Коментари

Македонските борци на Сремски фронт

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Припремил Тихомир Каранфилов

Сремскиот фронт е формиран во Втората светска војна кон крајот на 1944 година од страна на германската војска која се повлекувала од реонот на Белград и силите на НДХ кои биле потчинети. Тактичката команда до 3 декември 1944 ја имала Втората оклопна армија, а потоа ја превзела групата армија „Е“. Сремскиот фронт за германската армија имал големо значење, бидејќи на тоа место се штител единствениот пат за извлекување на Групата армија Е.   

Сремскиот фронт се зодава по ослободувањето на Белград, а стабилизиран во втората половина на јануари 1945 на линијата Мохово – источно од Товарник – западно од Шид – Илинци – река Босут – Батровци. Во јануари 1945 година со наредба на ВК на НОВЈ биле формирани I, II и III, а на 1. март и IV армија на НОВЈ.

Наместо на Солун македонските војници се преврлени на Сремски фронт. Во јануари 1945 година XV МНОУК бил префрлен во Земун. Формациски влегол во составот на Првата армија. Бројната состојба на корпусот на 21 јануари изнесувала 15.400 борци и старешини. Во текот на март 1945 година на корпусот формациски му се придодадени I и II македонска артилериска бригада. Борците биле вооружени со ново, посовремено оружје добиено од советската армија.

Македонскиот XV корпус во состав од 42. и 48. македонска дивизија и I и II Македонска артилериска бригада на Сремскиот фронт учествувале со околу 25.000 борци и старешини. Опишувајќи го учеството на македонските борци на Сремскиот фронт, односно во секторот 42 и 48 македонска дивизија, М. Гончин во својата книга „Во рововите на Срем“, ќе напише:

„Бригадите на 42 македонска дивизија беа насочени на добро утврдениот и бранет Товарник, на голем број мински полиња, жичани препреки, чврсти згради преуредени во бункери и митралески гнезда. Во исто време било предвидено да се нападне Илинци, јужно од Товарник и да се настапува према Илача, Шидски Бановци, Џелетовци  и по должината на железничката линија за Винковци.

Нападот на Товарник започна во исто време кога другите единици на Првата армија, по артилериска припрема, бардирање од авиони и рафали од огнено оружје започна напад кај Moхoвa, Ловаш, Бапска и други места. Седмата македоно-албанска бригада, во насока на настапувањето меѓу Трумичевиот и Грчичевиот салаш, била дочекана со смртоносен баражен оган и мински полиња и била задржана во нејзиното  настапување. Дури во 7 часот, по жесток напад, совладани се отпорните точки кај  Тримичевиот салаш, но неприталеот не попуштал кај Грчичевиот и Козјаковиот салаш. Задржувањето пред непријателската линија на одбраната барала некое време прегрупирање и координирање на дејството на единиците во нападот.

Борбата се разгорела. Третиот баталјон на Третата македонска бригада и Дисциплинскиот баталјон на Првата армија, заедно со борците на Седмата шиптарска бригада, жестоко нападна да ја завземат одбрамбената линија на непријателот и да пробијат во Товарник. Со нив содејствуваа, напаѓајќи од север и североисток, Вториот и Третиот баталјон на Првата македонска бригада. Во градот се водени жестоки улични борби, се освојувала зграда по зграда и непријателот е принуден да се повлече во насока на Илач. Во 14 часа Товарник беше ослободен. Потоа следуваше напад на Илинце и селото беше ослободено во 16 часот.

Втората македонска бригада ја завзела Илача, каде што одбила силен контра-напад на непријателот и го продолжи гонењето. По кратка борба го освои Шидски Бановци и ја поминала ноќта на достигнатата  линијата. Додека главнината на Првата армија настапувала во длабочина на непријателскиот распоред, брзајќи кон Вуковар и Винковци, дивизиите на Јужнаата и Босутската оператвна група се сретна на 12-ти април, во реонот на Бошњаците и Посавските Подгојци и продолжиле да напредува кон Жупања. По патот наидувале на силен отпор од противниците и полека напредувале.

… Дваесет и првата српска ударна дивизија, на чело со командантот Владо Бајиќ и политичкиот комесар Мирко Јовановиќ, беше испратена кон Нуштар и Маркушиќ за да отаму тргнат во напад на непријателот во Винковци. Кон неа е придодадена и Втората тенковска бригада да содејствува во завземањето на наведениот непријателски гарнизон.

И Четириесет и осмата македонска дивизија, освен Четиринаесеттата македонска бригада, насочена бил кон Винковци. Нејзините единици претходно мораа да ги разбијат непријателот североисточно од Привлака. Дваесет и втората македонска дивизија се наоѓала во армиската резерва. Развојот на борбените операции побара и таа да се испрати во Илач и Нови Јанковци, за да со дел од силите ги држи позиции во Оролик и Џелетовци и да ја обезбедува левата страна на дивизиите на северната група.

…  Забрзано марширајќи низ Оролик, Славковце и Мирковце, борците на 48 македонска дивизија пристигна на 13 април, околу 14 часот, на стартната позиција за напад врз Винковци.

На почетните позиции беа направени последните подготовки за напад на жилавиот  противник. Командантите на дивизиите предвидуваа дека оштрата борба во Винковци ќе трае подолго и командантите на бригадите укажаа дека треба борците особено да се подготват за улични борби и освојување на добро утврдените и бранети згради.

Веќе во 11 часот почнаа борбите на приодите кон Винковци. Четвртата српска ударна настапуваше од Муштар, Триесет и првата српска од Цериќ и Четиринаесеттата македонска бригада од Ланкашевиот салаш. Нив ги поддржуваа тенковите на Втората тенковска бригада и доделената артилерија. Позициите на непријателот на влезот во Винковци од север и исток, беа жестоко бомбардирани, едноставно изорани со артилериски гранати, но отпорот не престануваше …

Во борба почнаа да влегуваат и бригадите на 48 македонска дивизија и одбраната на Винковци ја загрозуваа од правец на Мирковци. Првата македонска ударна, всушност настапуваше јужно од патот кој води од Мирковци во Винковци, а Втора македонска бригада, малку по на север. Нив ги поддржуваше артилериски дивизион и често ги бомбардираа непријателските утврдувања.

Командантот на 34. германски армиски корпус забележал дека доколку неговите трупи подолго време се бранат во реонот на Винковци, може да му биде пресечена остапницата и тогаш не би имал друг излез освен да се предадат. За да се избегне ова, тој наредил да се повлече главнината на армискиот корпусот и да ги запоседне следните одбранбени позиции, а борбата за задржување да ја продолжи на пристапите кон градот.

Со поддршка на тенкови и артилерија, нешто пред зајдисонце, на 13 април, борците на Дваесет и првата српска дивизија го поразија непријателот кој го бранеше северниот и северо-источниот дел на влезот во градот. Во исто време, борци Четириесет и осмата македонска дивизија го поразија непријателот во југоисточниот дел и Винковци беше ослободен.

… Во Винковци загинаа многу непријателски војници, а 500 се заробени. Заробен се големи количини на воен материјал и оружје. Јужната група дивизии: Петта краишка ударна, Втора пролетерска и Седумнаесеттата дивизија, а потоа и Босутската група дивизии: Шеста личка пролетерска, Единаесетта краишка дивизија и Првата коњичка бригада, успеа, по жестоки борби успееа да се пробијат на линијата меѓу Жупања и Винковци и да остварат содејство со Северна група дивизии. За време на пробивот на Сремскиот фронт, во дводневните борби, уништени се повеќе непријателски единици: 41 германска тврдинска дивизија, 963. Тврдинска бригада, 141 артилериски германски полк, многу баталјони и помошни единици. Триесет и четвртиот германски армиски корпус имал во борбите, за време на пробивот на Сремскиот фронт, 9.520 загинати, 3.273 ранети, 5.427 заробени војници, подофицери и офицери.

Загубите на Првата армија, во истиот период, изнесуваат: 1,713 загинати, 5.948 ранети и 53 исчезнатите војници, подофицери и офицери. Инаку, за време на борбите на Сремскиот фронт, од октомври 1944 година до 13 април 1945 година, единиците на Првата армија имаа 6.555 загинати, 11.924 ранети, 1.955 исчезнатите војници и офицери. За тоа време, убиени се 13.003, с заробени 5468 непријателски војници…“

Со ослободување на Винковци и Жупања, беа создаде услови за настапување кон Славонски Брод и Загреб. По 13 април 1945 година, Македонските единици ги продолжиле борбите до конечното ослободување на Југославија. Во својата книга М. Гончин го дава и списокот на загинатите на Сремскиот фронт:

Листи на загинати на Сремски фронт

ПРВА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

ТОВАРНИК: Славко М. Адамовски, Митре И. Андреевски, Петар Т. Ангеловски, Здраве Андоновски, Крсте С. Булевски, Стојче П. Бебековски, Димитар Димовски, Димче И. Димовски, Стефан Т. Димовски, Павле С. Димовски, Петар Ј. Дерацковски, Ламбе Дуцкиновски, Исо С. Џеладин, Славко Н. Георгијевски, Васил М. Костовски, Васил Ц. Коцевски, Петар С. Левковски, Вангел Л. Мечевски, Ломбе П. Новенски, Раде Ц. Павлески, Трајан С. Ставревски, Ѓоре В. Спировски, Трајан С. Стефановски, Иван Г. Шитовски, Јанче Г. Шулевски, Љубе А. Тренковски, Александар И. Трајčевски, Мито И. Василјевски, Бранко Л. Вретовски, Цветко А. Заровски.

ДРУГА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

ШИД: Пеџо С. Алитовски, Наце К. Балтовски.

ТОВАРНИК: Борис Д. Бужевски, Бекир Р. Бајрамовски, Игно Н. Цветковски, Георги Р. Цулаковски, Кочо Љ. Даловски, Бајрам С. Еминовски, Никола М. Гавриловски, Лазо Д. Христовски, Благоје Д. Илионски, Димитар Р. Јаковлевски, Димитри Х. Јаневски, Билјан Р. Јаковчевски, Асан Р. Марковски, Стојан В. Манковски, водник, Татодор З. Миладиновски, Трајко Ј. Михајловски, Сане Б. Наумовски, Трајčе Х. Неделковски, политиčки комесар на чета,

Нове С. Неделковски, командир čете, Čендро П. Номуšевски, Муртеза А. Распаšковски, Стефан А. Радич, оперативни официр на бригада, Бранко Д. Стојановски, командир на чета. Марко Т. Серафимовски, водник, Милан Н. Стефановски, Тотор А. Стојановски, Рупче Т. Спасеновски, Глигор Н. Трошановски, Игно Н. Трајковски, командир на чета, Милан Т. Велковски, водник.

ИЛАЧА: Пешо М. Цветковски, Трајан М. Филиповски, Илфијадо Т. Ивановски, Блаже М. Котевски, Пецо А. Матовски, Ратко Љ. Петровски, Санде П. Размески, Лазо Д. Ристовски, Дренко В. Ристовски, Стојимир Љ. Трпевски, Мито. М. Тасевски, Стојčе Б. Васиљевски.

ЛИПОВАЦ (?): Јелис Н. Крстановски, Арис Н. Маликовски, Цветан Б. Наумовски.

Умрени во болница: Азис О. Ракитовски, Васил С. Тодоровски.

ТРЕТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

ИЛИНЦИ: Димчо Анчевски, Стојан Божиновски, Голуб Бадиовски, Кјамил Бајрамовски, Борис Данаиловски, десетар, Алекса Георгијевски, Александар Иксич, десетар, Никола Илијевски, Илија Јовановски, Љубе Крстевски, Славко Коцевски, Томо Коцевски, Божидар Мицковски, Васил Мешковски, Најдан Мартиновски, Душан Максич, десетар, Станојко Митевски, Коста Миновски, Санде Мирчев Насковски, десетар, Страхил Насковски, Јован Павловски, водник, Властимир Петровски, Исмаил Рустемовски, Санде Смилевски, Сава Силјановски, десетар, Васил Стојчевски, Атанас Стојмановски, Јордан Савковски, десетар, Најдо Станковски, Благоја Стојановски, Иван Стефановски, водник, Александар Шепелников, Стојан Тодоровски, Методија Трајковски, десетар, Стојко Трајковски, Трифун Теол’иловски, десетар, Владимир Тосевски, десетар, Ангел Ташевски, Трпко Василевски, Жарко Веселиновски.

ШИД: Аљуш Адемовски, Милан Ивановски.

ТОВАРНИК: Ишљам Абазовски, Јованче Цветковски, водник, Серафим Додевски, Рами Мемедали, Санде Митрев Насковски, заменик командира чете, П„аде Николовски, десетар, Новко Стојановски, Рушид Шакировски.

СЕДМА МАКЕДОНСКО- АЛБАНСКА УДАРНА БРИГАДА

ТОВАРНИК: Јошко Адеми, Емит Амити, Гарип Ајдари, Бекул Алија, Илијаз Алија, Абди Ајдар, заменик командира čете, Бејкир Алил, Хазма Алит, Хамзи Абдураман, Усеин Алија, Демир Абдула, Рамадан Абдула, Рефик Бајрами, Алија Бељуљ, Абедин Беадил, Нешад Чаили, Дестан М. Дестан, Веар Ајрула, Пета Фестан, Екрем Гани, десетар, Зеќир Хамди, Хајдар Р. Хајдар, Ибраим Идризи, Цесим Исмаил, Вели Ибраими, Сеиман Јакуп, Кемал Јања, Беџет Јашари, десетар, Муса Касарни, Шаип Максут, Бајазит Мустафа, Бефтјар Наки, Рифат Османи, Шефкет Рустеми, Мурат Рамадани, Хаки Рамадани, Реџеп Рамадан, Сали Н. Сали, Тенк Шакири, Синан Шукри, Есат Велија, Џебир Зулберах, Ненбедин Зенел.

ШЕСНАЕСТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

ИЛИНЦИ: Светозар Алексиć, Стојан Атанасијевиć, Стојан Антиć, Наип Бакташевски, Георги Демишевски, Божидар Георгијевски, Стојадин Илијевски, Трајан Ивановски, Ариф Исмаиловски, Васко Јованович, Димитрије Јандревски, Сава Јанчевски, Илија Јовановски, Данко Каранфиловски, Шефки Комберовски, Трајан Младеновски, Ќира Младенович, Трајан Мицевски, десетар, Владимир Михаилович, Велимир Манасијевич, десетар, Војислав Пешич, Станојко Павловиќ, Живко Попески, Љубомир Ристич, водник, Милан Станкович, Александар Спасовски, Мите Ставревски, Војислав Стојкович, Драгутин Стефанович, Биажо Спасовски,

Спира Стојиљковски, Мемет Седиковски, Благоје Здравковски, десетар, Сава Селовски, Зорка Тасич, Благоје Трајкович, Блажо Томашевски, Живко Уредеровски, Арсо Вечевслци, Цветко Здравковски, Трајčе Здравковски, Никола Живанович, десетар.

Се смета дека овие податоци не се целосни. Но  овие списови не потсетуваат дека имаме борци кои загинале во станство, но за кои изгледа многу не се грижиме, како што тоа го праватдругите кај нас (француски, германски, српски и др. гробишта).

М. Гончин „Во рововите на Срем“, 1881, Панчево (226 – 228; 263 – 264)

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top