Коментари

Во духот на Велигден, до сите праќам порака за мир и добра воља,со верба во Бога и грижа за блискиот

mane-makedonija

mane-makedonija

Денес сакам да кажам каков го посакувам светот. И верувам дека со Божја сила, таков и ќе биде.Мојот поглед: ни за Запад, ни за Исток, туку за Македонија, за мир и добра воља меѓу луѓето, за човечност и верба во Бога.

Моето лично обраќање до сите што ја следат Македонска нација од минатата среда, 27 април, ме поттикна за ова што го пишувам и го објавувам сега. Датумот на објавување, срада, 4 мај, има симболика. Три дена по Велигден, но и датум на кој се сеќаваме како ден на погибијата на симболот на македонскиот непокор но и мудрост, Гоце Делчев.

Одбележувањето на воскресението на Господ Исус Христос на Велигден го симболизира и возобновувањето на вербата во од Бога благословената добра воља меѓу луѓето со завет кон добри дела во слава Господова. А Гоцевата мудрост не потсетува на библиската порака да се љуби ближниот свој, учејќи дека “светот го разбира само како поле за културен натпревар меѓу луѓето”.

Сите ние смртниците, сите ние што во буквална смисла на зборот сме само гости на овој свет, иако на различен начин го славиме Бога, сме од Бога создадени. Само со взаемно прифаќање во различностите и со меѓусебно почитување ќе ја изразиме нашата посветеност кон Неговата премудрост и благодарност што чекориме по светот. Искрената вера во Бога не насочува да правиме добри дела и да се радуваме во мир. И да се молиме за оние што го згрешиле патот.

Со ваков вовед, верувам дека веќе претпоставувате за тоа каков го посакувам светот. Свет со многу повеќе човечност, а помалку бездушност, свет со многу повеќе искрена вера во Бога а помалку одглумена побожност, свет во кој ќе бидеме свесни дека ние, што сме живи денес, само сме го позајмиле светот од генерациите што ќе стасуваат после нас (ништо ново не сум кажал. Било многупати речено, но не сум сигурен колку било разбрано).

Да се навратам на претходниот текст. Денес сакам да кажам каков го посакувам светот. И верувам дека со Божја сила, таков и ќе биде.

Денес ќе речам Европа на Евопјаните, ама не како фраза. Мислам на Германија на Германците, Франција на Французите, Италија на Италијаните…

За САД и Русија… Наместо да се натпреваруваат кој колку оружје има и кој колку пати може да ја уништи планетата, како велесили, заедно со Кина, да ја превземат одговорноста за судбината на светот и тоа за сузбивање на сиромаштијата, болестите, уништувањето на природата… Истите пари што ги трошат за рамнотежа на страв, можат да ги трошат за благосостојба и добрина.

Посакувам светот да се потпира врз вера во Бога и мир и љубов меѓу луѓето, а не врз страв и закани. Парите потрошени за лошо, можат да се инвестираат во арно. Добра вест во медиумите да биде информација за она што е добро и го слави животот, а не за добра вест да се смета само вест за злодела, уништување, злоба и омраза.

Каде е Македонија во сето ова? Ај да почнеме прво од себе. И околу себе. Не мора и не може сите исто да мислиме, ама да се почитуваме, тоа и можеме и мораме. Наместо страв и ривалство со комшиите, да најдеме што е тоа што не поврзува и што заедно го споделуваме.

Не ми се допаѓа кога велат “Југоисточна Европа”. Безбојно е, бљуткаво. За мене Балканот е бескрајно вреден. Јас сум ЗА Балкан. Балкан не како буре барут, туку Балкан како расадник на добра воља и добра мисла.

Во духот на Велигден, до сите праќам порака за мир и добра воља, со верба во Бога и грижа за блискиот свој. Да помагаме онаму каде помош е потребна, и да се придружиме во радоста онаму каде се радуваат. Како што напишав на почетокот, иако на различен начин, сите заедно да го славиме Бога и да сме благодарни што сме во Неговото провидение.Амин!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top