Коментари

Европа не може да живее без Балканот, но Балканот може да живее и тоа господски без Европа

aleksandar-dzepovski

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Оној мрднатиот Белгијанец, кој не гледа дека повеќе од пола Белгија е населена со екстремни муслимани и веќе изгубена, ќе ни прети и држи лекции. А ние пак или сме помрднати или без два грама мозок, па му дозвулуваме нему и таквите како нему да ни претат. За што и по која цена и која е таа убавина ? Да ми простите на зборот … ама една помочана препорака !?!? 

Пази мајката – препорака. Бараат триста чуда и леб преку погача и уште 100 години нема да не примат, ете 25 поминаа. Целата среќа е што Европа се распаѓа и ако некој тоа не може да го гледа, ќе му треба десет најдобри психијатри.  

ЕВРОПА НЕ МОЖЕ ДА ЖИВЕЕ БЕЗ БАЛКАНОТ, НО БАЛКАНОТ МОЖЕ ДА ЖИВЕЕ И ТОА ГОСПОДСКИ БЕЗ ЕВРОПА. Затоа Европа со Америка измислија држави и историја на тие држави како Грција, Бугарија, Србија, Албанија од причина што Балканскиот полуостров се викаше Македонски Полуостров и никогаш за ништо не кубурел. 

Претат дека ќе сме биле изолирани како Белорусија. Да ги чуе Господ. Па таа Белорусија има само 5 % невработеност, просекот на плата е 500 евра, не должи на мафијашката ММФ и никој не се пожалил од нешто таму. Па имаа шанса Европјаните да ако ништо друго, барен да не окупираат слатко со сите удобства и со добар стандард како што им даваа на Грците, па ќе речевме ајде, заборави патриотизам, гледај си го џебот. А вака, ништо освен мизерија и страдање со големи уцени и помочани препораки кои нема да се остварат … за тоа ли Заев и СДСМ се борат или 20 – 30 членови на СДСМ полни џебови, а другото бриго моја прејди на друг ? 

Под хитно да се прекинат сите провокатори, преговарачи, олеснувачи и преговори со Европа која ќе прохопса. Белорусија е пример дека е 10 пати подобро од Европа, а уште поубав пример е Русија, која докажа кој е газда и главен во моментов како светска сила. Она што го нуди Европа и Америка е како некоја жена да му рече на маж… оди работи за мене давај ми 90 % од платата твоја и еден ден ќе спиеш со мене. А тој ден еве и после 25 години не е дојден. Тоа ни прави блудницата Европа, а ние сме тие будалите што трпиме, се лажеме и се уште не сме ги оретале во… едно ” убаво ” место.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top