Коментари

Денешните Македонци се вистински наследници на античките Македонци!

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Константинос Циулкас (Κωνσταντίνος Ι. Τσιούλκας) е грчки учител, филолог и писател од Егејска Македонија. Во 1907 година го издава речникот „Придонес кон двојазичноста на Македонците“, во кое го изнесува тврдењето дека над 4000 македонски зборови произлегуваат од древногрчкиот дориски дијалект. Со оваа теорија тој докажува дека денешните  Македонци се вистински наследници на античките Македонци.

Константинос Циулкас е роден во 1845 година во костурското село Горенци, во кое повеќето жители се Македонци. Се стекнува со основно образование во родното место, а потоа учи во гимназијата во Костур. По завршувањето на образованието учителствува во родното место.

Во периодот меѓу 1865 до 1887 година заедно со лекарот Јоанис Сомос го раководат грчкото национално движење во Костурско. Член на Неа Филики Етерија (Нова  Филики Етерија) формирана во 1867 година прво како Национален комитет. Како директор на грчкото училиште во родното село го одбива обидот да се воведе црковно-славјанскиот јазик во црковната служба. Во 1871 година, заедно со гркоманите од Костур, го протерува македонскиот преродбеник Георги Костадинов Динков, поради воведување на народниот јазик и употребата своите учебници во будителската дејност во костурскиот реон.

Во 1875 година добива стипендија и студира филологија на Универзитетот во Атина. Во 1879 година бил назначен за директор на битолската грчка гимназија, но, во 1889 година е отпуштен заради револуционерна дејност по што заминува и живее во Александрија.

Меѓутоа, Циулкас кој покрај грчкиот добро го познава македонскиот јазик, за да се спротивстави на бугарската пропаганда во Западна Македонија се користи со тезата дека македонските славјански дијалекти се поврзани пред се со древно грчкиот јазик, а не со бугарскиот  јазик. Во 1907 година во Атина издава речник „Придонес кон двојазичноста на Македонците преку споредба на славофонскиот македонски јазик со грчкиот“ со над 4.000 зборови од македонските дијалекти, кои според него потекнуваат од дорскиот древногрчки дијалект.

Циулкас, човекот од македонското село Горенци, образован на Универзитетот во Атина, на 350 страници се обиде да докаже дека славофонскиот македонски јазик не бил бугарски, туку антички дијалект. Фокусирајќи се на фонологијата, синтаксата или морфологијата на слафонскиот македонски јазик, тој докажува дека клучните елементи на македонската лексика не се од славјанско, туку од грчко античко потекло. За да докаже дека јазикот на македонските славофони е поблиску до античкиот грчки, отколку до новогрчкиот јазик, тој прави анализа на над 4.000 зборови. Тој открива и поткрепува дека македонскиот јазик содржи повеќе од над 1000 Хомерови концепти и од секој може да се произведе многу зборови. (Не случајно се врти тезата дека Хомеровата Илијада и Одисеја биле напишани на македонски јазик со македонско писмо).

Во заклучокот  на Циулка стои дека славофонскиот македонски јазик е автохтон и мајчин јазик на античките Македонци. Циулкас умира во 1915 година, но, неговата книга е реиздадена во 1991 година и останува неговата теорија со која тој докажува дека денешните Македонци се вистински наследници на античките Македонци.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top