Коментари

Има да не нема (Последните граѓани)

petre-krivcevski

petre-krivcevski
Петре Кривчевски

Подолго и нашироко се кршат копја и води сосем излишна полемика за и околу бракот како институција. Зошто излишна? Па затоа што токму рушењето на бракот помеѓу маж и жена и експанзијата на неприродната (де)формација која што од накај високо развиениот северо-запад дува, може, треба и мора да ни послужи како поука извлечена од туѓи грешки. Но, наместо тоа помеѓу редицата буљашки баханалии како капак на „високата свест“ ни доѓа и капката која ја прелева чашата – посвојување на „дечиња од педерчиња“.

А толку очебијно и толку негативно е ова „цивилизациско“ искуство што полека но сигурно води до нивно истребување и самоуништување. Сите знаеме, токму развиените самите гранката си ја секоа со ваквите и слични „демокртаски вредности“. Така к(х)омодитетот, тој и таков им го загрозува наталитетот и самиот гол опстанок. Кубурат со новороденчиња па, сакале нејќеле, што јавно што тајно ги (под)отвораат вратите за „простите“.

Не се сака некоја подлабока анализа или повисока диоптрија за да се согледа сета таа аномалија на топлите браќа како причина плус за црнилата на белата чума. Која бре легализација на еднополови бракови, какво присвојување на дечиња одними, кои црни камења – црни ние? Зарем не гледаме, секаде каде што се либерализирани и легализирани тие неприродни заедници до кое дереџе стигнаа. Штом нема деца по автоматизам самоуништувањето и исчезнувањето се неизбежни (д)ефекти. Проста математика ем и чиста логика: колку повеќе таквите неприродни заедници се намножуваат толку и новороденчињата ќе се намалуваат. И, сетне, која матна? Колективно самоубиство. Потоп! Тие можат да вриштат и пиштат колку ги држи гласот ама, ете, нормално, со исчезнување на породот исчезнува и народот.

Кај и дае еден ден сета оваа аздис појава ем „лични слободи“ пародија неминовно ќе биде минато свршено време, историја а за што само тој што ќе преживее ќе може да кажува. Во таа насока, рековме, колку ли само (економски) иселеници ги крпат западните демографски дупки и пак сите тие потези се покажуваат како јалови. Без деца нема нација а камоли и здрава. Но ај тие, ќе речеш, имаат барем прилив и како-така крпарат ама од каде ние, тетка ни ќе ни ги роди или пак штркот донеси? Извесно е и сигурно, само неизвесни се времето и патот кое што треба да се поминат низ оваа „чистилиште“ за да се стигне таму каде што и се кинисало – право во пеколот. Глупости, ноторни глупости или со други зборови: иднината (веќе!) е фрлена а нормален брак или мрак прашање не смее да е сега.

Но, пак, и што може да се очекува од татини ќерки и мамини синови кои место бракови и дечиња воздигнуваат епови за педери и лезбејки и од алкохол и цигари се навлекуваат на треви и прашоци. Чаре дае малку да промозгаат дека сите овие циркуси се од времен карактер, помодарство кое откога ќе се испроба, изгустира и изживее неминово, сакало-нејќело, човештвото одново ќе се сврти кон божјото: „тој и таа“ а не „тој и тој“ или „таа и таа“!

Оти? Оти „останало проклетството на секоја жена да и треба некој на кого ќе може постојано да мисли и да го чека“ („Последните селани“ – Петре М. Андреевски), ете затоа. А кога сме веќе кај последните селани трагично но вистинито е што на повидок е в(б)ремето и на последните граѓани на овие простори. Глобализацијата и миграциските текови, сега веќе не од село во град туку од држава во држава си го земаат својот данок во (млада!) крв. Тажни примери се бившите источни а сега (помодарски) веќе (про)западни земји чии жители (и „селани“ и „граѓани“) трагајќи по лебот за стомакот ја фатија јабаната оставајќи ги на старците и пилците и селата но и градовите.

Но, замислете само, сега и вака, со триста визни и какви ли се не бариери имаме катадневен одлив. Ами, пак, да и за нас се отворат ширум европските замандалени порти уште поскоро и градовите како и селата ќе постанат авети. Извесно е, заработувачката ги трасира иселеничките патишта и доколку економски не исчекориме – се потаманивме. Само тое е спасот: платата, парата, стандардот. Се друго е залажувачка или баење со умот.

Најсетне! Криков има за цел да ја отслика и вреже тажната и трагична вистина за распадот и вулгаризирањето на бракот посебно, но и мракот и морталитетот општо што како „цивилизациска придобивка“ се спушта од развиениот север до простиот југ (Балканот но и пошироко) водејќи го со себе – во неврат.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top