Коментари

Некои прашања… кои заслужуваат одговори

petre-krivcevski

petre-krivcevski
Петре Кривчевски

Насила територијална етничка поделба, бенч маркови џабе исполнети, знаме устав и име променети, малцинства откажани, нов удар врз името но и идентитетот, политички и секакви зако(а)ни од разно-разни белосветски пробисвети, па ОНА, АНА, Арачиново, Куманово… нели е тоа силувана демократија и решето сторена држава?

Кој мајчин син и според кое право бара и тера промена на името на држава поради област или провинција?

Има ли намус и огледало јадач на живи луѓе да зборува за човекови права а  партиски аболиран за партизирано судство?

Не е ли лицемерие да се декларираш за борец на „црна“ средна класа а „Бело Море“ под јахта или прозор на вилата да ти „таласа“?

Ако на избори наред губиш деветпати кој е виновникот: прејак ти е противникот, ти си преслаб или греши народот кој е „неписмен“ и „стадо“ а… сепак е во право?

Што мајка бара или што мака го навјаса газда на фабрики и илјади вработени, плус „татко“ на општина ем и „папа“ на партија пешки крле-врле да шпарта граница?

Каков профа е тој и кое право пре(о)дава кога додека министерува автомобилот на претседателот во воздух му се дигнува а него ни влакно не му недостасува плус и со нова позиција се наградува?

Фер ли е едни да добиваат власт од народ на избори а други од надвор од спонзори?

Кому и колку ли е сладок тој „бомбона бизнис“ со кој монопол се дарува а народ до коска одерува?

Парите на позицијата ги гледаме и во споменици но и во градби (згради, школи, сали, патишта…), а каде испарија на опозицијата кога тие беа власт?

Личи ли ти задникот да си го сместиш во на претседателот столот или на бирото а потоа да кукаш ем плукаш дека ти го покажале излезот?

Погрешно ли е опозиција да се поистоветува и римува со фри шопови и приватизација а позиција со роуд шоуа и инвестиција, и кој тоа таму паламуди дека некој Робин Худ, Дедо Мраз, Црвен Крст, Месечина… во една земја ќе инвестира од тоа што се солидаризира а не за да профитира?

Здрави ли се тие што кукаат по здравјето на здравството а една „инјекција“ не му ставија кога тие го лечеа?

Ако неколку жигосани медиуми (од кои само еден весник!) се прогласени за нечии политички непријатели не е ли тоа признание дека сите останати им се пријатели?

Ќе бидеме ли начисто: кој е овластен а кој повластен, Советот или „специјалката“?

Да ги запрашаме сините кои што детонираат еднострани бомби и кинат зелени а иронизираат за жолти комбиња, се спремаат ли одново да црвенеат и по ентипат цимолат априлили вечерта на 24-ти и што ако и наредните избори (па и тие поними…) тој што ќе загуби ги оспори – пак ли технички, специјалки – до кога дрндупки?

Резултатите од анкетите и ултиматумите на опозиционерите, кои хронично бараат избори а молат бога да не ги најдат, не ли навестуваат и трасираат патеки за бришка одними?

Го чувме признанието на Оливера за „бомбата“ со Радмила за „криминалот на сељакот од Муртино“ ем начувме за барањата на Ѓеро од соросовите претставници за зголемени донации за неговите медиуми или барем кешот од 5.000 евриќи. Тоа ли се сите, само 2 (ах да 3, плус снимката за ќерката на Заев) од околу 600.000 прислушкувани разговори „на опозицијата“ и може ли народот реално да суди на избори со полувистини и еднострани „бомби“ па ќе ги добие ли барем специјалната сите нив, оти вака излезе опозицијата била прислушкувана а само власта (о)стана бомбардирана?

Зоране бре алтане, што според тебе беа предизвикувачите на крвопролевањата во Куманово: терористи, криминалци или пак и јунаци кои заслужено беа погребани со национални знамиња, ќе се доизјаснеш еднаш или ќе шараш „секому според потребите“?

И за крај: преставуала, преставува и ќе преставуа ли Македонија една национална целина – како што прашува Крсте Мисирков, или мајката и е федерализација – како што пишува Бранко Ѓероски?

П.С. По толку прашања и само една констатација: политиките на Заев и другарите конечно даваат резултати – магла на сите страни, уште само фали ветер и… ете ви ја „вистината за Македонија“!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top