Коментари

АЛИСА ОД МУРТИНО ВО ЗЕМЈАТА НА ФАНТОМИТЕ

Мери Георгиевска

Фантом- човек без душа, народ без срце, робијаш без затвор, поданик без Татковина, верник без црква, интелектуалец без мислење, човек без човечност или рефлексија на СДС-фантомска.

Пред некој ден, своеволно излегов да застанам на браникот на мојата Татковина, заедно со многумина истомисленици, пред  Уставниот суд поточно, кој е тука да ги брани основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното право.

Во еден момент кога стоев крај оградата на Камениот мост, ми се приближи една жена, за која не претпоставив дека можеби е наоружана со антимакедонска муниција, и која ме праша на совршен мајчин македонски јазик: Од каде сте? Јас и одговорив: Од Македонија. Таа ми рече: Не постои такво нешто. Јас на тоа: На кој јазик ми говориш?  Таа продолжи игнорирајќи го моето прашање: Што е тоа Македонија? Јас и реков: Ова тло на кое што газите, тоа е Македонија, воздухот кој го дишете тоа е Македонија. Таа на ова ми одговори на лош англиски јазик: No, this is Skopje. И тука нормално, падна ладен конфликт, како помеѓу секој Македонец  и изнајмен „курсаџија“ на странски служби, кој со едната камера фотографираше, а со другата снимаше без да знаеме ние простите смртници дека таа всушност снима. Неисе. Јас ја прашав дали е жедна за „нешто“ или е дојдена да снима крвопролевање? Потоа, ја оставив да лебди во сопственото верување, бидејќи како личност не беше излезена од сопствената постапокалиптична фаза. Таа стоеше на страната на вистинската пропаст. Таму бездната беше огромна. Морав да ѝ свртам грб. Таа беше уште еден промашен пропагандно шпиунски орнамент на предавниците-  автентичен дел од певртливата и измамна култура на СДС-фантомска и соросоидите, чија култура почива на фетиштот доведен до беснило, со квалитет и модалитет на нашиот скараџиски менталитет- „коли и пали“. Нивниот курназлак и неодржување на дадениот збор станува совршена предизборна тактика (веќе видена) снаодливост од типот: купи-ден-излажи!
Еден од последните нивни фетиши е како што сите знаеме- фетишот за фантомот. Совршена научно-фантастична импровизација при апсолутно отсуство на било каков  концепт.

Обичај на пофините граѓани со традиционално домашно воспитување е, по секоја цена да се држат до ставот што гласи:  фактите не се негираат или пред фактите и Боговите молчат. Оние другите пак, свежите како утринска роса граѓани, не прават ништо друго, освен што го газат речениот принцип како што свињите ги газат бисерите фрлени под нивните нозе.

Може ли да биде реален аргумент оној кој од живи луѓе прави фантомски луѓе?!

Може. Затоа што раководството на СДС-фантомска, во низа изјави го сметаат народот за стока без стопан, па според тоа, тие, ако не како реални, се сметаат себе сѝ за фантомски стопани. И како такви и во тоа својство имаат право да си ја пребројат  стоката. Следствено, ако стоката им е фантомска, дали не е логично да дојдеме до сознанието дека всушност  во нивните збеснати глави и нивната Татковина е фантом?! Но, така мислат овчарите, а не граѓаните.

Факт: на минатите избори ни ги бележеа  ноктите со хемикалија за да нè понижат и казнат за тоа што гласаме на демократски избори, зашто тие, во себе негуваат жестока омраза кон СÈ што има демократски призвук. И, се разбира, сето тоа во името на демократијата, односно, не во нивна полза (чувај Боже) туку во полза на нивното стадо.

Но ѓаволот ни ора, ни копа. Поумерените стопани сакаат да се вратат на старите методи: од овцата се зема млекото, месото, волната и кожата. Но радикалните стопани, коишто деновиве се актуелни, преферираат овците да се јадат недозаклани, а нивните кожи да се фрлаат како партали, со тоа што неколку од нив, најубавите да се држат за пред луѓето.

За да се расчисти избирачкиот список, стопаните сега размислуваат на секој гласач да му прикачат на десното уво по една петокрака (или може да бидат и покреативни, на пример друг белег како што тоа се прави со овците), се додека не се исполни квотата на нивното очекување, од околу 500.000 фантомски овци.
Но, како што рече Премиерот Груевски, тие ќе направат сè за да имаат алиби за сопствениот пораз.
СДС-фантомска веќе не може да извојува нити победа над својот пораз, бидејќи поразениот може да извојува победа над својот пораз само ако не се фрустрира од него. Тие нивниот свет го направија идеално место за самопонижување. Џганот на предавниците најмени под маса испливува на површината со брзина на секојдневието кое е сè побргу до денот на изборите.

Но Македонија не заслужува вакви креатури да си играат со државноста. Овој трпелив и работлив народ не заслужува да робува на истите. Ќе ги навредам Џихадистите, ако речам дека изродиве наши се џихадисти, оти Џихадот верува дека човечкиот живот му е даден од Бога. Овие македонски изроди не веруваат во Бога, тие мислат дека животот им е даден од црпнатиот. Црпнатите убиваат сè: живи луѓе („Ќе јадеме живи луѓе“), Господ, морали, обичаи, човештина, даден збор, креативност, ја вреѓаат нашата интелигенција, цивилизацијата воопшто, а сега уште од нас прават фантоми?!!

Кога би победиле на 1 Април, во 2037-ма година, со задоволство би ја прекрстиле Македонија во земја на Чудата во која стоката ќе пуши комунистички треви, а на чело на земјата на Чудата ќе биде Алиса од Муртино.

Кога ве напушти срамот, или никогаш немавте ни перде?

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top