Коментари

Не си поигрувајте со трпението на ВМРО

Мане Јаковлески

Душата ме боли, некои наши шутраци или поточно лигуши, сакаат меѓу себе да се испотепаме.

Со ситни души држава не се прави.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кое е нус производ на договорот од Пржино, на петочната прес конференција објави дека покренува истрага против високи функционери на ВМРО – ДПМНЕ поради „тешки кривични дела“ за изборите во 2012 и 2013 година со кои била доведена во прашање регуларноста на изборите. Отварањето на предметот со кодно име „Титаник“, укажува дека се работи за пошироко сценарио кое под диктат го спроведуваат домашни предавници.

По неуспешниот обид да се наметне промена на терминот за предвремени избори закажани за 24 април, потоа не поминувањето на законот на Ван Хојте за цензура на медиумите, како и катстрофалниот настап на лидерот на СДСМ Зоран Заев на ТВ Сител, на сцената стапи СЈО со отварањето на предметот „Титаник“ кој е директно насочен кон актуелната политичка гарнитура.

Според Катица Јанева, нејзините обвинители и истражители имаат цврсти докази кои покажуваат дека неколку министри, генералниот секретар и целиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ учествувале во креирање на изборна измама со гласачите од Пустец. Против десетината осомничени во случајот “Титаник” се поведени истраги за повеќе кривични дела со што уште повеќе се заострува политичката но и безбедносната криза.

Всушност тука не е во прашање гневот на Зоран Заев по неуспешниот настап на телевизија Сител, туку се во прашање поголеми игри.

Одредени сили кои сакаат да го препарираат регионот според нивните потреби и на штета на македонскиот народ, се плашат од силината на ВМРО ДПМНЕ и огромната подршка на народот, го започнаа сценариото со СЈО. Така Јанева за да ја намали штетата која ја предизвикува Заев го започна сценариото „Титаник“ со кое се обидува да испрати порака на застрашување на македонскиот народ не само во земјата туку и во околните земји, односно на сите кои им даваат апсолутна подршка на ВМРО ДПМНЕ. Тоа го покажува и приведувањето на градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко.

Меѓутоа она што е јасно е дека обвинувањата на Јанева, план кој е подготвуван и разработуван со месеци, и кој треба да го исчисти Заев од обвинувањата за корупција, се темели на машинеријата во “Фабриката за афери“ на Захир Беќири – Чауш. Поради тоа Јанева на прес конференцијата беше несигурна, па дури не можеше ни да го прочита напишаното. Очигледно сето тоа некој друг и го припремил, а тоа веројатно „повторно била на гости“ и немала време дури ни да го прочита. Свесно или несвесно со дадените тешки квалификации, притоа поставувајќи се над Уставот и законите на земјата, Јанева ја турка земјата во дестабилизација.

По повод оваа прес конференцијата на Јанева и отварањето на предметот „Титаник“ со соопштение до јавноста се обрати ВМРО ДПМНЕ во кое се истакна следното:

„ВМРО-ДПМНЕ ја добива довербата од граѓаните во изминативе 10 години врз база на проекти и мерливи резултати. Таа доверба не може да биде оспорена со никакви конструкции и фабрикувани афери. Напротив, таа доверба уште посилно ќе биде потврдена на претстојните избори. ВМРО-ДПМНЕ гласаше и го поддржа изборот на СЈО.

За жал, изминатиов период бевме сведоци на непримерни изјави од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, обвинет во повеќе кривично-правни случаи, во кои тој ги најавуваше чекорите на Специјалното јавно обвинителство. Уште потрагично е тоа што ваквите изјави не само што не беа демантирани, туку со многу чекори беа потврдени. Со тоа беше драстично нарушен кредибилитетот на институцијата и се фрли сенка на нејзината професионалност и непристрасност.”

Но, ниту со уцени и закани, ниту со апсења не може да се натераат медиумите да застанат зад Заев и народот да му ја довери довербата на СДСМ. Можеби во право е Белгијанецот Питер Ван Хојте кога вели дека: „Не можете да имате закон за медиуми според европските стандарди, зошто овде немате таков менталитет..“

Всушност демократијата е измислена на овие простори, а не на западот. Но, западот не е во право ако смета дека сме инфериорен народ со кој ќе можат да управуваат преку инсталирани органи.

Тажно и трагично кога гладаме како некои домашни експоненти за пари се обидуваат да слугуваат за туѓи интереси и работат да ја уништат ВМРО ДПМНЕ како партија која го обединува македонскиот народ и ги штити неговите интереси, односно го штити името, идентитетот и македонската држава.

Меѓутоа, мора да се напомене дека ваквите обиди на надворешниот и внатрешниот фактор кој се обидува да ја уништи не само денешната ВМРО – ДПМНЕ, туку и да ги негира светлите спомени и достигнувањата на Внатрешна Македонска Револуционерна Организација (ВМРО), можат само повторно да ја реинкарнираат старата Внатрешна Македонска Револуционерна Организација (ВМРО), а тогаш нека се замисли светот што направи.

Не си подигрувајте со судбината на македонската држава и светоста на ВМРО, зошто Македонците во Македонија и од целиот свет ќе реагираат така како што некој не ни помислува дека е можно.

Долга е раката на ВМРО!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top