Коментари

Заплакала Македонија за Путин е хит песна и кај соседите

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

За крај, да резимираме каква улога има песната за Путин.

Заплакала Македонија за Путин е хит песна не само во Македонија, туку и кај соседите. Песната беше наменска за Радио Ајвар во Сиднеј и како таква, воедно како и сите други песни, се најде на Интернет на Јутјуб и се разбира на Фајсбук. Тргна убаво до кај 9 илјади посетители и реков ајде нека биде до десетка со кромид и добро е. Но одеднаш  Македонските медиуми почнаа да ја класифицираат како хит кој му даде насмевка на Македонскиот народ и малку смеа и надеж. Ако де, лошо не мислевме ( јас сум креатор на сите дела и имам голема помош, инспирација и соработка со Никола Ристевски, радио водител на 2 РРР 88,5 ФМ на Сиднејските радио бранови ). 

 Но како што претчуствував, почнаа да се мешааат и комшиите. Грци и се разбира неизбежните Бугари. Си реков, нека ги и нека си кажат што ги мачи. Богами ги мачат моите зборови во текстот каде велам дека Русите од Нас Македонците добиле црква, писменост и азбука преку Климент и Наум. Боли пустата вистина, зошто тие секогаш се мајстори во најсудбоносните момети да фатат страна и сојуз со погрешни сили. Им се заблагодарувам на посетата која во моментов е преку 47 000. 

Но има и друг момент со јачината на Радио Ајвар. Во Октомври 2015, преку Јутјуб ја ставивме песната КАТИЦА ЈАНЕВА СКАНДАЛ. Иста шема, ние сме како една врста хумор, сатира и критика во стил на Радио Кукурику, специјалност Македонска политичка сцена и изгледаме патриотски, благодарение на антимакедонската опозиција. 

Катица со нејзините пријатели од странство и специјално Американската Амбасада … направија да се тргне овој скеч или песна.

Тоа ми беше објаснето на заобиколен начин и ова е преседан и доказ дека нема слобода во западните медиуми и центри. Но затоа Катица и Американците, треба да знаат дека клипот го поставив на Фајсбук кај мене, па нека го затворат и таму и се така ќе си играме играчки, ама Радио Ајвар не се предава и имаме ијладници начини како да ги победиме ” демократите и слободоумните ” цивилизациски гиганти. 

Радио Ајвар ја има душата и пред се искреноста при креирање на песни и затоа има успех и над 600 илјади посетители само на Јутјуб. Тоа го нема опозицијата и затоа нивните автори не можат да парираат на Радио Ајвар. Да ги потсетиме дека Зоран Заев песната ја посетиле скоро 150 000, за Шеќеринска преку 100 000 итн итн. 

За крај, да резимираме каква улога има песната за Путин.

Вредна порака, делува колку на смеа пет пати повеќе на озбилност, затоа што Путин е број еден во моментов и ќе биде долго како таков. Секоја помисла дека ќе и помогне на Македонија како братска православна земја и вратена благодарност за Климент и Наум, се разбира за нивната вера, азбука и црква … е голем проблем за соседите, чија крајна мисла е дека она што ни го украле, треба да ни го вратат. Знаат тие, Ние, сите Вие, што е всушност тоа. Треба ли да потенцирам ?

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top