Коментари

Кажете ми дали вие паметите барем едно позитивно дело во времето на владеење на СДСМ?!

kostadin-kepricoski

kostadin-kepricoski
Костадин Керпичоски

СЕ СЕЌАВАТЕ ЛИ?!

Почитувани пријатели, драги мои сограѓани, сопартици и пред се Македонци!

Дали веќе секој од вас го чувствува мирисот на лага и превара, на невидлива програма на СДСМ и еден куп други манипулации?!

Се сеќавате ли на сите злодела направени сега но и во минатото на СДСМ и нивните кадри?!

Знаете ли колку штета има претрпено Македонскиот народ само од нив!

Кога ги слушам постарите како велат дека Македонија и Македонците страдале од своите така и ние сега во ова време, страдаме од предавници во своите редови, луѓе кои би се продале и себеси за ситна пара! п.с да не зборуваме за име или пак за идентитет!

Знам, сигурен сум и длабоко во себе сум убеден дека секој еден од вас многу добро се сеќава на времето кога СДСМ беше на власт, на таа политичка опција и на таа нивна невидлива програма!

Да ве запрашам сите вас мои браќа, дали се сеќавате на најголемите недела на СДСМ како на пример за почетокот продажбата на ЕСМ и бонбона бизнисот на Шекерната?!

Или пак сигурно во вашата меморија е длабоко врежано она што тогашниот нивни лидер го ветуваше, демек по еден вработен од секое семејство?!

Знам и дека сите вие Македонци добро се сеќавате на ликовите кои излегуваа јавно и молеа за корка леб бидеќи ја изгубиле својата работа од државните фирми кои пропаднаа во времето на СДСМ или подобро речено некои од нив станаа приватни во процесот на приватизација па така и некои личности блиски до тогашната власт станаа ГАЗДИ и големи, моќни сопственици?!

Еве јас се сеќавам кога на еден митинг на СДСМ излезе нивниот лидер и упати најпогрдни зборови кон еден човек кој тогаш си ја бараше својата правда и жалеше што неможе достоинствено да оди во пензија ами треба да проси на улица за да го прехрани своето семејство!

Кажете ми дали вие паметите барем едно позитивно дело во времето на владеење на СДСМ?!

Јас не, иако млад и не толку искусен како вас, особено вас постарите, од многу прилози, разговори со луѓе и информации можам да сфатам дека тоа било време на владеење на една багра која до ден денес живее онака отмено и лежерно на грбот на нас граѓаите и нашата незавидна финансиска положба!

И сега доаѓаме до кулминацијата од победата на ВМРО-ДПМНЕ па до ден денес кога се појавува претседателот на таа партија, лидерот и пред се човек со големо срце Никола Груевски.

Ако ме прашате мене дали паметам едно добро дело на оваа владеачка гарнитура и партија јас можам во овој момент да ви набројам најмалку 100, тоа се 100 проекти реализирани и уште исто толку во фаза на реализација.

Ако пак ме запрашате дали јас паметам една лоша работа јас ќе ви одговорам со големо НЕ!

Сигурно никој од вас не мисли дека лошо е човек да ја воздигне и оживее историјата на Македонија со проектото СКОПЈЕ 2014!

Гарантирам( со глава) дека никој од вас не се жали што сега секое утро патува на работа и зема барем (во нај лош случај) минимална плата што е пак подобро од колку порано кога сите седевме дома…зборувам за она минато време по што го паметиме СДСМ!

И сега дојде ред некој (било кој) да ме убедува мене или вас дека некој има програма и дела и кој тоа го има а кој не или пак некој вас Македоците ќе ви продава памет?!

Па господа, вие и сите ние не пиеме нафта секое утро пред да тргнеме за на работните места!

Јас сум сигурен дека секој еден од вас многу добро знае кој нешто направил за Македонија и Македонецот а кој не направил ништо, т.е јас сум грешка подобро  е да се формулира кој направил само за себе!

Јас сум млад човек кој сега гласно се смее на перјаницата на СДСМ, на врхушката и нивната пропаганда бидеќи подобро ќе да беше виц да раскажуваа од колку да ни продаваат скапа магла!

Но, МАКЕДОНЦИ, нека, бидете трпеливи и мудри како и до сега, доаѓа денот кога ние граѓаните ќе одлучиме, ке судиме и пресудиме и ќе ставиме крај на ова заложништво (како физичко така и психичко малтретирање)!

До тогаш, издигнете се над проблемите, кажете стоп на лагите и манипулациите и бидете горди МАКЕДОНЦИ! 

24/7 бидеќи за татковината се работи!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top