Коментари

Мане Јаковлески – Мојот пресврт

mane-makedonija

mane-makedonija

Мојот поглед: ни за Запад, ни за Исток, туку за Македонија, за мир и добра воља меѓу луѓето, за човечност и верба во Бога. 

Долги години живеев на Запад, младоста и зрелите години ги поминав во Берлин. Сонував заедно со другите патриоти за денот кога ќе падне железната завеса, кога ќе му дојде крајот на комунизмот, кога ќе завладее демократијата. Таква каква што ја гледав или сакав да ја гледам, далеку од мојата родна Македонија, која живееше во кафезот на комунизмот и едноумието.

Југославија не беше исто што и Советскиот сојуз, но не беше ни исто со светилникот на демократијата во тоа време, САД.

Беше нешто помеѓу, но сепак недоволно слободна и што е најважно, не ја чуствував како моја. Ја гледав како затвор во кој беше затворен сонот за Македонија. Затвор за мојот сон.

Светот во тоа време беше доста едноставен за разбирање. На едната страна беше Советскиот сојуз, олицетворението на злото, на другата беа САД, олицетворението на се што сметавме за добро, а демократијата пред се. но се случи и тоа што се случи, на моја голема радост, ѕидот во Берлин падна, а Советскиот сојуз се распадна. Се радував силно и искрено како и сите кои верувавме во сонот за демократијата и во нејзиниот светилник, САД.

Но, занесот не траеше многу долго. Нашиот идол, нашата светиња, иконата на демократијата, САД, почна да покажува поинакво лице. Русија беше во хаос, а САД не бираше место и начин како нејзината мизерија да ја направи уште поголема а понижувањето уште поголемо. Премина преку ветеното на крајот на студената војна. Со секој ден, и не само јас, станувавме свесни, дека демократијата е изманипулирана, злоупотребена токму од тие што ги сметавме дека се синоним за демократија, од САД.

Наместо мир и просперитет во светот, САД почнаа да шират страв и терор, со стотици иљадници цивилни жртви, ладнокрвно наречени “колатерална штета” на воените дејствија, кој и не само патем речено, не беа одобрени од советот за безбедност на ОН. Се случија агресиите врз Србија, врз Ирак, врз Либија. (Среќа што мрачното сценарио не успеа да го повторат во Сирија благодарение на цврстиот став на Русија, но затоа пак во Европа ги имаме стотиците иљадници мигранти од сите земји кај што САД однесоа “демократија”.)

Од НАТО направија клуб на патетични вазали, а од ЕУ само послушник за одлуки што не се донесуваат во Европа, туку од другата страна на океанот. Оние кои гледаат со отворени очи набргу со ужас сфатија дека САД со своите свесни или несвесни потези стои позади најголемите терористички организации чии злодела го одбележаа почетокот на новиот век. Да, мислам на Ал Каеда, на ИСИС.

Разочаран сум, се прашувам дали сум бил наивен верувајќи во големата шарена лага сервирена од “Вујко Сам”. Ги гледам и не можам да си одговорам на прашањето дали во меѓувреме нешто се случи со САД и вака забеагаа, или цело време биле такви ама при здрави очи тоа не сум го гледал како што и многумина не го гледаа.

Во светот денес изгледа како улогите во целост да се променија. САД станаа она што беше Советскиот сојуз, а Русија стана симбол за чесност и принципиелност, како што некојпат ги сметав САД. 

Не можам а да не се навратам и на меѓуетничките односи, мислам на односите помеѓу Македонците и Албанците. Но и тука е видлив кој е изборот на САД. Да не заборавиме дека Вудро Вилсон стоеше позади формирањето на Албанија, исто како што и Косово беше креација на Бил Клинтон. Дали неговата сопруга, претседателскиот кандидадт Хилари Клинтон ќе биде таа која ќе ја запечати судбината на Македонија во полза на албанската кауза? Сериозно прашање за сериозно размислување.

Американците се тие кои ќе си одлучат на изборите за кого ќе гласаат. Да бев американски граѓанин, сигурен сум дека би гласал за Трамп. Но не сум. Македонец сум. Затоа гласам за Македонија. Колку и да е несовршена. А шарените и други бојадисни револуции, кога тогаш, ќе им се вратат на оние кои ѓи режирале и платиле. Има Господ. И има ред на светот и векот.

МАКЕДОНЕЦ сум затоа што: Сум МАКЕДОНЕЦ по род, култура, историја, традиција!Зборувам MАКЕДОНСКИ! Ја чувствувам крвта МАКЕДОНСКА во моите вени! Сум од родот древен на Филип и Александар! Сум МАКЕДОНИЈА – земја библиска, една и единствена, од секојпат и за секојпат!

Вечна да е Библијска Македонија, Амин!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top