Коментари

Дијаспората е дел од семејството Македонија

umd

umd

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), најголемата организација во светот на Македонците надвор од Македонија, со загриженост ги следи активностите и ставовите на главните политички партии во Република Македонија, на некои невладини организации и јавни личности, кои го нарушуваат демократскиот капацитет на државата.

Во последните недели, 4-те најголеми политички партии во Република Македонија нелегитимно преговараат зад затворени врати на теми изборен законик и правото на глас на македонските граѓани надвор од Републиката и бројот на пратеници во Собранието.

Дијаспората е значаен засебен фактор во македонското општество и тој не смее да биде маргинализиран или припоен по било која основа. Гласот на дијаспората како ентитет по ова прашање не смее да биде занемарен и игнориран.

Без македонците од дијаспората, Македонија како држава нема да има темелен просперитет. Историски гледано, дијаспората има значителен придонес за меѓународниот углед и економскиот развој на државата. ОМД е со цврст став дека секој политички лидер, пратеник и политичка партија која го игнорира и занемарува интересот на Македонецот од дијаспората, не делува политички во интерес на Македонија како држава, туку теснопартиски. Сигурни сме, поучени од искуството во државите во кои твориме и делуваме, дека таквите лидери ќе имаат кратко политичко делување и влијание и немаат долгорочна политичка иднина.

Дијаспората е дел од семејството кое се вика Македонија. Совеста, припадноста кон нацијата и патриотизмост во ништо не се помали од Македонците кои живеат во матичната држава.

Демократскиот глас е без цена во валута и не може да се измери аритметички. Наместо да се одредуваат математички квоти за кредибилитетот на изборниот глас, политичките партии треба да работат на елиминирање на објективните пречки кои го оневозможуваат граѓанинот каде и да е да го даде својот глас за својата иднина и иднината на Републиката. ОМД сериозно ги повикува партиите и пратениците во Собранието да го разгледаат искуството на Холандија и Естонија по ова прашање.

Денешната модерна технологија овозможува низа алатки кои можат да допринесат за транспарентност и кредибилност преку електронско гласање. Пратениците во Собранието, и пратеничките групи, а не политичките партиски лидери и неколкумина околу нив, кои делуваат под менторство и влијание на меѓународно посредништво кое го доведува во прашање независниот статус на државата, треба да одлучат кој изборен модел ќе се употреби. Секој сериозен одговорен политички субјект кој и мисли добро на државата и се залага за развој на демократија треба да се залага за современ изборен модел. Најавите за укинување на гласот на граѓаните кој живеат надвор од Републиката не се државнички интерес и одразува политичка незрелост.

Македонскиот граѓанин во странство се залага за афирмација на матичната држава, за економски напредок, за силен демократски политички амбиент, силни владини институции базирани на владеење на правото, модерно образование, здравство, слободни медиуми, меѓусебно почитување, мир, соживот и толеранција. Дијаспората е дел од Македонското семејство и како таква активно ќе делува за добробит на матичната држава и ентитет.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top