Коментари

Барањата на македонските пратеници во османлискиот парламент

vasko-gicevski

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Младотурската револуција со мноштвото свои реформи, идеи за прогрес и напредок на државата, сплотување на државата под новата но сепак преопштата за дадената ситуација национална референца османлиски поданик, требаше да гарантира повторно зајакнување и просперитет на Османлиската Империја и мир помеѓу сите чинители на милетот. Но сепак општествените струења тоа не го дозволија па  предлозите и законите односно новитетите кои младотурците ги воведоа во државата не успеаа да одговорат на дадените барања.

Младотурската политика во однос на Македонија, македонското население воопшто не се промени, со еден исклучок што со донесувањето на уставот на 24 јули 1908 година македонското население од двете меѓусебно спротиставени партии Бугарските конституциони клубови и Народната федеративна партија  добија свои пратеници во османлискиот парламент. Пратениците беа: Димитар Влахов од Солун, Панчо Дорев од Битола и Христо Далчев од Сер,Тодор Павлов од Скопје итн. Во своите излагања во парламентот тие бараа пошироко автономија на Македонија, економска обнова како и подобрувања на социјалниот и економскиот живот во цела империја.

Особено зборуваат за негаторскиот однос на младотурците кон  месното население и последиците од донесувањето на Законот за четите со кој истите морале да се разоружаат и тоа предизвикало големиот број на четници поради силните репресии врз нив по разоружувањето да емиграат во Бугарија а исто така тие истапуваат со барања за враќање на македонското население кое емигрирало по 1903 година.

Во документот Такрир подаден от българските депутати: Далчев, Дорев, Павлов, Влахов и арм. Вахан Папасиян до Отоманския парламент се опишува очајната состојба на населението кое живеело во сиромаштија и беда малтретирано од големиот број осветнички напади од страна на фанатизираните турци и притискано на економски план од големиот број на доселеници мухаџири кои имале привилегии кај османлиските власти врз грбот на македонското население.

Подоцна во  документот со наслов: ”Димитър Влахов от Кукуш, Христо Далчев от Кукуш, Тодор Павлов от Скопие и Панчо Дорев от с. Пътеле (Леринско) – “Мемоар на българските депутати против поведението на Младотурския режим към българското население” поднесен во 1910 година од младотурските власти се побаруваат:

1.Да се даде општа амнестина на сите четници

2.Имотите неправилно и незаконски дадени на мухаџирите да му се вратат на безимотното население

3.Да се дозволи враќање на македонското население во својата татковина( за бегалците од 1903 година)

4 Да се спречат насилијата врз месното население во Солун и околината

5.Ревизија на предметите од Воениот суд

6.Строго казнување на чиновниците поради злоупотреби на службените должности

7.Осигурување на личната слобода на населението и живеалиштето

8.Да се спречи делувањето на денационализаторските кампањи во Македонија.

Со овие барања блгарските односно македонските депутати се застапувале пред османлискиот парламент (блгарски пратенци во суштина е називот за пратениците со православна веросиповест но под Егзархиска управа) бараат тотална ревизија и одново препоставување на младотурската власт поради недоследностите и нефукционалноста на истиот.

Во однос на предзнакот бугарски депутати дури и самите пратеници искажуваат своевиден револт  и подоцна во нивните спомени можеме да го сретнеме дека всушност се работе конкретно за македонски пратеници кои се застапувале за македонското население. Во прилог на ова одат и многубројните нивни искази и изјави од кои две  за крај ќе ги наведеме.

„Но во работата среде македонските Словени – егзархисти, револуционерните дејатели сретнаа голем отпор и силни пречки од страна на бугарската империјалистичка политика и нејзиниот орган бугарската Егзархија.

Но треба да се одбележи дека тие македонски Словени, кои го признаваа духовното ведомство на Егзархијата, се чувствуваа како одделен народ…Тие македонски Словени беа пројавиле во текот на целиот XIX век стремеж да ја развијат својата култура на говорниот јазик на македонскиот народ на разни дијалекти.

Многу од Македонците низ целиот XIX век, пред уште да биде образувана бугарската Егзархија и пред тие училишта да бидат раководени како последна инстанца од самата Егзархија, ги пишеа своите книги и преподаваа во училиштата на народниот македонски јазик.“

—Димитар Влахов, Мемоари, стр. 22

“Македонците се една интелегентна раса  на која балкансите народи и ги должат своите најголеми луѓе, со својот слободоумен дух, култура која не е подолу од онаа на соседите….”

-Панчо Дорев “За една автономна и независна Македонија за сите народности”петиција поднесена до конференцијата на мирот во Париз 1919 година

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top