Коментари

Слепец слепци води

branko-sotirovski

branko-sotirovski
Автор: Бранко Сотировски

Ограничениот ум на западните аналитичари за категоријата време и македонската цивилизација

Времето може да се дефинира како линија во континуитет на нештата, и тоа во неповратно минато, сегашност и непредвидлива иднина, базирано на умот и разумот. Врз основа на разумот се потсетуваме на минатото, а како доказен материјал ни служат сочуваните артефакти и записи. Умот го користи записот за да ја претпостави иднината. 

Во физиката времето е физичка величина која се одредува според движењето на небеските тела. Времето е и димензија за следење предмети или суштества од нивното создавање едно по друго, од раѓање до смрт. Пред сé, времето е мерлива единица.

Според првите доказни материјали за постоење на умен човек, минувањето на времето било во тесна врска со неговиот опстанок. Движењето на сонцето и месечината и смената на четирите годишни сезони се првите начини со кои се мери и одредува времето.

Македонците од древноста времето го одредуваат како кружно движење на четирите временски циклуси, но и со линеарно движење поткрепено со цифри и слова. Времето го чувствуваат како историска појава, за разлика од конфуцијанското и христијанското подоцнежно сфаќање, кои на времето гледаат само како движење во линеарна смисла.

М. Елијаде, македонското архајско сфаќање на времето го спротивставува со наводно „западно историско“ сфаќање на времето, иако историјата е воспоставена уште од македонскиот исконски камен период.

Западните истражувачи немаат вистинита претстава за време, и времето отпочнуваат да го мерат од појавата на Исус Хрисос, сместувајќи ги сите предходни дострели за нешто што треба да биде сметано за „пред наша ера” или ера без историја, а тоа всушност е македонска историска ера.

zeta-makedonija-1
„Првиот образовен систем“ Зета Македониа Наниа Laugerie Haute, (денес таканаречена Франција), 17.000 години македонска ера.

Западаните аналитичари со својот ограничен ум, а воедно и нелогичен научен пристап, враќајќи се во историјата наназад не ги зема во предвид достигнувањата во науката, уметноста и развиена писменост на Македонскиот народ во сите временски периоди и во континуитет до денес. Не ги зима во предвид ни денешните откритија од археологијата и други научни дисциплини, кроејќи сопствена култура која нема корен, втемелена без логика, нема ниту претстава за времето како мерлива единица за создавање едно врз друго. 

Доколку времето е циклично кружно движење, тоа не би можело да има почеток ниту пак крај, што значи тоа е вечно односно бесконечно. На тој начин не би можеле да дефинираме ниту што е старо? ЧОВЕШТВОТО НЕМА СТАРОСТ ЗАТОА ШТО НЕ ЗНАЕМЕ КОГА ПОЧНАЛО И КОГА ЌЕ ЗАВРШИ.

Единствена потврда ни се материјалните докази и остатоци. Засега временски најодалечен доказ ни се записите на коска пронајдени во Билзингслебен (територија на сегашна Германија) односно Зета Мадонија-Македониа. Записот на коска е првиот доказ за постоење на македонско писмо, јазик и цивилизација од пред 400.000 години. Со тоа не смееме да го занемариме тој факт и притоа да го сметаме за неважен, нецивилизациски и да го сместиме во нешто што е пред наша ера, дивјачки, неандарталски, односно да не го сместиме во историско време.

bilsing
„Дух божји Македон – сказалка на времето“ Билзингслебен (Bilzingsleben), Зета Мадонија – Македониа, Лужице (денешна Германија) пред 400.000 години, македонска ера до денес. Извадок од книгата „Зета Македониа“ стр. 183.

zeta-makedonija-2
Со овој прочит а и многу други, кои се наоѓаат во книгата „Зета Македониа“, докажуваме за постоење македонска држава на денешна територија наречена Германија.

„Тешту востани“ Пештера Vogelherd, Зета Мадонија (во југозападниот дел на денешна Германија) пред  42.000 г. македонска ера, стр.186

Еден од најверодостојните сведоштва за тоа како идејата за категоријата време ја воспоставиле Македонците уште пред 8.000 години македонска ера, подетално ќе прочитате во книгата „Зета Македониа“ (Бранко Сотировски, стр. 170). Всушност, на една глинена плочка (пронајдена во Зета Мадонија – денес наречена Романија, територијата по течението на реката Дунав, според писмени остатоци наречена е „Мадонија“ или Македонија), претставени се Македонските теории, за кружното движење на временскиот циклус од четири годишни сезони, линеарна вечност од земјата кон вселената и со писмо ЦУТНО (денешната кирилица). Плочката го содржи историскиот запис: „ТЕШТУ СОНЦЕ ИТАЈ. ТИ ИЛ ПРОЛИ ГИ СОНЧЕВИТЕ ЗРАЦИ ВО ТРИ ПРОЛЕТНИ МЕСЕЦИ“. Овој запис дел е од македонската наука, претставена преку монотеистичката вера во Господ Сонце ИЛИ. Овој запис заедно со стилизираната форма на сонцето претставува КЛУЧ НА ВРЕМЕТО.

amajlija-od-glina
„Амајлија од глина“
(Зета Мадонија – денес наречена Романија, македонска ера пред 8.000 г. пронајдено на десниот брег на Бистрита.) Извадок од книгата „Зета Македониа“ стр. 170.

Овој текст недвосмислено ја пренесува научната мисла за времето. Тешт е стариот Македонски цар,  старото сонце или најдолгата ноќ. Тештот ја персонифицира  годината во изминување а тоа е денот XXII-ри декември. По изминати три дена или на XXV- ти декември ноќта ќе се намалува а денот ќе се зголемува, кога ќе воскресне младото сонце или новиот Зет.

Истата погоре спомената споредба за противречностите и парадоските во однос на времето, може да ја користиме и кај предметите. Постои изрека „старо злато“. Веднаш ќе се запрашаме дали постои „старо злато“. Златото како метал нема старост, димензијата време не влијае на златото. Од металот злато ако го обликуваме во форма, во мигот на раѓање на формата, на злато му се вдхнуваме душа. Душата на предметот ја оформуваме со уметничкиот израз. Од тој миг, предметот со одредена душа, почнува да старее, но металот сé уште нема старост. Металот злато во одреден временски период, може да ја смени својата физичка форма или вдахнатата душа, но во друг временски период со помош на Господ Сонце ИЛИ или со помош на боговите Македонци ќе реинкарнира во друга форма со друга душа –уметнички израз.

Сите форми во природата ги раѓа Мајката Земја со помош на уметничкиот израз на Господовата душа во облик на сончев зрак ИЛ, вдахната во секој новороден предмет.

Основната карактеристика на македонскиот народ е тоа што тој е: Словесен, словосвесен, словогледен, тоа се луѓе СЛОВОВЕДИ, но во ни еден случај не се Словени. „Словени“ не е термин за народ, тоа е опис, особеност на македонскиот народ што тој како карактеристика ја оставил низ времето. Исконското име за денес наречените словени е името Македонци. Сличен е терминот што погрешно се употребува за измислениот народ „ГОТИ“ или „ГОЈДЕЛИК, Терминот „ГОТ“ на македонски значи СКОТ, односно СТОКА. Ден-денес во охридскиот дијалект се употребува терминот ГОJДО со значење говедо. Од зборот ГОЈДО произлегува и зборот ГАЈДА.

Врз основа на ова, можеме да кажеме дека таканаречените западни принципи и гледишта на историјата, која е тесно поврзана со категоријата време, запаѓа во противречности, кои доведуваат до парадокси и бесмислици. Претставата дека современите таканaречени Грци се потомци на таканаречените антички Грци, кои не постојат, е конструкција на европските интелектуални радикални кругови во 18 и во 19 век. Всушност името „Грци“ за прв пат бил употребенo од Римјаните, нарекувајќи една мала група на племенска заедница од семитско-арапско население, кои биле крадци и измамници. Овој термин е употребен од западната наука за да измисли современи Грци, кои ќе бидат потомци на имагинарните антички, за да ги идеализира како основоположници на европската демократска историја, а парадоксот е тоа што, всушност, државата Грција е формирана 1832 година. Сите општествени појави пред тој датум, се создадени од народ кој не се викал со името Грци туку единствен познат народ биле Македонците. Оваа криминализирана историја западните „научници“ ја пласираат со гордост.

Изгледа дека погрешните уверувања, согледувањата и интерпретациите на целокупните цивилизациски достигнувања од минатото се провлекуваат и репродуцираат до денес. Но, противречностите сѐ сеприсутни од аспект на тоа што, доколку една држава е новоформирана вештачка творба, не би можела да го понесе со себе и „багажот” од некое минато што не ѝ припаѓа, затоа што не постои во минатото. Следствено, термините: „Старите Грци“, „Стариот грчки јазик“, „Старата грчка филозофија“, „Грчка митологија“, „Старото грчко писмо“ и други, се бесмислени, бидејќи нешто за да е старо треба да помине извесен временски период, односно да ја помине линијата во континуитет на нештата, затоа што и ние луѓето не сме стари во моментот кога ќе се родиме, како во случај со денешна Грција.  

Постојат и некои теории за категоријата време кои ја земаат можноста низ него да се патува, односно да се движиме напред и назад во различни точки. Некои интерпретации на патување низ времето, сугерираат дека патувањето во минатото може да го одведе патникот во паралелен универзум, чија историја ќе почне да се менува од моментот кога патникот ќе пристигне во минатото. Но, сè уште не се знае дали законите на физиката ќе дозволат патување во минатото. Засега, теориите за патување низ времето се во доменот на научната фантастика. Научна фантастика е можноста да постојат стари Грци. Народот пред 1832 г. со сите културолошки достигнувања како историја на светот се Македонците во нивната држава Македонија. Овој „научен“ срам што го пласираат западите теоретичари е без исклучок уште посрамен за таканаречените „научници“ од источниот блок, во кој спаѓа и научната мисла кај некои Македонци, кои слепо ја прифаќаат измислената лага, се отсликува во композицијата „Слепец слепци води“ oд Питер Бројгел.

slepec-slepci-vodi
„Слепец слепци води“ – Питер Бројгел

На овој начин се губи македонскиот идентитет во Зета Македониа Европа, во времето и просторот. Се губи континуитетот на македонскиот народ во сите новоформирани племенски заедници (држави) во Европа. Се губи европската историја. Се губи основата на европската култура, како луѓе дојденци од никаде.

(Констатирано според доказниот материјал обработен во книгата „Зета Македонија“ од Бранко Сотировски. Повеќе информации и содржини погледајте на http://zetamacedonia.com/default/zeta_makedonija-6541-116)

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top