Коментари

Што и се случува на Македонија?

Клаудија Лутовска

klaudija
Клаудија Лутовска

Македонизам или Макијавелизам !? Кој е натрапникот а, кој предавникот?

„Македонија е единствената земја во светот, која се граничи сама со себе“- пораката ја слушнав неодамна, но, кажаното ја донесе тежината на овие едномесечни настани и носи нов аспект на пораката „Македонците се оградуваат и ограничуваат сами од себе…“

Поаѓајќи од фактот дека ниту една „промена“ не се случува преку ноќ, овие бои на денешницата влечат подолготрајни временски процеси.

Она што моите Македонци не го гледаат е дека сме сите „една куќа“. И нормално прашањето „Што ни се случува?, Што и се случува на Македонија?“

Многу медиуми ја нарекуваат Македонија протекторат уште од 2001-та, Македонците под многубројни притисоци, сеуште не паднаа на испитите државност, уставност, националност, добра политика… Премногу притисоци од надвор, а уште повеќе одвнатре. На Македонија сакале да признаеме или не и се случува Политичка пародија, каде има две суштини Македонизмот и Макијавелизмот.

Но, единствено во еден став се сите македонски политички партии едногласни „НЕМА МЕНУВАЊЕ НА ИМЕТО И УСТАВОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“.

Има многу толкувања, најповеќе препукувања во внатрешно политичките збиднувања, криминал, осуда, истраги, но, она што ја загрозува целата ситуација доаѓа од надвор.

Зошто САД/ЕУ сакаат да нема избори во Македонија?

Одговорот е едноставен, за да не се создаде влада која ќе има легитимитет од народот и можност да каже “НЕ“ на промената на името и структурата на државата (федерализација).

Зошто да каже “НЕ“?

Затоа што ниедна политичка партија не може сама да го смени името и да не го заврши својот политички (и физички) живот. Ниту пак таквата одлука ќе има легитимитет, бидејќи друга партија/влада може да ја смени одлуката.

Што им преостанува на САД/ЕУ да прават?

Да инсистираат на “експертска“, “транзициска“, “влада за спас“ т.е. шарам-барам влада составена од главните политички партии која ќе ја понесе заеднички одговорноста за тоа недело. Само така САД/ЕУ ќе глумат легитимитет (демек сите одлучиле) и ниедна партија или ентитет нема да може да го искористи моментот политички да поентира против другата. Впрочем, истата шема ни ја направија и со донесувањето на тнр. Рамковен договор.

Како САД/ЕУ да стигнат до целта?

Потребно е да направат хаос кој ќе даде прилика да се состави “шарам-барам“ влада.

Што не смее да има за САД/ЕУ да ја остварат целта?

Не смее да има собрание. Ако има избори, ќе има собрание. Ако има собрание, ќе има и слободна воља која 120 души ќе ја изразуваат (воглавном) индивидуално. Во такви услови, одлука за промена на името имногу тешко ќе може да биде донесена.

Но ако САД/ЕУ создадат криза, ќе направат да седнат 4 души кои што се под контрола, односно се уценети, да ни ја решат судбината. Исто како во 2001-ва кога за сите нас одлучија двајца (терорист и криминалец) и двајца предавници.

Денес, лидерите на најголемите политички партии во Македонија,  длабоко забраздени, се идеални пленови да исполнат се’ што бараат САД/ЕУ. За дел од партиите постојат сознанија дека се теледелегирани од надворешните заедници.

Како да се изведе промената на името кога македонскиот народ има природно право на свое име ако има своја држава?

Преку ПРОМЕНА НА ДЕФИНИЦИЈАТА ЗА ДРЖАВАТА. Ако Македонија претставува национална држава на македонскиот народ кој веќе си има свое име за таа држава, кое што е потврдено на референдумот во 1991-ва година, тогаш нема можност да се извади легитимна причина за промена на името.

Но, ако се формира НОВА ДРЖАВА, која ќе биде поинаква по својата суштина и дефиниција (значи не национална држава на македонскиот народ), тогаш ЛЕГИТИМНО е таа НОВА ДРЖАВА да има НОВО ИМЕ кое ќе ја одразува новата реалност.

Ете затоа САД/ЕУ бараат преку своите полтрони редефинирање на државата Македонија како БИНАЦИОНАЛНА ДРЖАВА на Македонци и Албанци.

Што САД/ЕУ додатно добиваат со редефинирање на државата Македонија?

Внатрешна поддршка од Албанското лоби за промена на името. Ако таа државата е национална држава на македонскиот народ, тогаш на Албанското лоби не им е гајле како ќе се вика, тоа не ги допира нив.

Но, ако ја редефинираме државата како политички компромис меѓу Македонците и Албанците, заедничка држава каква што е Швајцарија (заедничка компромисна држава на Германци, Французи и Италијанци), тогаш Албанското население во Македонија се пронаоѓа во проблематиката. Тогаш тие ќе бидат за промена на името, на химната и на секој нејзин дефинирачки елемент. Впрочем, Албанското лоби веќе бара промена на химната, зошто таму се пее за македонската борба, имињата са на Даме, Гоце, итн.

Што уште не смее да има за да се оствари планот на САД/ЕУ?

Претседател. Држававата мора да остане без сите легитимни иституции кои можат да оспорат било каква одлука која ќе ја донесат уценети глави. Сега во време кога нема собрание и влада, САД/ЕУ притискаат претседателот Иванов да поднесе отставка.

Зошто се прави целава „ујдурма“ од САД/ЕУ во Македонија наочиглед на сите?

Новиот силеџија домакнат од Германија, јасно кажа “нема многу време за решавање на работата”. Тој зборува за нешто конкретно. До самитот на НАТО има помалку од 2 месеца.

Ете ЈАСНО ПРИЗНАНИЕ зошто е создадена кризата во Македонија. Инаку за какво време може да зборува, ако е само криза поради општествените прилики во државата??

Па ние ќе ги решаваме и 10 години ако сакаме, наша држава – наш проблем. Арно ама, работата е Македонија да биде примена во НАТО за 2 месеца.

Да ги додадеме и протестите на Албанското лоби, кои во општествена криза лансираа етнички и национални барања.

Каква врска имаат со граѓанска сфера?

Никаква.

Да ги додадеме и изјавите на американските амбасадори Џес Бејли и Метју Нимиц дека сега ни било времето да го менуваме името (изјави што немаат никаква врска со граѓанска сфера и со општествено-економски проблеми па и нечии криминали).

И на крај, да ја додадеме и изјавата на претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, дека тие не отстапуваат од црвената линија за промена на името. Тогаш станува кристално јасно зошто е направена целава папазјанија, зошто се ползувани снимки за уценување на политичари, организирани тнр. “невладини“ организации да дивеат и вандализирааат, и кој/како е впрегнат во неа.

Ова е време во кое ние Македонците не смееме да бидеме слепи патници во кордонот кој ни ја решава судбината по цена на наше непостоење. Мудроста на македонските политичари во овој историски момент не смее да изостане, а ја имаме ли?

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top