Коментари

СЈО и Катица Јанева се трагикомична лакрдија на Западните земји

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

По утрото се познава денот. Трите мускетарки се само почеток на циркузот во Македонија. СЈО и Катица Јанева се трагикомична лакрдија на Западните земји, се разбира на чело со Америка. 

Голема среќа, а воедно и режија на Горниот е што Америка е зафатена со војните на Блискиот Исток. Инаку ќе имаше реприза од НАТО како врз Србија. Шуќур што има и интернет, но најголема среќа се Путин и Русија и капак е што е православна земја. 

Единствен начин да не се нервирате е да си играте мајтап со една неспособна и одамна продадена опозиција како СДСМ. Нека се 50 до 70 кои кркаат мед од криминалот на нивната партија, но останатите кои се надеваат на подобра положба во случај на преврат, полека но сигурно гледаат дека залудно се надеваат и како губитници им е судено да бидат во чекалната до вечност. Најважно е да им дадете совет дека не е се изгубено ако се променат тотално и размислуваат позитивно за татковината или да создадат нова партија со нови платформи, идеи и програми. 

До тогаш или до нивниот крај, ќе гледаме циркузи бесплатно низ цела Македонија. Трите мускетарки на СЈО со кумовите, тетки, сватови и роднини на Заев од истиот тим, ќе пробаат Зеленко од Муртино да го спасуваат и спонтано ќе прават мајмуни од самите себе, така не сакајќи на невидено. Чадорот ќе се дупне и ќе бидат намокрени или уринирани од народот. Шеќерка и Бобо ќе му ја киднат и Драги Шпагата ќе ја замени Шеќерка затоа што добро се покажал кај неа. Голем притисок ќе има од чадорот и приведувања, апсења и малтретирања ќе има можеби секој втор или трет ден. Но ова не е 1903, 1913, 1914, 1941, 1945, 1948 година… ова е 2016 и спремни сме и воедно силни и што е најважно многу паметни и искусни. Судовите и судиите се зрели и паметни и свесни дека земјата се вика Македонија, а не Чадорија или Занзибар. 

Затоа и би ве повикал да бидеме сите внимателни и никако да не наседнуваме на провококации од нивна страна. Ќе пробаат во Владата да го повторат 24 Декември, преку Канвас да организираат ” спонтани ” протести и векни со леб преку Бејли, како и да се направат начукнати како Англичани, но мудроста и силата наша мора да дојде до израз. Треба координирано и во име на нашите праисториски корени и предци, да ги сиктерисаме ѓаволите од Запад и преку барата. Ќе дојде денот бргу кога ќе ни платат за се, за последниве 180 години и тоа со голема камата. 

Имаме право на тоа и зависи од нас, специјално сега кога сложно ќе се соединиме. Време е, Македонија ве замолува со слога и љубов да ги истераме душманите. ЗАСЕКОГАШ !!!

i-jas-sum-makedonec

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top