Коментари

ЕЈ, ЕВРОПО, ЕВРОПО, БЛУДНИЦЕ ВАВИЛОНСКА…

todor

Лицемерие: ЕУ ја осуди руската воена интервенција во Сирија

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија на состанокот во Луксембург одржан на 12 октомври 2015 година, ја осудија руската воздушна воена интервенција во Сирија.

Во точката 10 од Заклучоците на Европскиот совет за Сирија, се вели:

“10. Неодамнешните руски воени напади (во Сирија) кои покрај врз ИСИС и други терористички групи, се вршат и врз умерената опозиција, предизвикуваат длабока загриженост, мора да запрат веднаш. Истовремено мора да запрат руските повреди врз суверенитетот на воздушниот простор на соседните земји.

Оваа воена ескалација ризикува пролонгирање на конфликтот, поткопување на политичкиот процес, влошување на хуманитарната ситуација и зголемување на радикализмот. Наша цел треба да биде деескалација на конфликтот. ЕУ ја повикува Русија да ги фокусира своите напори на заедничката цел за постигнување на политичко решение на конфликтот. Во оваа смисла, ја повикуваме Русија да изврши притисок за намалување на насилството и имплементација на мерките за градење доверба од страна на сирискиот режим во согласност со одредбите од Резолуцијата 2139 на ОН.”

Фати им го крајот на европските лицемери. И така ќе биде, се’ додека евро-бирократијата во Брисел и Стразбур е сервилна на профитните интереси на мултинационалните корпорации, отуѓена од интересите на обичните граѓани…

И не може а да не се присетиме на Првата Светска Војна 1914-1918 година. Линијата на Македонскиот фронт, еден од најжестоките фронтови од Првата Светска Војна, минувала токму низ подрачјата каде што живеат етничките Македонци. Ужасите со кои се соочувале Македонците помеѓу бројни туѓи војски тешко може да се замислат. Историјата бележи малтретирање, крадење, конфискација, глад, бомбардирање, колежи, силувања, сите ужаси што отсекогаш ги придружувале војските и војните. Песната “Од врв Пирин планина” на македонскиот поет Трајко Китанчев е прифатена како народна песна и е најдобар паметник за ужасите со коишто биле соочени Македонците за време на Првата Светска Војна: “Од врв Пирин планина очаен глас се слуша, Македонија плачит. Проклета и триклета да бидиш, ти, Европо, блуднице вавилонска. Французи, Англичани, Италјанци и Немци, сакаат да сме под ропство. Од рода сум славјанка, земја со злато полна, зато` завижџет толку.”

Оваа песна совршено ја опишува и актуелната политика на ЕУ за толерирање на грчкиот шовинизам и наци-фашизам и на бугарските империјалистички апетити кон Македонија, а претставени како грижа за нејзината евро-атлантска интеграција. На Версајскиот “мир” со кој е завршена Првата светска војна, само се потврдени заклучоците од Букурешкиот договор: Македонија останува поделена, а Македонците им се препуштени на геноцидните политики на балканските држави до денес…

Но, оваа песна совршено ја опишува и актуелната политика на Европската Унија и кон војната во Сирија и кон сите војни во светот…

Еј Европо, Европо, блудинце Вавилонска…

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top