Коментари

Изборите се можност а не должност

Петре Кривчевски

Живеејќи една млада демократија се соочуваме со предизвици, но и повеќе преседани кои што верувам се страни и за пошироките простори од овие Балкански. Обременети со товарот на рецидивите од еден тоталитаристичкo-еднопартискo-голиоточки систем ги ргаме маките и ги голтаме кнедлите од црвената диктатура, формално на пролетеријатот а практично на некрунисани цареви и кралеви, популистички самонаречени другари.

Но иако помалку или повеќе посткомунистичките трауми ги споделуваме сите, ние Македонците ја имаме таа „привилегија“ да и после две и пол децении сме исправени пред ѕидот на срамот, избилдан од соседите но и со поширока поддршка на кого пишува: ИСТРЕБЕТЕ СЕ! Или обезличете се или испотепајте се, а ние сме тука во тоа да ви помогнеме. Во такви околности, од сите страни балкани, место сплотеност и унисоност по она што се вика национален интерес, одново и по којзнае кој пат имаме судир на концепти, повеќе лични интереси, помеѓу македонецот и македончето. Борба за државата и државноста во име на претците и наследниците, од една стрна, и борба за гола власт и лични интереси  по секоја цена, па макар и врз државните односно националните, од друга.

Во еден таков хорор амбиент при надворешна оркестрирана харанга и хајка на се што е дел од (брендот) Македонија, најголемата закана доаѓа од исконската скарај па владеј. Или, уште поточно, поткупи па владеј. Напливот од парата на раздорот од „нашите пријатели“ од надвор и среброљубието наше однатре си го прават своето. Па иако, конечно, оваа маченица роди син со „срце и глава“, јудизмот кој и понатаму опстојува денешницата ни ја загорчува а иднината загрозува. Грст чауши за свои лични бели дворови ни копаат колективни црни гробови. Едноставно, евтино и фино, за пара, јахта или вила – Македонија заними и Тунгузија би била.

Така, во истава конотација но и насока се движат работите со и околу преговорите но и договорите за изборите. Имено, знаете, неможејќи сами да договорат кој пат да го фатат нашите поглавици беа фатени зауши и на маса седнати од меѓународните „судии“. И, бидна што бидна. При сила нема правина… важно договорот падна – избори во април. На 24-ти. А дотогаш да се одработат и одредени услови: специјални обвинители, технички министри, оставка на премиер… и  слични „маде ин Мацедониа“ специјалитети. Но, нејсе. Така, така. Важно да се закопаат „секирите“, смират страстите и прекинат бојкотите па лека-полека да се фаќа патот накај Брисел.

Арно ама, проклет да биде – среќа да не виде… кој прв започна. Кој прв започна анкети да прави и рејтинзи да мери. Пустото, откога бомбите ги исцрпи а фајде не доби, порекувачот на потписи и поплукувачот на изјави си ја продолжи старата песна: „тазе дупка не е дупка“. Априлилили! Сега списокот не ми чини. Медиумите пак – ич. И пак тоа, и пак така: стрижена – бричена, а стравот кој и од авион се гледа ни за  жива глава не се спомнува а камо ли и признава. Се чека одново мешетарење, тегавење, одлагање. Арно ама место еврокомесарот да долета од Брисел и одново со него си играат дрндупка, од Софија испрати порака. Јасна, чиста и недвосмислена: избори мора да има, како што се договрени, да се фер и демократски а кој дојди добредошол кој пак не – негова волја и проблем.

И тоа е тоа, доаѓаме до пораката од изјавата но и смислата на демократијата. Поточно на легислативата во државата Република Македонија: изборите се право и можност но не и должност (како на пр. во Австралија). Како за бираните така и за бирачите. Значи, секој има право (под одредени услови) да биде биран и секој има право (под одредени услови) да бира. Доколку сака. Доколку пак не, тоа е исто така негово и демократско и легитимно право. Оти вака, ако баш сите субјекти се чекаат и молат каде тоа сето ќе води. Денес еден бојкотира, утре можеби друг, па трет… и бескрај. Значи и самиот бојкот (колективен или персонален) е легитимно и демократско право на изразување на волјата и точка. Крај на муабетот. Е сега, знаеме, дека е штетно за државата и партијата арно ама е спас за врхушката. Барем на кратко. До следните избори, а тогаш ќе пулиме – ќе прајме, нова рачка ќе бараме.

Крајно! Доколку на било кој од потписниците му се удоволи да се презакаж(ува)ат изборите поради љутиш каприц, по автоматизам тој преседан би им го дал истото право на сите останати така што таа спирала би не одвела до 2018-та и редовните избори. Но и тогаш може да има незадоволни што ја прави дискусијата беспредметна а уцената бесмислена. Токму затоа и постојат закони, договори и потписи.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top