Коментари

Разлики меѓу културите

Gordana-Dimovska

Gordana-Dimovska
Гордана Димовска

Неоспорен е фактот дека јазиците, со нивните комплексни импликации за идентитет, комуникација, социјална интеграција, образование и развој, се од стратешко значење за човештвото.

Токму  јазиците се тие кои играат витална улога во општествениот развој, во обезбедувањето на културната разновидност и меѓукултурен дијалог, во постигнувањето на квалитетно образование за сите и зачувувањето на културното наследство.

Поради различноста на културите, многу често луѓето се соочуваат со проблeми во меѓусебното разбирање без разлика на кој јазик зборуваат. Нивната култура опфаќа разни начини размислување, начин на кој ги гледаат работите, слушаат и интерпретираат. Исти зборови или фрази можат да имаат различно значење кај различни култури. Така на пример: добар ден – за Европјаните, значи сончев ден, а за Африканците, тоа значи дождлив ден.

Кога јазиците се различни тогаш се користи преведување а со тоа се зголемуваат шансите за поголеми  недоразбирања.

Разликите се гледаат во растојанието кое го користат за комуникација, емоциите кои некои ги искажуваат со викање, агресивност, плачење, а други пак можат лесно да ги контролираат или прикријат.

За земјите од Медитеранот, Централна Европа, Латинска Америка, Африка, Арабија, Азија, се смета дека при нивната комуникација оставаат многу нејаснотии во нивното презентирање, не ги прецизираат работите до крај за да се разбере контекстот. Земјите како што се Германија, Австралија очекуваат пораките да бидат јасни, прецизни за да не ги остави да негодуваат. Вртењето со главата има различно значење кај различни земји, за едни е знак за негодување, а за Индија е знак други на одобрување. Колку повеќе различни култури во една земја, толку поголема потребата да се развијат начини на комуникација, разбирање на човекот пред се како човек кој без разлика на неговата припадност и култура може да има различни мислења, верувања, навики и начин на живот. Во мултикултурно општество  не може да се издвојуваш како “најдобар“, туку како дел од мултиетничкото шаренило.

Примери на културни бариери при комуникација

Јазик – недоразбирањата се најчести  кај луѓе кои не зборуваат ист јазик, па  не е чудно што луѓе од различни културни и јазични потекла  се соочуваат со проблеми при комуницирањето.  Неправилно изговорените зборови, не доволно познавање на другата култура, акцентот , различното толкување на ист збор, доведува до недоразбирања.  Јазикот е одраз на културата, и различни култури имаат многу различни начини за објаснување на зборовите.

Однесувањето исто така игра улога во  културните разлики. Ако во САД, е важно при разговор да се гледа личноста в очи, во многу азиски земји, гледањето в очи може да биде знак на непочитување или предизвик на авторитетот. Постојат многу други културни разлики во јазикот на телото кои можат да создадат пречки за ефективна комуникација.

Културите се слични, но сепак разликите постојат во начините и методите на донесување и користење на елементите, карактеристиките кои ја сочинуваат една култура. Токму тие разлики влијаат врз специфичното однесување на поединците припадници на различните култури.Клучот во успехот кон разбирање на луѓето од различни култури е во меѓусебното почитување и обид да се разбере другата култура, таква каква што е. Лесно прифатливи и препознатливи се комуникациите  преку уметноста, говорот на телото, социјална интеракција, чувство за хумор, концепт за време.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top