Коментари

Балканот и пред 100 години беше маршрута на бегалците

aleksandar-dzepovski

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Западот и Америте не можат да живеат без репризи на нивните мизерни финти со апокалиптичен крај. Креираат кризи и војни, па после глумат како Цацко да ги тераше и на крај дај да ве спасиме и помогнеме од сите неприлики и на крај ќе ви наплатат дебело за тоа.

Главна улога како и пред 100 години се бегалците, така јубилејно и трогателно.

Па кога овој мизерен свет ќе се освести од истите филмови и актери, режисери и “текстописци”? Балканот и пред 100 години беше маршрутата на бегалците, сега повторно истата песна, само каскадерите се од Блискиот или Далечен Исток, сеедно… До кога?

Сега овие бегалци мора да бидат наменски, за крајна употреба, да ја докрајчат и да ја држат Европа покорна, а Америка да се надева дека на тој начин ќе егзистира, преку нив да направи војна од нуклеарен карактер и да се спаси од долгот што треба да го плати кон Кинезите.

Да се разбереме, бегалци муслимани во Европа и нудење на саудискиот крал финансии за 200 џамии да се изградат во Германија во чест на бегалците што им ги тутнаа, значи игра на големи нерви.

Со затворањето на границите во Германија, Австрија, Унгарија и другите, се наметнува прашање колку е тоа лошо за Македонија? Една добра работа направи Западот што ја осиромашуваше Македонија последниве сто и кусур години, што овие сега не би седеле во Македонија, затоа што им треба германскиот стандард и лесноумните Европејци од кои ќе живеат на нивни грб.

Дали треба да бидеме генијалци за видиме дека, бегалците, Специјален Обвинител во Македонија, пет претседатели т.е. премиери во Австралија сменети за последниве пет години, како и слични егзебиции низ светот… Сето ова е масло на онаа страна од барата западно од кај Вас и источно од кај нас?

Па после се чудат и лутат Јенките зошто е Путин толку популарен и сите погледи се свртени кон Русија и Кина? Претераа ептен.

Од Марксизмот како предмет што го учев во Гимназија, никогаш нема да ги заборавам зборовите на Маркс дека капитализмот ќе пропадне од капиталисти индивудуалци кои ненаситеноста кон профитот и богатсвото ќе ги уништи засекогаш. Разликата во платите се десетици милиони наспрема дваесет-триесет илјади. Тоа се причините за појава на бегалци и војни.

Трпение – спасение рекле старите. Ќе им дојде крајот наскоро на јавачите на апокалипсата.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top