Коментари

ПРИ (НАДВОРЕШНА) СИЛА НЕМА (ДОМАШНА) ПРАВДИНА

Петре Кривчевски

Трпиме и врвиме денови на опасно дивеење. Не дека некогаш Македонија била оставена на трунка мира, а за раат и ич муабет да не правиме, ама „македонското сценарио“ (и јавно според А.Вучиќ) и на најладните веќе им ги вжешти нервите. Т.н. шарена револуција на платениците однадвор и следбениците однатре се повеќе наликува на катадневна силум пенетрација и ја обременува ситуацијата со тенденција, скраја дае, да се изроди и нешто повеќе. Ни твое ни мое, на надворешните демо(н)крати кои и го зачнале ама кои ни за жива глава не би го признале. Од која мака, па они се безгрешни така да „копилето“ само нека си го бара чарето, или тие околу него.

Туку вака! Откога Груевски со декадната работа и дела стана премногу „висок“ и нед(с)опирлив за декадентната опозиција, „пријателите“од „меѓународната“ увидоа дека ѓаволот ја однесе шегата со еволуцијата па го притиснаа копчето за старт на фарба револуцијата. Свилениот гајтан околу неговиот рејтинг уште одамна се плети но сега почна и јавно, јасно и гласно да се затега. Иако десница, иако прозападна, ама прогресијата на економијата и уште повеќе надмоќта над опозицијата им ја мати водата. Но и умот! Од каде до каде една рака народ од националната партија се дрзна да му пркоси на чадорот од „факторот“?

Во принцип во политиката нема пријатели, левица – десница или не знам каква идеологија. Едно е теорија, друго е прагма. Гол интерес. Кога си силно слаб те поддржуваат и потхрануваат за утре-другиден да им се најдеш и слугуваш, но а се накрена и крена глава одма и поткрепата се префрла. Апсолутната независност апсолутно не им одговара и апсолутно не се толерира. Или ти марионета или ти ја виткаат раката, ти кризира државата па има да те нема според методите и „Мустрите за револуции“ на моќните. Хегемонијата била и останала, се менуваат само таргетите, методите и изговорите: кусок од деморатија, вишок од партија, поробени медиуми, човекови слободи… „се по список“, ќорава им страна.

Така, сега Груевски им е ловината а Заев пушката. Доколку пак во некое идно време улогите се променат и, да речеме, Заев ќе биде диригентот на владиниот оркестар а кој не свири по нивните ноти, истата (стара) песна го чека. Во истиот аранжман само со некој друг (кон)текст. И тогаш, во тој случај ако не слуша добро и си седи мадро и тој ќе носи модро. Ќе протече вистината за митата, тендерите, роднините и бизнисите, ќе се побара преиспитување на аболицијата и за „Глобал“, ќе се отворат архивите и снимките за канибал изјавите…. па сегашните учкур-и-гаѓи пријатели ќе постанат далечни и опоненти. Потполно истото важи и за Ахмети. И за секого – за интереси се работи. Бре!

Полека но сигурно нишанот ќе се наврти на до вчера партнерот оцрнувајќи го дека тој е ѓаволот што наводно го загрозува поредокот, домашниот а со тоа и меѓународниот, практикува режим, диктатура… дрн-дрн-јариња, ќе му наредат извори изговори по нивни терк и потреби. Ќе потплатат „Канваси“ и му навртат медиуми и невладини така што игра(нка)та ќе се промени за рамно 180степени. Дијаметрално спротивно. Затоа колку утре, да речеме, место Заев – Груевски да свитка кичма и се повини на нивните ултиматуми па погази зборови и заборави на референдум, име, идентитет и други национални интереси, а кои му пркосат и се косат со нивниот и повеќе од безобразен и безобзирен хегемонизам, тој ќе е шареното цвеќе за мирисање, ич да не се двоумите.

Јасно е: никој, никаде, никому нешто за ништо не дава а камо ли милон тајни снимки. Само глумат загриженост а секој „чадор“ си има своја (у)цена, чиј и дае. Порано или покасно фактурата ќе биде испорачана само во прашање е сумата и посебно каматата. Па иако на подарениот коњ не му се гледа во забите историјата говори дека по правило и без исклучок тој е „тројанец“. Оти, доколку не беше така, и доколку хегемонијата не им беше во главата и стратегијата денес ќе немавме милиони боеви и нуклеарни глави наспрема билиони гладни усти и боси нозе. Вистината била и останала: шарени црнила! Колку за богатите пошарено толку за сиромавите поцрно. Некој умира а некој на негова сметка и врз неговата несреќа ужива и кој не ја разбрал така суштината ај што го преспал минатото туку ја промашува сегашноста и набавтана, потамина „цапа“ кон иднината.

Инсталирањето на вазали било и останало цел и стратегија на моќните ширум белиов свет и потоа се знае, контролирана (не)стабилност. Крлешка! За послабиот поткрепа за посилниот поттепа и ете ти афричка пролет, српски, украински, македонски сценарија, либиска, сириска, иранска, ирачка пл(љ)ачка. Да, сурова ама таа е вистината: при надворешна сила нема домашна правдина. Алчноста е ламја несита и за жртви не „пита“ се и само да (ќелепур) цицне некој и друг барел нафта, шмукне троа гас, откопа рудичка, инсталира базичка… или накратко да скрше несвиткана кичма и покори непослушна влада, држава, народ, нација.

П.С.  Лажичка ишарет лаф-муабет за мукает на заведените и заслепените од шарената лагичка: познато е и историски потврдено, револуцијата ги јаде своите деца но не и покренувачите. После „бурата“ и фрлањето на „гуната“ тие се вдомуваат а децата се снаоѓаат кој како умее доколку, се разбира, не бидат проголтани од новите тазе функционери а доскоро нивни водачи, идоли, идеолози, стратези.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top