Коментари

Владиката Петар посилен од звучниците на џамиите и од сите домашни изроди

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Овие денови Владиката Петар јасно, гласно и сосем Македонски се спротистави на “поплаките” за литургиите во недела што одат преку звучници во центарот на Битола.

Тој врати со реторика – А дали ви сметаат звучниците од џамијата? Кога тие ќе престанат и ние ќе престанеме. Не заборавајте дека изминативе години Владиката Петар беше критикуван и од ИЗ како наводно гради многу цркви во неговата Епархија и се бунеа за градба на нова црква во Битола. Тогаш тој им одговори дека џамиите нивни се градени врз цркви и ќе треба да се срушат па да одат на друго место да градат. 

Колку од Вас знаат дека Владиката Петар е пред се голем Македонец?

На времето во Југославија, многумина од МПЦ се чуствуваа како Југословени. Само Петар се изјаснуваше како Македонец и имаше големи проблеми. УДБА нареди на тогашниот Поглавар, мислам беше Гаврил (корегирајте ме ако сум погрешил) … да го разреши Петар од функцијата Владика. Поглаварот од голем притисок и под дејство на таблети, сам ја  испечати оваа “одлука”. Но тоа не беше валидно поради фактот што таква одлука ја донесуваат на собир сите Владици со Поглаварот. После тоа се смирија страстите и одлуката немаше никава важност. 

Но оваа сага, како и Нишкиот договор е оружје на домашните Јуди, како и приватните црквени компаниски лидери во Австралија, да го девалвираат Владиката Петар. За Нишкиот договор мора да спомнеме дека ова беше работен договор со записник, на кој се забележуваше секој предлог, идеја и слободна мисла како да се надмине проблемот со СПЦ поради големите ораторски способни на тогашниот Српски Поглавар Павле, кој од црното правеше бело и на крај ќе ги “убедеше” сите дека тој не рекол ништо а сите други го рекле тоа и направиле. Петар секогаш на Павле и на СПЦ им велел во очи дека МПЦ е мајка на СПЦ и има големи докази кои ги чува на сигурно место. 

Мисијата на Петар е голема и како посредник помеѓу народот и Господ. Знае да биде милостив, но и цврст и непоколеблив со изродите кои се против МПЦ и Македонскиот народ. Не им попушта ни милиметар на самобендисаните Директори во Македонските храмови во Австралија. Иако пробува пет пати да ја регистрира МПЦ во Парламентот и Владата на Австралија, домашните Јуди заедно со Панмакедоники ја спречуваат оваа историска можност со оправдување дека МПЦ е странска институција од непостоечка нација и народ. А истите се внатре како компаниски приватни Директори кои заработуваат плати и продаваат црковни земјишта и објекти баш преку МПЦ, притоа не давајќи ни еден долар разрез поради користење на името МПЦ. Инаку Петар изгради 6  нови цркви и 3 манастири со вредност од  преку 200 милиони долари, додека другата страна продаде црквени земјиста во Бризбен и Мелбурн, старечки дом во Рути Хил, градинка и 6 станови од Св Петка Рокдаил… во вредност од преку 30 милиони долари. 

Сега вие бидете судии кој е Владиката Петар и дали е во право. Ова со звучниците е како играчка во однос на другите предизвици. Да живее МПЦ-ОА, Македонија и нашиот Владика Петар и се разбира сите Македонци низ целиот свет каде и да се. А ние ќе се молиме и за другите, господ да им даде памет и да им ги прости гревовите и погрешните мисли и дела.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top