Коментари

ВМРО ДПМНЕ ја започна битката за одбрана на Македонија од „шарената банда“


Свекрва

Социјалдемократската партија (СДПМ се повлече), тие отпаднаа од трката, а СДСМ, ДУИ и ДПА како што и најавија нема да учествуваат на изборите. Отсуството на последните три партии потписнички на договорот од Пржино, Брисел го искористи да порача дека не се исполнети условите за одржување избори на 5 јуни, а владата која ќе произлезе од нив нема да биде прифатена од меѓународната заедница. Меѓутоа, учеството на овие избори ќе станат референдум за опстанокот на Македонија.

„Шарената банда“ на сдсмовски и соросови платеници, кодоши и хулигани, кои долго време протестираат и ги обојуваат градовите во своите препознатливи бои, боите на виножито, барајќи избори и промена на власта, и покрај договорот од Пржино, сега кога требаа да се соочат на предвремени избори закажани за 5 јуни, се уплашија и избегаа од соочување. Се откажаа велејќи дека нема услови. Се откажа и владеачката албанска партија ДУИ, прекршувајќи го Договорот и бесата дадена на својот коалиционен партнер ВМРО ДПМНЕ.

Во услови кога во земјата секојдневно се продлабочува политичката и безбедносната криза, во услови кога опозицијата ја блокира работата на институциите и прави непроценливи штети на Македонија, ВМРО ДПМНЕ како владеечка партија пресече. ВМРО ДПМНЕ без разлика дали ќе има противник или не ќе ја предводи коалицијата „За подобра Македонија“, на изборите на 5 јуни. Агонијата во која опозицијата ја втурна Македонија мора да престане.

Тоа што СДСМ, бега од избори, тоа што ДУИ и ДПА не излегуваат на избори, а Брисел ретерира од договорено, само ги потврдуваат стравот на СДСМ, другите агенди на Албанците и двојните стандарди кои ЕУ ги има кон Македонија. Само одлучен одговор на македонскиот народ може да ја зачува земјата на нашите претци од нови делби.

Тоа недвосмислено може да се види и од изјавата на портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич, која за ДВ вели: „Сметаме дека не се исполнети ниту минимум услови за овозможување веродостојни избори на 5 јуни 2016, кои би можеле да бидат признаени од меѓународната заедница“. Пренесувајќи ја пораката таа истовремено упати остри критики и до политичките лидери дека нивното однесување „ќе има сериозни последици“, притоа нотирајќи дека неколку партии не поднесоа кандидатски листи до Државната изборна комисија во законскиот рок. Со тоа таа посочува дека лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА, кои се потписници на договорот со своето однесувањето ја оддалечуваат земјата од евроатланските интеграции.

Изјавата на Коцијанчич дека „во актуелните услови, која било влада која ќе резултира од избори во кои трите најголеми партии не учествуваат нема да биде кредибилен партнер за меѓународната заедница“, како што веќе спомнавме е очекувана. Од ВМРО ДПМНЕ, кој е против бојкотот на изборите, велат дека и тие не сакаат такви избори и победа, без противник. Сепак, според нив, „граѓаните го даваат легитимитетот, а ЕУ може да не го признае целиот процес, но зошто да не ги признае резулатите, ако нема никакви инциденти при гласањето“.

Како и да е, ВМРО ДПМНЕ сака победа која ќе биде признаена, победа на избори на која ќе излезе опозицијата. Тоа го сака и народот, па оттука, според сценариото кое се најавува од партијата, веднаш по формирањето на новото Собрание, тоа ќе биде распуштено и ќе се оди на нови избори. Сето ова, изгледа како запазување на процедурата за излез од кризата. Сепак, изборите на 5 јуни без опозицијата, всушност преставуваат референдум за Македонија, референдум на кој граѓаните треба да кажат во каква Македонија сакаат да живеат.

Во овој момент сите говорат за правна држава, а ништо не е легитимно. Корените се длабоки, а на нив им кумуваат СДСМ, Албанските и меѓународната заедница.

Уште од осамостојувањето под притисоци и уцени државата беше видоизменета (делење државјанства, Устав, знаме, привремена референца, рамковен договор, територијална поделба и т.н.). Некоја чудна смисла за демократија и хуманизам на меѓународната заедница.

Денес благодарение на сите остапки дадени без да се праша народот, трите столба на државата законодавната, извршната и судската власт целосно или делумно се блокирани. Имаме техничка влада, Собрание распуштено, „параинституција“ од Специјално обвинителство. Само претседателот на државата уште функционира, но и тој е под постојан притисок.

Политичката криза во која опозицијата предводена од СДСМ ја втурна Македонија е најсериозна од осамостојувањето до денес. Развојот на настаните се закануваат по безбедноста на земјата и ја носат кон ивицата на провалијата. Затоа на земјата и е потребно итно решение. Со оглед дека опозицијата нема ниту капацитет, ниту знаење да ги превенира настаните, владеачта партија ВМРО ДПМНЕ тргна во битка за спас на Македонија.

Единствено во овој момент тоа може да се направи со одржување на избори, па дури на изборите да учествува само една партија, што е во случајов. Народот мора масовно да го искаже својот став.

Не се работи овде за ВМРО ДПМНЕ, туку за Македонија. Изборите на 5 јуни се битка за зачувување на Македонија, тоа е своевиден референдум на кој македонскиот народ треба да му ја покаже својата цврста воља на меѓународната заедница.

Македонците овој пат не смеат да си дозволат да наседнат на шарените лаги на „шарената банда“, како и на тоа дека „некои прашања не заслужуваат одговор“, како што беше за време на референдумот за територијална поделба во 2004 година.

Овој пат СДСМ треба да добие решителен одговор “Не“. Не на нивното владеење кое носи промена на име, федерализација, поделби, конфликти, невработенос и т.н.

А секој масовен и решителе одговор на Македонците ќе мора да го признае и меѓународната заедница.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top