Коментари

СДСМ вака ниско никогаш не загазила

mane jakovleski 1

mane jakovleski 1
Мане Јаковлески

Од осамостојувањето на Македонија, никогаш земјата не газела така цврсто и не одела така со крупни чекори напред, како што тоа се прави во последно време под раководство на владеачката партија ВМРО ДПМНЕ.

Се градат патишта, железници, болници, фабрики, спортски објекти, се реновираат училишта и градинки, паѓа невработеноста, се овозможува поволни кредити за куќи и станови за млади брачни парови, растат пензии и плати. Сепак, нешто недостасува. Не е се мед и млеко.

Опозицијата предводена од СДСМ продолжува да ја држи земјата во заложништво со креираната политичка криза. Ја нема она стара „добра социјалдемократска партија“ од времето на Бранко Црвенковски, кога народот знаеше што може да очекува од црвената елита. Затварање на фабрики, технолошки вишок, откази, сиромаштија, кратење на пензии и плати, продажба на државјанства, пасоши, територија, име, знаме и сл., беше нивниот заштитен знак.

Сега некои нови дечишта, некои нови социјалдемократски мангупи, континуирано продуцираат афера по афера. Си играат сакам неќам избори. Народот не само што не може да ги препознае, туку не ни може во нивната конфузност и противречност да ги разбере што сакаат. Но, сепак тој чуствува дека позади целата гласност на т.н. „бомби“ и исконструирани афери, дека позади сите навреди кои се упатени кон него, кон обичниот граѓанин, новинарите и бранителите, дека позади клеветењето и шурувањето со странците, СДСМ со своите надворешни поддржувачи подготвува нешто лошо за Македонија, а тоа не им се допаѓа.

Тоа го покажа и последната анкета на една од најреномираните агенции „Брима Галуп“, според која ВМРО ДПМНЕ е со двојна предност пред СДСМ. Оваа анкета кажува дека мнозинството од народот вели не на валканата социјалдемократска политика. Едноставно мнозинството Македонци не сака да се врати на дното, каде еднаш беше втурнато од СДСМ, не сака некој како нив во нивно име да тргува со името на земјата, идентитет и т.н.

Навистина се чудни потезите кои ги прави опозицијата предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Чудни се обвинувањата кон сопствениот народ, но уште почудни се и дружбите на челници на опозицијата со криминални структури и други лица кои не и посакуваат добро на земјата. Всушност СДСМ го потценува сопствениот народ, кој внимателно следи се што се случува на политиката сцена.

Сеуште се свежи сликите на челникот на опозицијата со поддржувачите на вооружената група во Куманово која планираше терористички напади и која во вооружена пресметка уби осумина припадници на безбедносите сили на Македонија. Се појавија и слики на високи функционери на СДСМ со лица од подземјето кои се вмешани во најновата афера со лажни лигитимации.

Неодамна од страна на техничкиот министер за внатрешни работи на СДСМ беше тримфално најавена истрага за фалсификувани лични карти кои наводно биле употребувани за време на изборите. Меѓутоа, на барања ОЈО, во полициската истражна постапка, се покажа дека тие не биле употребени во изборниот процес. Но, затоа пак во истрагата била откриена тајна работилница за изработка на фалсификувани лични карти и пасоши, пластични обрасци, фолии за пластифицирање, заштитни елеци и др., а исто така беа приведени и три лица. Токму првоосомничениот, како што пренесуваат медиумите од извори на истрагата, бил дел од структурите на СДСМ и мошне близок со социјалдемократскиот технички министер во МВР.

Молчењето на социјалдемократите и техничкиот министер во МВР, кој истовремено е генерален секретар на партијата, наведува дека раководството на СДСМ имало намера да печати фалсификувани лични карти и пасоши за кои би ја обвинила владеачката ВМРО ДПМНЕ дека сака или ги лажирала изборите и со тоа да го намали рејтингот на владеачката партија, а истовремено да ги искористи за свои потреби.

Исто така, информациите говорат дека опозицијата била спремна за спроведување на операција за смалување на рејтингот на владеачката партија некаде пред избори, преку објавување на фалсификувани бугарски пасоши на кои стоеле имињата на високи државни функционери, како и прикажување на фалсификувани банкарски сметки со кои истите би се обвиниле преку медиумите дека од Македонија се изнесуваат големи суми на сметки во Швајцарија. Не е првпат, од осамостојувањето до денес, СДСМ да биде обвинета за лажирање на изборите.

СДСМ вака ниско никогаш не загазила.

Презирот кој го чуствуваше македонскиот народ кон нив и кој повеќе пати е искажан на редовни или предвремени парламентарни, претседателски и локални избори, сега е уште поголем.

Па се поставува прашањето зошто тоа го прават, зошто одат против народот, зошто дозволуваат да паднат толку ниско.

Личните интереси на челниците и обрските кон надворешните партнери можат да бидат дел од одговорот. Така да откако со договорот во Пржино станаа дел од власта, одржување на тензиите и овозможува на СДСМ да калкулира со тајмингот за одржување на изборите кои инаку се закажани за април идната година. Но, одредени индиции укажуваат дека во согласност со нивните подржувачи, треба да останат во власта и да бидат слабата алка во системот се до моментот кога треба конечно да се решааваат клучните прашања како што е името.

Меѓутоа, надворешниот фактор заборава дека за клучното прашање не одлучува ниту една партија, ниту сите собрани политички чинители во власта, туку народот. А кога ќе дојде време, македонскиот народ ќе знае и на кого да му го довери мандатот, но и како да го зачува своето име доколку се случи нешто непредвидено. Не смее никој да го потцени македонскиот народ.

Го живееме времето на остварување на македонскиот сон, време за светлина, време на новата Македонска ера. Ќе опстоиме и ќе победиме само ако веруваме во бога и во себе, само ако бидеме единствени и непоколебливи. Господ е со нас Македонците!

Да е вечна Македонија, земја Библијска на Филип, таткото на Александар Македонски!

Амин!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top