Коментари

Македонскиот народ ќе излезе од кризата многу посилен и пообединет

mane-j

mane-j
Мане Јаковлески

ВМРО ДПМНЕ е партија изградена врз цврсти идеолошки принципи на старото ВМРО и ниту еден од денешниве СДСМ-вци и соросоиди, не ја познаваат идеологијата за да можат да судат за неа.

Кога деведесетите години се дозна дека некој ги зеде четирите свети букви ВМРО и ги стави на партија, многумина си поставија прашање, смее ли некој тоа да го направи? Македонските патриоти ги ставија четирите букви ВМРО на партијата што тогаша се формира, затоа што беа задоени со идејата за самостојна Македонија и ги продолжија идеалите на сите предходни генерации, да се изборат за сопствена држава.

Претседателот Груевски, го продолжува аманетот на основоположниците на ВМРО-ДПМНЕ и секојдневно го пренесува на оваа денешна младина, која се повеќе ја спознава важноста и значењето на ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект и како автентична македонска идеологија.

Претседателот Никола Груевски успеа да го воздигне ВМРО, да му даде нов елан, Македонецот да верува во ВМРО-ДПМНЕ како на единствена политичко-идеолошка матрица која го штити неговиот опстој и развој.

Во годината кога со крупни чекори Македонија оди напред, СДСМ-вци и соросоиди, наметнаа нови предизвици кои најмногу и штетат на нашата држава на која и тие самите и припаѓаат.

Секојдневно измислуваат нешто, позитивните работи кои ги прави актуелнава Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сакаат да ги претстават како лоши, критикуваат и за постапки од минатото во кои тие самите беа замешани или тие беа организатори. Измислија нешта кои не ги препознава, ниту одобрува ниедна демократска држава во светот.

Тажно е кога на таков низок начин покажуваат каков е и каков би бил нивниот принцип на практикување на власта и на демократијата. Времето за такво политичко општење какво што тие го заговараат, заврши во 1990 година.

Обидот да креираат хаос и конфузија меѓу Македонците нема да доживее успех. Сепак, обидите за дестабилизација продолжуваат со подршка на странски сили работат со хистерична одлучност против сопствената држава.

Македонскиот народ покажа во многу наврати дека нема да дозволи надворешните непријатели или внатрешната Петта Колона да ја загрози нивната иднина.

Тоа нема да го дозволи и зошто многу македонски патриоти, војводи, комити, партизани, ги положиле своите животи на олтарот на слободата за независна Македонија. Денес, нив ги нема веќе меѓу живите, но останал споменот за нив и нивниот аманет да се истрае во борбата за самостојна и национална држава на македонскиот народ и таа да се чува како очите во главата.

Денес кога имаме своја македонска држава да не ги правиме истите грешки од минатото, да не се делиме, да се бориме за македонското национално единство, да ја продолжиме идеологијата на ВМРО, идеологијата која деведесетите години низ сите градови и села и во дијаспората ја споделувавме, идеологијата за која илјадници Македонци го дале својот живот: МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ.

ВМРО-ДПМНЕ денес е голема, модерна, стабилна партија со силни демохристијански вредности, со идеологија на четирите свети букви.

Ќе дојде ден кога и опозицијата предводена од СДСМ политички ќе созрее.

Тоа е добро за државава: на секоја сериозна демократија и е потребна силна власт и силна опозиција.

Да се расправаме, да се натпреваруваме во нудење идеи и решенија, тогаш разликите се потребни и корисни. Меѓутоа, кога е во прашање националниот интерес на Македонија, тука мора да има единство, тука мора сите да мислиме исто, со Македонска глава, водени од Македонски интерес, со љубов кон Македонија.

На крајот, добро е да се потсетиме на зборовите на илинденецот д-р Владислав (Славчо) Ковачев, борец за слободата на Македонија, кој во една прилика ќе рече:

„Тој што е задоен со сочното македонско млеко на страдалната македонска мајка и се почувствувал макар и за миг вистински Македонец, никогаш повеќе нема да биде способен свесно да стане предавник на Татковината“!

Македонскиот народ и овој пат ќе излезе од кризата, но многу посилен и пообединет предводен од влада на ВМРО ДПМНЕ.

Вечна да е Македонија, Амин!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top