Коментари

Македонија со крената глава чекори напред кон нови остварувања


Свекрва

На политичката сцена во земјата реално постојат две големи партии ВМРО ДПМНЕ  и СДСМ. Другите помали сателитски партии се само дел од декорот на политичката сцена, кои во зависност од развојот на политичката ситуација се приближуваат или одалечуваат од главните спротивставени страни.

Овие две најголеми партии колку и да се обременети со личните видувања на оние кои се во нив, пред се на нивните челници и луѓето околу нив пред се требаат да ги имаат во предвид очекувањата на граѓаните, зошто во оној момент кога ќе заборават на нив и кога ќе се посветат сами на себе и да се занимаваат сами со себе, тие ја изместуваат смислата на своето постоење и го отвараат патот на своето паѓање. Иако левоориентирана, СДСМ како партија тоа не го свати ни кога беше на власт, ниту сега кога е во опозиција.

Нејзините челници наместо да се занимаваат со потребите на граѓаните и да ги бранат националните (државните) интереси се занимаваа само за личните интереси. Тоа беше причината што ги изгубија изборите во 2006 година и што отогаш до денес во континуитет ги губат локалните, парламентарните и претседателските избори.

За разлика од нив, челниците на десноориентираната ВМРО ДПМНЕ, одамна ја прифатија концепцијата на одговорен политички субјект кој не се занимава сам со себе, туку е насочен кон јавноста. Односно да ги прифати критиките, да ги согледа проблемите со кои се соочуваат граѓаните во државата, да понуди решенија, да истрае во нивното спроведување, да биде одговорен и да ги штити националните (државните) интереси. Ваквата политика на ВМРО ДПМНЕ беше прифатена од граѓаните кои масовно и даваат подршка на редовните или предвремените избори одржани во периодот од 2006 до денес.

Во неможност да се освои власта опозицијата предводена од СДСМ, наместо да се преструктуира и како вистинска левица да биде коректор на актуелната власт, превзеде низа нелогични чекори кои не само што не се во интерес на граѓаните, туку и ги загрозуваат нивните и државните интереси. Тие ја воведоа земјата во политичка криза, која лесно можеше да се рефлектира и безбедноста на земјата. Истовремено нивните обиди преку дестабилизација на земјата да се влезе во власта, овозможија вмешување на меѓународната заедница, која историски гледано никогаш не му посакувала добро на македонскиот народ.

Причините за ваквото однесување на опозицијата предводена од СДСМ е недостаток на одговорност на лидерите, нивната неспособност или пак нивно заложништво на структури (надворешни и внатрешни) кои работат против интересите на македонскиот народ и држава, како на пример промена на името.

Континуитетот на настаните, таканаречените „бомби“ на лидерот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Кумановските настани на почетокот во мај годинава, кога вооружена криминално-терористичка група се судри со македонските безбедносните сили, како и договорот од Пржино, укажуваат на вмешаност од некои надворешни сили кои имаат за цел преку политичка и безбедносна криза да дојде до промена на власта, во која би влегла СДСМ за да се спроведе надворешна агенда против интересите на македонските граѓани.

Меѓутоа, народот тоа одамна го почуствува и масовно излезе на митинг во мај оваа година, давајќи целосна поддршка на премиерот Никола Груевски и актуелната влада, која чврсто застана во одбрана на суверенитетот и интегритетот на Македонија. Сепак под притисок на меѓународната заедница, беа направени одредени остапки по што дојде до повлекување на челните луѓе од безбедносните структури, како и договорот во Пржино.

Но, тоа незначи и беспомошност на владеачката партија, која делува дека игра под диктат на музиката од Брисел.

Македонското актуелно раководство најде начин, наместо да се измачува, со задоволство да ја слуша оваа музика и да ја исползува во своја и во корист на своите граѓани. Тоа е виртуозноста на политиката на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, која ја нема кај опозицијата.

Свесен дека ништо не му гарантира победа на изборите закажани во април, Заев сега се заканува и уценува со изборот на специјален обвинител, a преку Соросовата фондација и нивните скапо платени гласноговорници се обидува да влијае врз овој избор или да го спречи по секоја цена. Се обидува повторно да предизвика нова политичка дестабилизација, како единствен начин да дојде со неговата партија на власт.

На ваквото дејствување реагираше и Институтот Павел Шатев кој ја предупредува македонската јавност на агендата на Соросовата фондацијата која, како што велат „ откако го окупираше СДСМ, сега сака да го окупира целокупното македонско општество“. Според Институтот, „луѓе кои се скапо платени од страна на фондацијата Сорос очигледно имаат намера без избори и без никаков легитимитет од граѓаните да воспостават своја контрола врз целокупната држава. Очигледно успеаа во својата намера да завладеат со СДСМ, благодарение на слабото и корумпирано раководство на таа партија“.

Додека СДСМ, со обилна помош на Соросовите структури, чии луѓе сакаат да бодат експерти за се и во секоја каша да стават запршка, се обидува повторно да ја турнат земјата во политичка криза, дотогаш Никола Груевски и неговиот тим работат во полза на граѓаните. Тие во изминатите месеци го посетуваат секое место и гледаа на сите страни да им излезат во пресрет на населението. За таа цел дури беше одржан и Кординативен состанок на Владата, на кој министри, градоначалници, директори на јавни претпријатија, предмет по предмет разгледуваа за се види до каде е со реализација на барањата посочени од локалното население.

Така гласните врисоци на СДСМ и соросовите луѓе против власта буквално се губат пред фактите. Еден од нив е и извештајот на Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ), кој покажа работи за кои што опозицијата долго време правеше една лажна слика помеѓу граѓаните. Според овој извештај Македонија е помеѓу 5-те најниско задолжени земји во Европа, а тој потврдува дека задолжувањата  се правени за крупно капитални инфраструктурни проекти како што се патишта, железници, енергетски проекти, болници.

Впрочем, со овој извештај се негираат сите досегашни обвинувања кон Владата дека, таа ја презадолжила земјата, дека наскоро ќе има крах, дека долгот е екстремно висок како и дека Владата создава привидна слика дека државата има низок долг. Исто така, во извештајот сериозно се потенцираат странските инвестиции кои ќе отворат нови 30.000 работни места, со што се потврдува успешноста на владините политики. Всушност, извештајот на ММФ само ја отсликува реалноста на работење на Владата на Никола Груевски.

И додека СДСМ продолжува да ги игнорира потребите на македонските граѓани и продолжува со својата стара песна која како партија ги носи кон понорот, ВМРО ДПМНЕ на чело со лидерот Никола Груевски успешно ги реализира проектите и Македонија со крената глава чекори напред кон нови остварувања.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Што Христијан Мицкоски однесе во САД

“Што ќе однесеш, тоа ќе донесеш.“ – вели една старобиблиска мудрост со силна порака и поука што важи за секого. Самиот Христијан Мицкоски посебно, а и комплетниот состав на делегацијата, делуваа во духот на желбите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, да бидеме полноправен актер во меѓународно политичко-стратешка ориентација, но без отстапки штетни по националните интереси за МАКЕДОНИЈА. […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

To top