Коментари

Лицето на Груевски

male
Софре

„Со кое лице Груевски се појави на прославата на Националниот празник на турците во Македонија?“

Сигурно Аднан Ќахил, како претседател на Партијата на движење на турците немаше да постави вакво илузорно прашање, доколку беше сѐ уште Министер во актуелната влада.

Додека беше, иако лично со ништо не придонесе за унапредување на статусот на турското малцинство во Македонија, немаше вакви илузорни прашања. Веројатно не би имал ниту сега, доколку во неделата не му беше укажано, инструирано од Стево Пендаровски во еден хотел во Скопје.

Замислсете, ова е Партијата чијшто собраниски експонент Енес Ибрахим, навреди своја колешка пратеничка од редовите на партијата која ја предводи Груевски. Без око да му трепне даваше етнички квалификации и со тоа директно навредувајќи своја колешка Македонка.

„Со кое лице Груевски се појави на прославата на Националниот празник на турците во Македонија?“

Со лицето на унапредени односи со Република Турција, какви што не се воочени во периодот пред неговото доаѓање на Премиерската позиција.

Со велелепна зграда на НОВ Турски театар.

Со отворање на Културни центри – на Македонија во Истанбул, на Турција во Скопје.

Со целосно реставрирана куќа во Коџаџик на таткото на основачот на современата турска држава, Мустафа Кемал Ататрурк.

Со отворање на вратите за бројни турски инвеститори во Македонија.

Со отворање на вратите за турски студенти во Македонија.

Со (за прв пат во современата историја на двете држави) соработка во областа на катастарот и државните архиви на двете земји.

Лицето со кое Груевски се појави на прославата на Националниот празник на турците во Македонија е она во кое може да видите остварени дела за секој припадник на секоја етничка заедница во Македонија.

Кое е лицето на Аднан Ќахил?

Софре

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top