Коментари

Штета е што за опозициската СДСМ поимот истражувачко новинарство е табу тема

Костадин Керпичоски

Новинарството е цела наука, сите права мора да ги уживаат медиумите и новинарите кај нас во Македонија!

Искрено драги мои пријатели замерувам и забечежувам на грубото и никакво однесување од страна на поединци и од страна на одредени политички партии кон медиумите во Република Македонија.

За воља на вистината јас морам да признаам дека во нашата држава има медиуми кои се благо наклонети кон едната или другата страна на политичката сцена но не никако цел медиум, само дел од новинарите што е случај во секоја позната светска телевизија.

Штета е што за опозициската СДСМ поимот истражувачко новинарство е табу тема, тема која ниту ја знаат ниту пак ја разбираат.

Јас еве искрено им препорачувам да погледнат странски европски и светски медуми и да научат нешто повеќе за новинарството, нешто повеќе за истражувачкото новинарство и нешто за слободата на секој еден новинар како поединец во било кој медиум.

Видете бе луѓе каква спрега ни прави оваа политичка партија, во секое нејзино известување велат дека се залагаат за слободата на медиумите и за деполитизација а од друга страна никако не сакаат и не го оправдуваат слободното говорење на новинарот како поединец во било кој медиум во Република Македонија.

Ако ова е веќе потврдено како информација и не е веќе само претпоставка како тогаш СДСМ како политичка партија се залага за некаква си демократија, деполитизација или пак слобода на говорот на медиумите.

Не разбирам, еднаш велат дека добро е да има што повеќе медиуми и информациите да стигнат што побрзо до поединците т.е граѓаните а од друга страна не им се допаѓа либерализацијата на пазарато и се против отварање на било каков нов медиум.

Сведоци сме сите ние на обвинувањата од страна на СДСМ за сите сопственици на медиуми но пак јас се прашувам што ако јас или било кој од нас сака да започне бизнис и да отвори свој медиум а СДСМ да е на власт(хипотетички), e прашање е кој ќе може и дали ќе може да го направи истото?!

Навистина не е фер ниту од нив како политичка партија(некогаш најголема ) ниту пак од поединците кои ја водат да играат некоја си двојна игра, со скриени карти и скриени намери.

Македонскиот народ е информиран, напатен и многу многу мудар народ па така никој не може ништо да скрие од нас како што и светски медиуми неможат и несмеат да скријат нешто од народот бидеќи за него постојат, за него одработуваат и од него опстојуваат!

Мојата порака е дека уствари ние се знаеме и упатени сме па така сигурен сум дека нема оваа погубна политика за секоја свера во државата да успее!

Нема да успее политиката да се замолкни еден народ и неговиот глас!

Нема да продолжи угнетувањето на Македонскиот народ!

Вие почитувани, сакале или не, ви се допаѓало или не воопшто не е битно ами битно е што сака народот Македонски!

Ние ве гласаме вас политичарите и политичките партии ама и ние (народот) одлучуваме што сакаме од вас!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top