Коментари

КАТИЦА ЗА СВЕТИЦА

Петре Кривчевски

По сценарио и режија на Зоран & Зоран а со амин на специјалната Катица, политичкиот воајеризам и циркус под шаторот на „нашите пријатели однадвор“ – продолжува. Без политички програми и намери со дела да се наметни, канибалот со свиткана кичма како слеп за стап се фатил за снимките кои, најверојатно, и дебело ги платил. Уф, пардон, тоа ние сме глув(п)и и идиоти – му ги дале патриоти. Откога уцената на премиерот не му успеа, ем падот на владата за три дена по првите „бомби“, а анкетите ИРИ-тираат одново до ниво на лудило, на кметот од Струмица му остана последната сламка, Света Катица. Со нејзина помош и опструкција договорот за избори во април да не се испочитува, оти сметката за поразот кај од народот туку и од сопартијците одново ќе се испорачува. Отчет ќе се бара!

Прекршениот устав и воспоставениот паралелизам сами посебе го дефинираат овој правен преседан кој и за обичното, лаичко око е видлив и препознатлив дека се претвора во домино ефект и ја отвора Катицината кутија која што практично  го прави уставот решето. Така што сега веќе секој си зема за право (и со право!) да бара изземање на ЈО и пренесување надлежноста на СЈО. А, по истата таа логика, било кој незадовлен пак од СЈО може да побара ССЈО (Супер Специјално Јавно Обвинителство). Незадоволните од него ЕССЈО (Ептен Супер Специјално Јавно Обвинителство), па Марсовско и ете ви го интергалактичкото моронство во овој класичен политички рекет на црпнатиот од Муртино, кој аздисан по функцијата тера ну-та-ну по принципот целта ги оправдува средствата. Кој устав, кому програми, зошто избори, кој народ кои црни камења. Тој си ја пикирал првата фотелја на „Илинденска“ и тука нема ама, зошто, како, со кои средства и колку жртви. Ех зајко-кокорајко да си ги јадеш ушите начурлени како антени на сите четири страни а највеќе на југ кон Атина и на север кон Брисел, со петарди лав не се тера а камо ли и тепа. Троа галама паф-пуф и – толку. А сетне – бришка!

Значи тоа е тоа, „бомбите“ не им ги дадоа резултатите па останува надежта во Катица – првата, права и единствена светица од „Бихаќка“. Само кога наскоро ќе увидат дека и со неа и со „шатор“, но без волјата на народот премиер не се станува, нека бараат друго чаре. Бајачка! Да им забае од уплав од народот и против изборни уроци та белким, најсетне, тоа ќе им помогне. Оти вака, како до сега, баењето со умот не што не им помогна туку и ги дошашардиса па не можат да увидат и осознаат дека со лага ага не се бидува. Не барем во плурализам и демократија.

Туку, еве, кој не верува дека Катица заслужува за светица и повеќе и пред Мајка Тереза, нека ми прости што ја спомнувам, нека се обрати во грчката амбасада или во нивната престолнина Атина, ризницата на богови. Или, пак, ако за тоа нема време и пари нека ги гледа пресовите на специјалката од  Гевгелија од која, глеј чудо, се очекуваат чуда а ваму нема ниту кафекуварка и се ќе им се разјасни. Ете, гледате, без кафе ленти да преслушува – не е ли тоа натчовечка работа за Катица, на која баба Јустиција може само вода да и носи (за, кафе) а Мајка тереза да и позавиди. И на чипката но и на насмевката. Гласен турбо молк!

Друго, прашање е дали воопшто има смисла предавање на снимките од, како што самите тврдат, над 600 000 разговори. Зошто? Па поради тоа што во секој момент можат/еа да направат нивни копии и сетне истите да (о)станат вечен дамоклов меч за уцена, пазарења, дистрибуција по домашни и/ли странски чауши, лепење по интернети… без разлика што се оригиналите предадени. Кој е улав  да верува дека не се копирани и селектирани, така што тие што им се во полза ќе ги појават а останатите, против ними, земја ќе ги голтни.

За крај, бидејќи чудата на Св. Катица се натземски (натмакедонски) заклучокот сам по себе си доаѓа: меѓународната заедница, која ни ја посади, да си ја прогласи за меѓународна специјалка. Да им истражува и кумува во Британија за Шкотска и Ирска, во Шпанија за Каталонија, Белгија за кантоните, Франција за бомбашите, Германија за бегалците, САД за кулите. Но пред тоа да си ги дореши и домашните задачи: фабрика за афери, случајот Вранишковски, 24-ти декември, ТАТ, мистериозната приватизација… или, како што во старт Ѓеровски благослови – нека биде Катица за сите. И за вечни времиња – амин!

П.С. Јавноста јавно шепоти за странски интереси и домашни предавници. Ма дајте ви се молам тоа се приказни за Македонија непознати. А песните? Народните? Тие се уште една пи-ар „маст“ на оваа ненародна и диктаторска власт. Груевизам, абе – тоталитаризам! Не ми верувате? Тогаш следете ги очи в очи 24 часа анализите, топ темите и контра вестите, независните Тричко, Политико, Ризаов, експертите Спасов, Орданоски, Најчевска, НВО-та „слези Курто – да дојде Мурто“, пленумите „од градинка па до гроба“, пишаните Фокус, Утрински, Слободен печат (среде медиумски мрак?!) или пак листајте портали па сами ќе извлечете заклучоци: срам да не било тоа што сме биле ем и сакаме да бидеме – Македонци!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top