Коментари

Теократија, а никако Демократија во Македонските цркви во Австралија

Dzeposki

DzeposkiАлександар Џеповски

Па до кога ќе си тераме инат и ќе се правиме попаметни од сите, или на Тошо? Ова со црквите во Австралија се претера.

Званично лице како Владика, Поглавар па и поп… едноставно на некој Јанко, Петко или Станко може да не му се допадне и ете ти проблем.

Зошто овие обични мирјани, поради подарена паричка која треба да биде наменета кон Бога, се занесуваат до тој степен што мислат дека имаат историска или ” световна ” мисија тие да влезат како ( не дај Боже ) спасители и да делат лекции кон сите, МПЦ а воедно и на Господ ?

Тоа се случувало порано како и сега во Донибрук Манастирот во Мелбурн. Кратка историја за ова… неколку медиуми се најдоа во одбрана на Отец Гаврил, монах кој како и сите добро ги знае трите заклетви на кои неотповикливо мора да се придржува кои ги има дадено кон Владиката и МПЦ.

Неговиот грев е што голем дел од времето го поминувал по одгледување на шарпланинците, птици и висење на интернет. Исто така намерно или ненамерно, некој од верниците го предложил за нов Владика по објава на конкурс од другата страна, која копа ли копа по МПЦ сите овие години. Не се спорни неговите квалитети, добрина и секојдневни молитви.

На приложената фотографија, горе лево на ќошот е Ден Дончев, политичар кој е познат по тоа што сакаше да го сруши имиџот на Груевски и ВМРО ДПМНЕ по наредба на Заев и опозицијата. Некои велат дека е од протестанска религија, некои не… тој си знае најдобро и од едниот медиум замешан во оваа игра, добив информации дека двете деца ги крстел кај Отец Гаврил и редовно доаѓал на служби. Колку и дали е замешан тој, ќе покаже времето, ние никого не судиме и се оградуваме од такво нешто.

Во сето ова, јас лично го гледам проблемот на мој начин. Преку глава ми е мене и на сите од вака загрижени цивили, кои колку и да се добронамерни, по диригенство на ѓаволот, не се свесни дека ги тргнуваат основните начела и закони на Бога – ТЕОКРАТИЈА во име на уличарската и Амриканско – ѓаволска филијала – ДЕМОКРАТИЈАТА, преку која добиваме педофилија, сериски убиства, истополни бракови, братоубиствени војни и што ти не. Имавме случај во Сиднеј, кога поп ( сега расчинет ) ја користеше хипнозата ( која ја изучи како предмет на Теолошкиот Факултет ) како средство за сексуална злоупотреба на жените, наместо за смирувачки тензии доколку дојдат во црквата или за време на литургии. Овој човек сите мажи му веруваа и го сакаа и коси корнеа по него кога беше отсранет. Па народот како народ… Владиката бил крив. Бог да чува.

Затоа наши Македонци, една молба до сите Вас. Прекинете да изгравате закон и сила и да му се мешате на Бога. Тој ве гледа и се чуди колку лесно ѓаволот ве има под контрола.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top