Коментари

Дело пред кое и боговите молчат!

Свекрва

Додека владеачката партија ВМРО ДПМНЕ во текот на неколку последователни мандати добиени на легални избори работеше упорно за да ги подобри условите на животот на македонскиот граѓанин и свое внимание особено го посвети на справувањето со разните предизвици меѓу кои економската криза која го зафати светот, потоа да привлече што повеќе инвестиции и да отвори нови работни места, за да се намали невработеноста, СДСМ како најголема партија која ја предводи опозицијата, не бирајќи средства во истиот период работеше на својата линија – да ја сруши актуелната власт по секоја цена.  

Ваквиот однос на челниците на СДСМ кон сопствената земја дополнително ќе ги мобилизира раководните структури на владеачката партија, членството, но и сите симпатизери и прогресивни сили во земјата, што ќе резултира не само со огромен број на реализирани проекти од интерес на целокупната јавност, туку и ќе ги неутрализира опозициските активности кои се спротивни на интересите на македонскиот народ и држава.

На неодамнешниот отчет за сработеното даден пред повеќе илјади граѓани и симпатизаери на партијата во спортскиот центар „Јане Сандански“, владеачката партија ВМРО ДПМНЕ излезе со бројка од 3500 реализирани проекти. Во овој пример на политичко лидерство и транспаретност се покажа како секој ветен проект во предизборните кампањи потоа беше реализиран или е во фаза на реализирање. Односно се укажа на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на политичари со визија која тоа што го ветува тоа и го исполнува – проекти сите за граѓаните!

Овие проекти се капитално дело кое е резултат на трудот во изминатиот период, а се темели на дадената доверба од граѓаните, народот, поддржувачите на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Тоа е дело пред  кое и боговите молчат!

Тешко е да се набројат во неколку редови сите реализирани проекти, потоа проекти кои се во фаза на реализација, како и оние кои не биле ветени во програмите на ВМРО ДПМНЕ, но поради потребите на граѓанството биле реализирани. Тоа е она што ВМРО ДПМНЕ како партија го прави поразлична и поуспешна партија од другите.

Спротивно на сето ова, СДСМ во немоќ, незнаење или неспособност, без добар историјат зад себе, без програма и визија за иднината на земјата, без факти кои би го привлекле јавното мнение на своја страна, започна деструктивно сценарио со цел да го наруши не само интегритетот на челните личности на владеачката партија, туку и парализирање и рушење на довербата кон институциите на законодавната, извршната и судската власт. За да го направат тоа, тие мораа да побараат надворешна поддршка, т.н. чадор, но и да ги преземат главните медиуми со цел да го свртат јавното мнение.

Во сценариото на СДСМ, т.н. „бомби“ беа избор на оружје, кое требаше да ги доведе нивните челници на власт без избори, без разлика дали тие ќе ги доведат во прашање интересите на македонскиот народ и држава. Сепак, сето тоа  не можеше да се спореди со она што дотогаш беше направено од владеачката партија. Тоа го покажува рејтингот на ВМРО ДПМНЕ и неговиот лидер, кој не само што не опадна туку уште повеќе се зацврсти.

Во сите овие игри активно беше вклучен невладиниот сектор, обилно финансиски поддржан од Соросовата фондација, како и од некои западноевропски земји. Тие треба да бидат моторот кои ќе ја девалвираат владеачката партија и сето она што досега го има направено, како и да внесат раздор меѓу народот за да се спроведе т.н. „обоената револуција“.

На сите им е јасно дека секоја опасност за нашата земја е во директна зависност од нашето внатрешно единство и цврстина. Ако се обезбеди тоа, цврста основа во општествено-полтичката заедница и организациите, во стопанството, разгранат и добро-осмислен систем за менаџирање на криза, тогаш таа опасност е многу помала. Тоа сите треба да го имаат постојано на ум, инаку нашето негативно однесување, недоразбирање, караници, уште повеќе им го отвараат апетитот на противниците надвор од земјата.

Типичен пример е политичката криза во која е втурната земјата. Согледувајќи дека нивниот пулен не е способен да го спроведе она што и самите го посакуваат, „чадорот“ одигра неколку подсценариа: настаните во кумановската „Дива населба“, „Пржинскиот договор“, формирањето на Специјалното јавно обвинителство, мигрантската криза и обидот за пробивање на оградата на јужната граница кај Сува река.

Меѓутоа, иако начнати, македонските безбедносни институции засега одлично си ја завршија работата. Токму тоа го направи ВМРО ДПМНЕ, која предводена од лидерот Никола Груевски спроведе такви реформи и проекти кои овозможија не само справување со економската криза, влез на инестиции и вработувања, туку и сигурност кај граѓаните дека земјата може да се справи со секоја ситуација.

Од нашата кохезија и внатрешната стабилност и цврстина, од нашата умешност во справувањето со разни кризи зависи и нашиот политички престиж во светот и нашиот опстанок како народ.

Затоа време е да се стави крај на политичката кризата и на погубната политичка поделеност во Македонија.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top