Коментари

Квинслишка влада на чело со СДСМ

Свекрва

Меѓународните преставници наместо да бидат медијатори во политичката криза, се заборавија што се, зошто се и каде се наоѓаат. Си дозволија да изигруваат газди и во суверена земја да наметнуваат решенија кои го суспендираат Уставот, законите, правото, но и да се закануваат и да го навредуваат македонскиот народ. Нивните барања немаат врска со демократија, туку заземање страна за политичка партија која нема поддршка од народот. Па наместо да помогнат во разрешувањето на политичката криза со тоа што ќе овозможат изборите што побргу да се одржатат, тие со својот извештај дека нема услови да се организираат изборите на 24 април ја продлабочуваат политичката криза и безбедносните ризици.

Меѓународната заедница која нема цврсти аргументи за одложувањето на изборите, преку белгискиот медиатор за имплеметирање на договорот од Пржино индиректно му се закани и го навреди македонскиот народ. Во објавената фотографија на Твитер, белгискиот олеснувач Питер ван Хауте, прикажа вперен пиштол во мачка која се предава и вели дека нема да има избори на 24 – ти април. Втерувањето на „демократија“ со заплашување на народот не прифатлива без разлика од каде доаѓа, а секој кој тоа ќе го направи заслужува да биде полеан со катран и пердуви и качен на магаре и протеран преку граница како персона нон грата.

Интересно е што преставниците на меѓународната заедница без ниту еден аргумент кои ќе го потврди нивниот извештај изјавија дека „во оваа фаза нема услови да се организираат избори на 24 април“. Иако во заедничкиот извештај на САД и ЕУ како можен датум за избори се наметнува 5 јуни, според нивното досегашно однесување, прашање е дали тие воопшто размислуваат и сакаат да има избори, како што тие велат кредибилни и демократски избори.

Отворениот притисоко врз земјата дополнително се зголеми со присуството на тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, кои во пресрет на распуштање на собранието, неофицијално им порачале на партиите дека меѓународната заедница нема да ги признае изборите доколку се одржат на 24 април. Ваквиот отворен пристап на меѓународната заедница само укажа дека прислушувањето, т.н. „бомби“ на Зоран Заев, мајските Кумановски настани во кои загинаа осумина македонски полицајци, се во надворешна режија.

Однесувањето на т.н. „западни демократи“ покажува дека тие всушност сакаат без избори, без да се праша народот, да го остранат ВМРО ДПМНЕ од власта, патем легално избран, и да формираат квинслишка влада на чело со СДСМ. Едноставно ним им се потребни луѓе во власта кои ќе работи за нивните интереси, а спротивно на интересите на македонскиот народ и држава.

Таков профил на луѓе, преставниците на меѓународната заедница ги пронајде во челниците на СДСМ, кои за свои лични интереси, за грст пари и гарантирана заштита од раката на правдата, се спремни да ги продадат и сопствената мајка и сопствените деца, а не пак сопствениот народ и држава. Тоа се оние истите луѓе кои ја имаат истата ментална матрица уште од распадот на Југославија, кога упорно беа против независноста на Македонија.

СДСМ кој одамна го потроши својот кредит кај народот, знае дека без програма и проекти, како и без поддршка од надвор неможе да ја освои власта. Затоа тие се единствена опозиција која се плаши од соочување со народот и бега од избори. Единствено што може да направат е преку деструкција, подметнувања и оцрнувања на сопствената земја и институции што е можно подолго, технички да останат во Владата. Практично, тие спроведуваат надворешното сценарио кое треба Македонија да ја одалечи од евроатланските интеграции.

Всушност, оценките дека нема услови за фер и демократски избори се субјективни и имаат за цел преку СДСМ да ја продолжат политичката криза во земјата и да предизвикаат парализа на институциите за да се спроведат одредени сценарија проектирани од одредени членки на меѓународната заедница. Односно, Македонија треба да се спречи да стане членка на ЕУ и НАТО, а секој негативен извештај ја одалечува земјата од евроатланските интеграции. За жал СДСМ како македонска партија активно учествува во тоа сценарио и се гордее што успела да издејствува негативен извештај кај меѓународните преставници.

САД и ЕУ со поддршката на барањата на СДСМ за одлужување на изборите покажаа дека тие посакуваат марионетска власт во Македонија, која доброволно ќе се откаже од македонскиот идентитет и име. Односно таква власт која ќе ја укине македонската држава и народ. Оттука барањата за прочистување на избирачкиот список и промена на законот за медиуми се само изговор.

На македонската јавност и е познато дека не е проблематичен нити избирачкиот список, ниту сегашниот закон за медиуми, кој одавно ги поминал сите домашни и европски филтри. Затоа Македонија мора час поскоро да спроведе избори.

Македонија е мала земја, но не смее да дозволи некој друг од надвор да ни кажува како да ги уредува работите дома и не смее да си дозволи поради диктат на посилниот да се гази демократијата. Македонија треба да покаже единственост, цврстина и решителен одговор, На, тие што го нарушија гостопримството треба да му се покаже црвен картон и протерување, а оние пак кои работат против интересите на земјата, кои предизвикуваат дестабилизација и омраза меѓу народот да застанат пред лицето на правдата. Македонија не смее да остане во заложништво на Зоран Заев и СДСМ и доколку институциите не превземат нешто заради разни блокади, тогаш се ризикува народот да излезе на улица и да ја превземе правдата во свои раце.

Сепак интересите на македонскиот народ и држава се пред се друго. Затоа македонскиот народ мора да причека и да даде уште една последна шанса – да се прифати политичкиот договор за измена на одлуката за распуштање на парламентот за 24 февруари. Односно да се прифати одлуката за распуштање на Собранието да важи за 7 април, што значи дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 5 јуни. Тогаш народот на Македонија мора масовно да излезе на избори и нека му покаже на меѓународната заедница што сака. На овој датум ќе се гласа за опстанокот на Македонија, за името за идентитетот. А за да се сочува треба со својот глас македонскиот народ да го казни СДСМ и да го избрише од македонската политичка сцена еднаш за секогаш. Но доколку и овој датум биде пробиен или пак меѓународната заедница не ги признае изборите само затоа што СДСМ не ги добил изборите, тогаш народот, бидете сигурни ќе излезе на улица.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top