Коментари

Проклети да се предавниците!

kostadin-kerpicoski

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Проклети да се предавниците, својот народ што го предале или по поновава верзија својот народ што го продале.

Како во минатото така и сега, исто сценарио различни глумци!

Нашата татковина, мила ни Македонија страдала од своите продадени души во своите редови, никогаш од оние кои биле нај гласни “патриоти”.

Проблем е тоа, тоа е голем проблем.

Јас искрено се чудам и секогаш се запрашувам која е цената за такво нај тешко предавство или можеби подобро прашање е каде е чистата и мирна совест, лесен сон и добро покриен човек.

Искрено драги мои за мене државата нема цена, народ без држава не е народ, замена за државата нема и верувајте, ве убедувам дека државата не е само територија, тоа е свето парче земја кое со себе носи голема историја!

Видете, сигурно не биле глупави нашите претци и генерациите кои си го земале своето што живот давале за Македонија.

Прашање е сега како може некој да дава живот за татковината а некој пак за одредена сума на пари да ја продаде но и да се продаде себеси и она човечкото а со тоа да се претвори во МОНСТРУМ!

Ова НЕ дело воопшто не е за поздрав и фалба.

Како и да е, јасно ми е како секој еден платеник функционира, јасно ми е дека особено сега во време на глобална економска криза парите прават многу нешта а исто така ми е јасно како и странси разознавачки служби функционираат НО не, никогаш нема да ги оправдам внатрешните предавници!

Луѓе мои, пријатели и пред се МАКЕДОНЦИ, ние сите добро знаеме што овој изминат период се случува и во каква замка е фрлена Македонија, но исто така многу добро знаеме и што ќе се случува во иднина и какви се борби ќе треба да извојуваме за нашата, личната иднина.

Има едно ама, ама овие сите заборавиле дека впрочем Македонија е на Македонците, заборавиле дека оваа држава реално постои и дека е многу поголема од сегашните териториални граници. 

Предавниците заборавиле дека Македонија многу пати била фрлена на колена како и сега во овој период па пак застанувала и ќе застанува на здрави нозе!

Ни се случи нај лошото во нај добриот период и убава клима во Република Македонија.

Не предадоа кога Македонија го бележеше својот најголем успех како внатре во државата така и надвор од нејзините граници.

Точно е дека ќе треба време за да се совземеме и да продолжиме по истиот пат како и да продолжиме со нижење на успеси но исто така многу битно е што поскоро да се реши оваа криза и што поскоро да работиме за иднина!

Да работиме за иднината на Македонија а со тоа и за нашата лична иднина, да работиме заедно сите, сплотени, Македонец со Македонец, со братски однос помеѓу нас и силни како никогаш до сега!

Ве охрабрувам бидеќи од вас зависи понатамошниот развој на настаните. Ве охрабрувам да размислувате со своја глава, ладно и трезвено. Ве охрабрувам да кренете глава гордо високо и со нови сили да тргнеме во нови победи а првата таква победа ќе ја добиеме на 24-ти Април оваа година!

Заедно за татковината се работи!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top