Коментари

Едно гајле помалце

aleksandar-dzepovski

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Катица падна во стапица порано него што очекував(ме). Како се издаваат измеќарите ? Преку парите. 

Одма, ни едно ни две … него давај милиони, замислете евра и тоа годишно. На времето Елиот Нес тргна сам со пушка,  одбра неколку најдобри и најхрабри полицајци и без да праша за пари тргна против цела корумпирана Америка и мафија на чело со Ал Капоне. А Катица не може да мрдне без милиони евра. Од анонимка до голема ѕверка на која не смее никој да и се приближел. 

Кога им пренесовме на Австралските обвинители колку побара Катица, па плус и колку други обвинители околу неа и триесетина бодигардови, тие ќе паднеа во несвест и рекоа за 20 % од тоа што бара Катица, тие со задоволство би дошле на печалба во Македонија. 

А што треба пуста Катица да направи? Да го повика Заев и да го праша од каде му се лентите. Да го снима на камера и после да му покаже јавно како лаже. Ама пустото кога се од иста банда што треба да ја осакатува Македонија под покровителство на Запад и Америка, се паѓа во вода. 

Проблемот е што Рада, Али, Бучко, Бране и компанија крадеа, добиваа провизии како една на пример до Унгарскиот Телеком и гледај чудо, влакно не им фали. Но ако Груевски или Мијалков по грешка и само 10 евра ненамерно не пријават, Американците ќе влезат во Собрание со Албанците и ќе им наредат тие да владеат со Македонија. 

Исто така пожелно е Катица да дознае како Заев помпезно како “Председател” замина за Израел.

Дали поради издавање на тајни во “прислушкувани” разговори каде бламираше се живо и диво,  па дури и Израелците … или пак го повикаа за да му ги истегнат ушите како опомена пред неговата апокалипса, ќе покаже времето. 

Едно е сигурно : Тешко нас од копитари кои опинците ги заменија со чевли. За пусти евра и родена мајка ја ставаат на улица да се продава. Таа несреќа е во Македонија и единствен спас е Путин решително да оди до крај и Кинезите овој месец како што реков порано да си ги бараат парите од Америте што им ги должат. 

Каде ќе бегаат овие недокваканиве од СДСМ и кого ќе обвини Катица? Тоа може многу, многу бргу да дојде и да падне во вода Западот и “демократијата” пуста. Нели демократија беше грчки збор ? Па тие пусти Грци рикнаа, ги нема никаде некако во последно време. Ако им е спасот и последната надеж во Катица, тешко нив.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top