Коментари

Македонија седи на буре полно со барут!

kostadin-kerpicoski

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Да да, многу убаво прочитавте, а допрва ќе ви биде јасно од понатамошниот текст дека нашата една и единствена татковина Република Македонија е темпирана бомба и дека буквално “седи” на буре барут!

Еве ќе почнеме со ред, се сеќавате сигурно дека се започна со рускиот гасовод кој требаше да минува низ Македонија, средината на кризата настана со почетокот на мигрантската криза и на крај целата оваа ситуација ќе ја достигне својата кулминација со настаните од Куманово пред точно една година каде невини припадници на МВР ги положија своите животи бранеjќи ја својата една и единствена татковина!

Од како овие настани некако спласнаа и фамата околу нив престана се крена нова “војна” во Македонија, војна отворена од опозициската СДСМ, а под покровителство на странскиот фактор.

Војна чии механизми се етнички конфликти, верски конфликти и граѓански насилни протести се со цел исполнување на целта, а тоа е редефинирање на Македонија или пак целосно бришење на истата како воопшто и никогаш да не постоела…

Дел по дел сценариото смислено од чадорот се реализира благодареjќи на опозициската СДСМ која делува на територијата на Македонија поткрепена со финансиите од СОРОС (невладината организација) организација која троши по петнаесет илјади евра на ден за рушење на актуелната легитимна власт на сила!

Е сега за наша голема среќа, а нивна голема несреќа Македонија сеуште не стигнала до таму до каде што стигна Украина и тоа не затоа што нешто не е исполнето од сценариото ами затоа што странскиот фактор не ги проценил добро неговите извршители и пред се Македонскиот народ, тој народ кој во ова демократско општество одлучува сам за својата иднина и својата судбина.

Од ова произлегува дека ниту еден народ, а најмалку Македонскиот е способен и сака да ја потопи својата држава, својата единствена татковина. Исто така можам да гарантирам дека актуелната власт се базира на своите патриотски чувства особено сега кога и сме најпотребни на нашата држава.

За да горе наведеното го потврдам ќе ве потсетам само на пресс конференцијата на политичката партија “БЕСА” која е коалиционен партнер на СДСМ. Во нивната изјава тие слободно и без влакна на јазикот ги искажуваат своите пусти желби, желби за редефинирање на Македонската држава.

Исто така ќе ве потсетам на терористичкиот напад на територијата на Куманово пред точно една година за кој знаеме дека е организиран од Албанци од Косово со помош на месното население во Куманово, се разбира на дел од населението.

Ќе ве потсетам на изјавата на опозицискиот лидер за тоа дека се согласува да се изнајде решение за името на нашата држава всушност да се промени името во име кое ќе го прифаќа и нашиот сосед Грција..

Дали треба да ве подсетам кој се тоа се исмева на насилните протести и исфарбани војводи ?!

Ете тоа се тие докази за поврзаноста на опозициската СДСМ со другите горе наведени, за нивното дејствување и делување и за нивната крајна цел, додека пак тоа што се уште се на  слобода виновниците е доказ  дека ЧАДОРОТ е тој кој ги заштитува и тие одработуваат за неговата воља.

Јасно е, Македонија е мала држава со околу два милиони жители, но е држава која што има извонредна географска местоположба, и држава која што е на клучно место особено за менаџирање на актуелната мигрантска криза создадена и наметната исто како и политичката криза кај нас, вештачки и намерно!

Јасна е целта, Македонија со една силна историја и бурно минато е трн во око на сите, целта е редефинирање или целосно бришење, да не постои Македонија како таква, а ние да бидеме некој друг народ, народ без историја, без свој јазик, без своја култура, а тогаш што сме ние и кои сме воедно?!

Токму затоа имам да им порачам на овие душмани дека Македонија постоела и ќе постои, дека Македонскиот народ е напатен народ кој е задоен со патриотизам и дека воопшто не е мутав и знае како и на кој начин да си ја одбрани својата држава, својата единствена татковина Македонија!

Македонија на Македонците!

Да живее Република Македонија!

Ја сакам мојата чудесна земја Македонија!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top