Коментари

Европска финансиска комисија го контролира посебниот буџет за Македонија во 1907 г.

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Мирцштегските реформи претставуваат програма за спроведување на реформи на управата во Македонија кои големите сили и ги наметнаа на Осмалиското царство по Илинденското востание 1903 година. Програмата го добива името по местото Мирцштег во Штаерска, каде во ловечка куќа од 30 септември до 2 октомври 1903 година австрискиот цар Франц Јосеф и рускиот цар Николај II со соработниците, додека траеа востаничките акции, преговараа за зачувување на статус кво на Балканот и го довориле конечниот текст за реформата.

Средбата во Мирцштег меѓу австрискиот цар Франц Јосеф и рускиот цар Николај II, на која присуствуваа и австрискиот министер Агенор Голуховски и рускиот министер Владимир Ламсдорф, имаше за цел да го зачуваат статус кво на Балканот. Оттука двете големи сили бараа компромис меѓу османлиската власт и христијанското мнозинство. Како резултат на овие преговори ќе бидат изработени познатите „Мирцштегските реформи“.

Вистинските мотиви за наметнување на Мирцштегските реформи, не биле масакрите и безвластието кое владее во Македонија (пред и за време Илинденското востание), туку личните интереси на шесте големи сили на Балканот. Најзаинтересирани за овие реформи од една страна биле Австро-Унгарија и Италија, кои се бореле за превласт на брегот на Јадранското море, а од друга страна била Русија која во тоа време води војна на Далечнит Исток. Најмала заинтересираност покажувала Германија, која не сакала да ги наруши добрите односи со Османлиското царство. Имајќи ги во предвид интересите на големи сили, може да се заклучи дека единствената причина поради која не доаѓа до воена интервенција  на Балканот не била воената сила на Отоманското царство, туку нивниот ривалитет кој Портата вешто го користи.

Големите сили континуирано се обидувале да наметнат разни планови за реформи во Османлиското царство, но секогаш сите овие обиди завршувале повеќе или помалку со неуспех. Затоа австрискиот и рускиот цар се сложиле дека е потребно проширување на реформите за Македонија, прифатени во февруари 1903 година во Виена, на три начини: 1) реформи во жандармеријата, која би го вклучувало и христијанското население и страни офицери; 2) реформи во правосудството (именување на локални христијани за судии) и 3) реформи на финансиите, со поголема самоуправа на македонските вилаетите (формирање посебен буџет за Македонија, помали даноци и сл.)  

Суштината на овие реформи, кои се темелеле врз предлогот на англиската влада од 21. IX 1903 година, била: при главниот инспектор Хилми-паша се поставуваат двајца цивилни советници (еден од Австро-Унгарија и еден од Русија), надлежни за примена на реформата во македонските вилаети од страна на турската администрација. Покрај нив, за реорганизација на турската жандармерија во Македонија се именува еден странски генерал, под чија команда се аташираат определен број европски офицери. Исто така се предвидувало реформирање на администрацијата, судството, развивање на месната самоуправа итн.

По долги одолговлечувања, турската влада се согласила на предложените реформи, но однапред решена да го спречи нивното воведување. Бидејќи една од првите реформи била жандармеријата, за командант бил именуван италијанскиот генерал Де Џорџис, а во Македонија која била поделена на пет сектори, биле распоредени странски офицери. Скопскиот санџак им бил доделен на австриски офицери, Битолскиот вилает на италијански, Солунскиот на руски, Серскиот санцак на француски, Драмскиот на англиски.

Судските реформи не биле спроведени поради недоразбирањето меѓу големите сили се до Младотурската револуција, кога била вклучена во програмот на уставните реформи, а одредбите за реформи во буџетот, Османското царство ги избегнувало да ги спроведе се до 1905 година. Тогаш била формирана Финансиска комисија предвидена со програмата за реформи, што пак било и резултат на демонстрација на сила на флотите на големите сили во близината на Дарданелите. 

Со формирањето на жадармерија и свој буџет Македонија функционира како посебна единица во рамките на Османската империја. Европската Финансиската комисијакоја која го следи трошењето на средствата собрани од македонските граѓани,  при контролата на почетокот на 1907 година во буџетот на Македонија откриваат дефицит од од 360.000 турски лири, односно осум и пол милиони српски динари. Еве што вели белградска Политика од 26 мај 1907 година за „Финансиската контрола во Македонија“.

„На својата последна седница, делегатите на европската финансиска контрола со посебен биланс ја утврдија финансиската состојба во Македонија. И покрај тоа што царината била зголемена за три проценти во корист на македонскиот буџет, Турција не успеала за два и поло месеци да даде плата на својата војска и офицерите, ниту веќе три месеци да даде плата на своите цивлни службеници. Неа и останува, значи, дефицит во македонскиот буџет од 360.000 турски лири, односно осум и пол милиони динари.

Хилми паша и предложил на финансиската контрола тој дефицит да помине во македонскиот буџет за идната година. Европските делегати едногласно го одбиле овој предлог на Хилми паша. Според одлуката на финансиската контрола, Турција е должна да го изравни овој дефицит барем со сума од 275.000 турски лири кои би ги издвоиле од своите општи финансии и би ги пренеле на македонскиот буџет. Така би останал дефицит само околу милион динари и би се пренеле на македонскиот буџет за идната година, која по турскиот календар, веќе почнала од месец март. Турција одлучно се противи да и со најмала сума и помогне на македонскиот специјален буџет.

Овој дефицит, што е најинтересно, не е последица на лоша финансиска или економска состојба во Македонија. Извештајот на финансиската комисија покажува дека оваа година собрано е од народот данок  за 15 % повеќе отколку минатата година. Меѓутоа општите отомански финасии во Цариград оваа година била доста оптеретени со воени издатоци, особено овие расходи се зголемени на македонска територија.Сега овој дефицит од осум и пол милиони мора, како било да било, да падне на македонскиот буџет, кој, меѓутоа чисто бил наменет на локалната администрација.

Ваквата финансиска контрола, како што е, останува, како и европската жандармерија во Македонија, без своја ефикасна улога.  Недоволна, не изведена до крај и без вистински авторитет, финансиската контрола нема никаква самостојна и извршна акција. Денес најкатегорично може да се утврди дека ни европската жандармерија, ни цивилните агенти, ни финансиската контрола не успела ни малку да ја изменат тешката состојба во Македонија. Европа ќе мора, денес или утре, да прогласи банкротство на австро-рускиот реформски програм во Македонија. Од ден на ден земјата се повеќе приближува  кон нова катастрофа, која во овој момент, може да се спречи само со коренити, лојални и до крај спроведени реформи.“ – пишува белградски весник.  

Со свој буџет, независно судство и жандармерија, доколку целосно се реализирале реформите, Македонија би ги имала сите предуслови да стане независна држава, Меѓутоа, Портата успешно ги користела рифалството на големите сили и ја смалува ефикасноста на реформите, во периодот од 1904 до 1909 година. Всушност, Младотурската револуција значи крај за Мирцштегските реформи бидејќи во уставните реформи спроведени во јули 1908 година биле вметнати најзначајните елементи на планиранте реформи. Поради тоа во почетокот на 1909 година доаѓа до повлекување на странските офицери од жандармеријата во Македонија и кон средината на истата година бил суспендиран финансискиот комитет. Со ваквиот развој на настаните, била одземена уште една можност Македонија да се издвои како автономна држава.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top