Коментари

ПРАВОСЛАВИЕ Тоа е верата во единствен господ Сонце Лавот ИЛИ.

bog-sonce-lav

Со делото „Зета Македонија“ се потврдува откритието кое се провлекува низ целата книга во врска со македонската монотеистичка вера. Ова е обид за појаснување на македонска вера во Богот Сонце и вера во Мајката божја на воскресението, појаснување кое на лингвистички начин, поткрепено со артефакти ни опишува за историскиот камен период на македонскиот народ, распространет на пет континенти, од пред 400.000 г. со континуитет до денес. 

bog-sonce-lav

Откако постои човекот на Земјата, само Македонците имаат директна поврзаност со еден Господ и за секогаш.Таа врска е „права“ директно поврзана со персонифицираниот Господ Сонце-лавот. Зборот „православие“ може да се расчлени на: право-с-лавот-ие со значење, право со „лавот“сонцето и ние.  Таа „права“ врска е господовата светлост (наречена „ЛОМ“) или господовиот ум во бесконечно време, со еден збор тоа е СВЕТЛОСТ – МЕСИЈА, предводник или ЗЕТ, ЕНОХ или ХЕРМЕС. Зетот или Хермес е Господова светлост на Земјата или Господовото знаење. „Значајноста на оваа вера е огромна за разбирање на целиот митолошки концепт на македонската цивилизација. Македон развива силно чувство кон Сонцето поради неговата моќ за создавање на светлост, топлина, душа и писмо. За Македонците, сонцето е единствено божество, а целата материја во макро и микрокосмосот е божја, исполнета со божјиот дух Македон. Затоа Македонците уште од времето кога станале свесни (слово-свесни, словесни), за својот постанок и егзистенција, на Сонцето му припишуваат божествен карактер, т.е. самото Сонце е Бог, двигател, прапочеток и праизвор на животот, извор на духот божји Македон, бог на небото и обожествените Македонци на земјата.“ (Извадок од книгата „Зета Македониа“). 

Целото Господово знаење на Земјата пристига преку сончевите зраци. Обожествените Македонци како деца божји, го одбираат единствениот Македон, наречен Зет, Енох или Хермес да комуницира со Бог преку најкусиот пат, а најкусиот пат е правиот пат. Оттука произлегува и прекарот на обожествениот Зет, Хермес – КУСИОТ или КУСКО.

natpis-govrlevo

На печатот пишува: Ѕирнал К’СИ (кусиот) од негововата набљудувачница која се наоѓа на неговиот посед, и ѕирнал Л’СИ сончевиот зрак кон поседот. Печатот со натпис е пронајден во село Говрлево, во близина на Скопје – Македониа, 3500 г. македонска ера. Печатот има употребна вредност, што докажува за моќта на тој што го поседува, да издава наредби и одобренија. Зад печатот стои цар, војска, научниот упавувачки апарат и своја територија со македонски народ. Печатот содржи и напишана порака со симболичко значење. Печатот е во форма на двојно изгрејсонце. Првото изгрејсонце се обраќа со зборовите: „ЅИН’Л ЛСИ ИЗ ПС’Д“ – сончевиот зрак погледнал на својот посед.  Тоа е Богот Сонце, поседувач на целата околина и живата природа.   

pogled-kon-sonceto
Поглед кон сонцето од набљудувачница. Цртеж Бранко Сотировски.  

Второто изгрејсонце се обраќа со напишаната порака:  „ЅИН’Л К’СИ  ИЗ ПС’Д“ – Ѕирнал, погледнал Кусиот од својот посед од набљудувачницата.  

Оваа порака недвосмислено ни укажува на фактот за дуалистичкиот однос, помеѓу Богот Сонце и неговиот син обожествениот Македон, Зетот или царот на Земјата, ни укажува за создавањето и зачувувањето на рајот Македониа. Обожествениот Македон во близина на својата престолнина, на врвот од планината Водно или планината Илина Гора, наутро, единствено тој, го пречекува Господ Сонце во мигот на изгрејсонцето со прав најкус поглед. Со тоа ја докажува најкусата и најчесната врска помеѓу таткото и синот, тоа е чинот на восприемање на господовото знаење. Поради чинот на кусиот спој со Господ, набљудувачот е наречен „К’СИ“ или КУСИОТ.   

Зетот, Хермес или Куско со своите Македонци го гради од камен ВАРОШ (2) – белиот ѕид. Македон Зетот, Енох или Хермес-Кусиот, тој е единствениот кој со помош на божјото знаење на таткото Сонце, пристигнато со правите и најкусите сончеви зраци ИЛ, го подига-гради ВАРОШ – белиот ѕид и град. Еден од тие зидини со кули во кој е сместен варош е наречен КУСКО. Тоа е македонскиот Варош – град КУСКО во Зета Македонија Прекуокеански Цут, (денес таканаречената територија на Перу).    

kusko-peru

Во Куско, заштитен со вар-ѕид, престојува Зетот или Хермес, одбраниот-единствениот МакедонКусиот. Преку вар-ѕидот, Македон го прима ДАР-ВАР или Др-вар, што претставува целото МЕГА божјо знаење. МЕ-ГА божјото знаење претставува огромна милост божја, која те милува или ГАЛИ. Божјото знаење те гали со лиење или проливање на огромни, по количество сончеви зраци, слично како водата која се лизга по вертикалната површина на МЕГАЛИТОТ или по вертикалниот мегалитски ѕид. 

Познат мегалитскиот ѕид во Р. Македонија е ѕидот „Македон”. Овој мегалитски ѕид на планината Богословец е еден од најстарите на светот. Функционално – практичниот мотив на изградбата на ѕидот денес не се знае, но пораката која ни ја соопштува е јасна. Ѕидот претставува научно, уметничко, вајарско, архитектонско, конструктивно и сеизмичко ремек дело. Тој е пишан документ, порака за моќта на божјиот ум и верата православна на градителот. Белиот ѕид  претставува сончев зрак или ДУХ божји Македон. 

Сончевиот зрак по најкус пат пристига до заштитениот град со ѕид во кој престојува единствениот владетел и божество на земјата – Зетот, Хермес или Куско. Тој сончев зрак е слово божјо или реч божја, што претставува К-УС (или КУ-УС). Тоа е оплодувачката, облагородувачка моќ на сончевиот зрак наречен белиот (вар) КУУС или светлиот КИР. Белиот (вар) КУ-УС по прав, најкус пат, како оплодувач (КУ), пристига до (УС), усните на мајката земја Македонка, за да ја оплоди, а потоа да се роди ВАР-ДАР, белиот дар, белиот МАКЕДОН или народот македонски. 

zeta-makedonia
Зета Македониа Прекуокеански Цут (денес наречена Невада). Извадок од книгата „Зета Макединиа“. Цртежот претставува илустрација за најкусиот пат на духот божји Македон од небескиот свод до земјата.  

Ова најприродно и право или исправно мислење на одбраните-обожествени Македонци кои преку праволинискиот, правиот и вистискиот најкус пат комуницираaт со БОГ, претставува ВЕРА во единствениот Бог Сонце, наречена ПРАВОСЛАВИЕ или Вера Православна. 

Оваа Вера Православна претставува ПРАВО или најкусо и СЛАВНО СЛОВО. Најкусото и С-ЛАВНОТО слово произлегува од верата С-ЛАВ-НА, таа е верата со ЛАВОТ или од ЛАВОТ, што претставува единствениот Бог Сонце Лавот ИЛИ.

makedonsko-sonce
Македонско сонце

Најправата или најкусата словарница, која произлегува од Бог Сонце Лавот ИЛИ, преку неговите сончеви зраци, е всушност ЕХОТО на природата. Тој праволиниски и најкус пат, е ГОВОРОТ на обожествените Македонци. Тие со најкусите и прави слова (за еден глас едно слово) формира словарница ЦУТНА, денес а можеби и од секогаш наречена КИР-ИЛИ-ЦА. Од ова произлегува дека науката се темели на писменоста со која се објаснува верата и нејзините религиозни практики. 

Зборот В-ЕРА или В-Е-РА, според сознанијата кои се напишани во книгата „Зета Македониа“ и значењето на буквите во тој збор означуват: В-Е-РА се: „В“со значење „ВО“, „Е“ е сврзник, и „РА“ би значело работа. „РА“ прочитано од десно кон лево е „АР“ со значење „земја”. Од тука произлегува констатацијата дека вера е верба во РАБОТАТА и тоа, во оплодувачката работа на Господ Сонце Лавот ИЛИ, верба во обработувачката РАБОТА на земјата од синот божји и ВЕРБАТА во Мајката Македонка – Земјата, да ја изврши најголемата работа, со најголема дарба и умешност да воскресне – роди нов ЖИВОТ. 

 Тоа е верата, поткрепена со наука, за почетокот на животот во универзумот кога Големата Мајка на ВОСКРЕСЕНИЕТО го раѓа божјиот поглед „ЅЕ“ пред 13 до 15 милијарди години. Божјиот погледот „ЅЕ“, во вид на ЅВЕЗДИ (ѕвезда = божјо око), како капки роса, „орос“, „оплод“, божја семенка, се вселува, во бесконечните усни на мајката ЕЛЕНА. Тој простор сè уште се оплодува – шири, се раѓа ВСЕЛЕНАТА. Во новоформираната ВСЕЛЕНА, божјиот поглед „ЅЕ“ формира  распоред – КОСМОС. Космосот претставува сплет од еден комуникациски систем меѓу сите ѕвезди во вселената. Комуникацијата се одвива со молњи. Мајката Елена, оплодена од „ЅЕ“, околу секоја ЅВЕЗДА раѓа по една или повеќе ЅЕМЈИ. Таков е случајот со делот од божеството „ЅЕ“ наречено ИЛИ – ИЛ, кое околу својата „ОС“ ја има сопствената ѕемја МАРИЧКА, која е приврзана кон Сонцето и кружи по божји пат – ВРЕМЕ или ЕРА, наречено ГОДИНА, вртејќи се околу сопствена оска. На таа земја сè се оплодува, сè се раѓа, но и сè умира и се враќа кон Сонцето како енергија. Тоа е тројниот аспект на божјата МА. Во истиот момент се раѓа Рајот на Земјата наречен Македонија, а луѓето во таа земја Богови Македонци.  

Оваа вера во Господ Сонце Лавот ИЛИ не би имала никакво значење доколку не постои верата во МАЈКАТА родилка Македонка-земјата. Тоа е верата или верувањето во мајчинскиот однос на мајката Земја кон синот, секоја година да го воскреснува живиот свет, и тоа само за потребите на својот син МАКЕДОН. Тоа е верата на синот во ВОСКРЕСЕНИЕТО. 

Зборот ВОСКРЕСЕНИЕ може да се расчлени на ВОС-КРЕС-Е-НИЕ. Зборот „ВОС“ е со значење воздигнување во височина во правецот на Бог Сонце Лавот-ИЛИ, или воздигнување на самото Сонце од страната на светот Зета Македониа Востанија.  

Зборот „КРЕС“ е со значење креска или гори. Во камениот период на македонскиот народ, оганот го сметале како сонце на земјата. Упокоените Македонци заедно со жртвените подароци во храна и вино, ги ставале на клада да се „крескаат“ или горат и на тој начин се качат на сонцето и рајот во вселената. Познат е натписот од село Осинчани Илина Гора во близина на Скопје.      

ilina-gora
Илина Гора, Горно светилиште, Осинчани, близу до Скопје, 

 На каменот со македонско писмо ЦУТНО (кирилица) и македонскиот јазик на СОНЦЕТО е напишано: 

„КРЕШТ СЕ СИ У Л’Т С’Л С ИЉУ“ со значење „КРЕСКАЈ СЕ СИ ВО ЛЕТ САМО СО СОНЦЕТО“ (Илина Гора, Горно светилиште, Осинчани близу до Скопје)  -„Е“ е сврзник. Зборот „НИЕ“ е заменка, што ги заменува именките Богови Македонци. Зборот „воскресение” во контекст на оваа анализа би значел: „Бог ИЛИ воскресни на исток. И Богови Македонци воздигнете се со оганот во височините кон единсвенииот Господ Сонце ИЛИ, со единствена цел да се вратите, реинкарнирате, во Македонија Рајот”. 

stilski-crtez

Стилизација од бело сликана цртеж-лигатура, историски временски период на Зета Македониа од 6.480 – 6.250 години македонска ера. Велушка тумба – Пелагониски регион, Македониа. Овој цут е симбол на воскресението. Симбол на пролетта, писменоста, науката, поезијата, љубовта, цвеќињата и убавината, симбол на божјата Маричка, Мадон, Мадонка, Македонка, мајката и Македонија – РАЈОТ е мотивот во форма на пупка, отворен цут, оплоден цут, зачеток на плодот и раѓање на рајот, ОВОЈ МОТИВ Е МАКЕДОНИЈА и овој мотив го симболизира ВОСКРЕСЕНИЕТО и историјата на светот.  

Во зборот„вера“ се содржи зборот „ЕРА“. Ерата со која човештвото го досега врвот и од кога се крои историјата на светот е ерата кога царството Зета Македонија ги воспоставува темелите на писменоста, верувањата, науката и општествениот живот. Тие темели се уште цврсто стојат и на нив опстојува и се надградува она што започнало со народот Македон. Токму затоа не постои пред наша ера и наша ера, ЕРАТА Е ЕДНА. Таа ера е ерата на народот Македон, таа не застанала за да застари, таа трае до ден-денес. 

Оваа вера во Богот Сонце-лавот и вера во Мајката божја на воскресението со правиот и достоинствен Македон е вера ПРАВОСЛАВНА или ПРАВОСЛАВИЕ. 

Прочитај повеќе во книгата „Зета Македониа, 400.000 г.писменост, македонска цивилизација на пeт континенти, традиција до денес” Доколку сакате да ја набавите книгата, можете да исконактирате на 078 264 106, како и на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
.
   1  Дешифрирано од Васил Иљов. 2  Топоними со именката „варош“: Село Варош до Прилеп, се наоѓа на подножјето на Маркови Кули; Варош (денес Охрид)    е град на светлината, неговото поново име е Лихнидон (спомнато пред 4400 г. македонска ера); Гостивар, Вараждин; Дрвар; Варшава и др.     

branko-sotirovski
Бранко Сотировски

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top