Коментари

Никој нема право да шпекулира со името и идентитетот на македонскиот народ

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Денес е многу тешко да се создаде правата слика за грчко-македонските и европските расправии околу употребата на македонското име. Сепак самата расправа за кои постојат историски извори говори дека како Македонци се идентификуваат македонците многу одамна, многу пред почетокот на преродбата во XIX век. Првата забележана расправа била на заедничкиот состанок на Грците и Македонците во Будим во 1791 година. Македонците жестоко се спротивставиле заедничката црковна општина да се нарекува „Грчко – источна и грчка црковна општина“. Тие барале да се измени овој назив, бидејќи таа не само грчка, туку и македонска, па називот треба да гласи: „Грчко – источна и македонско црковна општина“.

По укинувањето на Охридската архиепископија на 17 јануари 1767 година и присоединувањето на нејзините епархии кон Цариградската Патријаршија, споменот на Македонците кон својата црква никогаш не згаснал. Состанокот во Будим одржан по повеќе од две децении претставува прв забележан отпор на македонскиот народ против курсот на Цариградската Патријаршија која настојува да ја спречи во корен секоја македонска национална манифестација, особено против барањето на црковните општини и училишта за воведување на македонскиот јазик.

Средбата се одржала во годината кога е потпишан Свиштовскиот договор (4.08.1791) со кој е ставен крај на Австро-турската војна (1787 – 1791). По склучувањето на овој договор, поради започнувањето на војните на Наполеон Бонапарта, Австрија ја променила својата политика кон Балканот и никогаш повеќе не учествувала во војните кои ги водела Русија со Османската Империја.

Инаку, само пред еден век, австрискиот цар Леполд I, во актот од 1690 година зборува за „пратеници од македонскиот народ“. Во него тој ќе напише:

 „Со ова давам на знаење дека двајца Македонци, Марко Краида од Кожани и Димитар Георгија Поповиќ од македонски Солун, изнесоа дека македонскиот народ уверен во праведноста на нашето дело и со силна желба и сериозни намери, би се ставил под наша заштита, за да се оттргне од неиздржливиот турски зулум доколку би му се укажала наша милост и сугурна заштита“. 

Во наведениот акт на австриската царска канцеларија македонското име се употребува не како географско туку како име со кое се означува народ. И не само тоа, македонскиот народ има и свој грб, кој се сретнува во многу грбовници, а не само во „Стематографијата“ на дојранчанецот Христофер Жефаровиќ.

Македонското име со кое народот од Македонија се разликувал од другите балкански народи, не се употребувало само во ова време. Иван Томко Мрнавиќ (1579 – 1637), католичкиот бискуп и автор на историски текстови, во своите искази за единството на славјанските јазици на Балканот во 1622 година, покрај Хрватите, Србите, Босанците и Бугарите, како славјански жители на Балканот ги споменува и Македонците. Претходно за Македонија се говори и во писмата и рефератите на охридските архиепископи Гаврил I и Атанасиј I кои посетиле повеќе европски земји за да бараат помош за ослободување од Турците.

И српските извори од овој период говорат за посебноста на македонскиот народ. Во Троношкиот летопис од  XVIII  век, православен манастир во Западна Србија, составувачот на летописот прикажувајќи го составот на војската на кралот Волкашин ги одделува Македонците од Бугарите. Од друга страна, за време на својот престој во Црна Гора, српскиот патријарх Василије Јовановиќ – Бркиќ (1763 – 1765), го пишува својот „Опис провинција турске државе“ за потребите на рускиот гроф Долгоруков. Во овој опис тој Македонија ја издвојува како посебна провинција.

Од овој период посебно внимание заслужуваат документите на руската императорска канцеларија од XVIII  век, како и „Мемоарите“ на Симеон Пишчевиќ (1731 – 1798). Всушност во овие документи се говори за оние преселници кои по Карпошовото востание, заедно со српскиот патријарх Арсенија Черноевиќ III пребегнале преку Сава и Дунав на австриска територија, а подоцна пак да заминуваат во Јужна Русија за да служат во руската царска војска.

Во молбата која ја пишува генерал Хорват до руските губерниски власти за населување на овие преселници меѓу другото стои дека „православните народи српски, македонски, бугарски и влашки со својата крв и оружје сакаат да му служат на Нејзиното Императорско Величество, мајка покровителка“. Истото јасно разграничување на преселниците по нивната народност се наоѓа и во извештајот на Бестужев – Рјумин, кој во својот извештај до императорската канцеларија меѓу другото пишува: „Православните народи Срби, Македонци, Бугари и Власи сакаат да му служат на нејзиното Величество со крв и оружје… Во мирно време тој корпус од Срби, Македонци и Бугари, православни народи еднородни со нас по храброст познати по целиот свет, од ден на ден ќе се умножуваат и во случај на потреба ќе донесат корист без некои расходи од страна на Вашето Императорско Величество.

Македонското име се сретнува и во други акти како Указот кој му е даден на генералот Хорват и во кој му се „препорачува и понатаму да ги повикува во руска служба и руско поданство православните српски, бугарски, македонски и влашки народи и да ги прима како доброволци“. Од овие припадници на македонскиот, српскиот, бугарскиот и влашкиот народ се формирани покрај старите и нови четири полкови, меѓу кои и македонскиот полк.

Од овие документи многу убаво се гледа дека под македонското име, Леополд I, Катерина II и другите не подразбираат ниту Србин, Бугарин, Влав, Албанец, Грк или друго, туку Македонци од Македонија, кои говорат на својот мајчин јазик.

Дека Македонците не биле ништо друго освен Македонци, и покрај сите обиди на пропгандата да бидат претставени како Бугари, Срби или Грци, најдобро говори и примерот кој го навел професорот по славистика на Јашкиот универзитет Илије Барбулеску (1875 – 1945). Тој вели: „Сите овие славјански доселеници на теренот на Романија, за кои ние Романиците понекогаш мислевме дека зборуваат бугарски, главно се преселници како работници и градинари од Македонија и себе си се нарекуваат Македонци, а не Бугари“.  

Во сите овие документи се сретнува името Македонци, Македонец, македонска, мекедонски итн., што значи дека ова име како етничко било употребувано од мнозинството македонско славјанско население многу одамна. Оттука, ниту Грците, ниту било кој друг од соседите нема право да шпекулира со името и идентитетот на македонскиот народ, ниту пак да го присвојува.

(извор: Д. Ташковски, Раѓање на македонската нација, Скопје, 1966, стр. 82 – 86)

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top