Коментари

ТРЛОТО НА ОРАВ И БЕЈЛИ

todor

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

На кое само дереџе ја легнавме државата!? Не, ние! Тие!

Прво, ни симулираа украинско сценарио со домашни извршители, неоврховисти и колаборационисти, со единствена цел државен удар за рекомпонирање на власта заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Не казнуваат затоа што не им воведовме санкции на Русите а ги посакувавме руските гасоводи и Јужен тек и Турски тек. Обидот не’ им успеа… Се разбира, Македонија не е Украина!

Не’ заплашуваа со белоруско сценарио на изолација, демек крај на светот без ЕУ и НАТО. Ама, нели, демократија без алтернатива е диктатура! Повеќе од сигурно е дека Македонците отфрлаат пристапување во сојуз со ЕУ и НАТО! Се разбира, Македонија не е Белорусија!

Се обидоа да ги злоупотребат Албанците во Куманово со терористичка дестабилизација на Македонија, и тоа сценарио на арапска пролет повторно не им успеа! Беа 14 па 10 убиени, или колку беа… Бонд Стил е Бермудскиот триаголник на Балканот. Што таму влегува, повторно не излегува. Се разбира, Македонија не е Сирија!

По неуспешниот државен удар ланската пролет, на 27 октомври 2015 година дојдоа амбасадорите на ЕУ, Велика Британија, САД, Франција, Германија и Италија пред Македонската влада и одржаа “лекција за демократија”. Нашите ко “мисири” одмолчаа од “куртоазија”.

Вчера, на 29 јануари 2016 година, повторно дојдоа амбасадорите на ЕУ и САД и од пред влада ја соопштија споделената домашна задача: Критериуми со услови и рокови, што треба да се стори до 20 февруари 2016 година, за тие да проценат дали може да се организираат избори за законодавниот дом, инаку ништо од оваа маскарада. Замислете, тие решаваат за Македонија!

И кога отпосле, ќе ти се појават партиите во кампања, запенети дека ќе се борат за уставност и законитост, за државниот суверенитет и територијален интегритет, ги гледаш како да се од Марс паднати во светата земја Македонија! Добиваш чувство дека виртуелно си во Африка, а околу тебе европски и американски мисионери ти организираат држава … Патос!

Која лакрдија од “демократија” ни продаваат, корнат! Но, трагикомичното е што мислат дека има луѓе кои им веруваат …

И така секогаш ќе биде, кога преку недоносени посакуваат да не’ “стопанисуваат”!

Е да, ама, народот не пие нафта, некои луѓе може да се лажат некое време, ама сите луѓе не може да се лажат цело време! Народот се’ веќе виде!

Едно потсетување, бидејќи повторувањето е мајка на знаењето!

Народот, граѓаните, на референдумот одржан на 8 септември 1991 година во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА” без додавки и без придавки, одлуката на референдумот е задолжителна!

Македонија повторно е суверена држава, Македонците повторно се суверена нација, Македонија е одржлива демократија, Македонците се посветена нација и таа историја и вистина повеќе никој и никогаш не може да ја смени!

И од ова искушение ќе воскреснеме ко феникс! Македонија сепак не е трлото на Орав и Бејли! Само кој да им каже дека се надвор од мандатот и дипломатскиот статус!

Крајно, ако ЕУ и САД односно НАТО ја дестабилизираат Македонија, симулираат контролирана нестабилност со цел рекомпонирање на власта заради промена на името на државата и идентитетот на нацијата, неизбежно е инволвирањето на Руската Федерација и Кина!

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Амин!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top