повторувале и кажувале би имале барем малку поубаво секојдневие.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top