Коментари

Да го одбраниме нашето постоење!

Ljupka Cipuseva

Ljupka Cipuseva
Љупка Ципушева

Имаме историско време, датуми и факти кога Македонецот му дал белег на своето време и го одбранил своето постоење.

Македонците секогаш биле и се`главниот столб во Македонија и секогаш со иста тенденција – условените и потклекнати ,,браќа,, да ги вратат и доведат до иста заедничка цел – а целта била и е Татковината , – да си ја имаме, да си ја зачуваме зошто е наша, неукрадена, не присвоена од други, – зошто Бог еднаш дава Татковина и еднаш дава да се родиш и да живееш.

Нашиот главен чин, во ова наше време е свесност за Македонија, а свесноста да биде автентична, историска, веродостојна, природна и преносна бидејќи нејзината основа е вистината.

Интерес за ваков еден чин изостанува од надежта, од надежната млада генерација која како да нема интерес за својата татковина, и како да е се`   препуштено на возрасната популација, а како пандант на ова, постепено но сигурно најпопуларен интерес за светот станува токму Македонија.

Овој интерес расте во светско движење кое од ден во ден се повеќе ни дава до знаење дека нашата македонска свест тоне, гледајќи го лудилото на шарените домашни и дојдени гниди, дека не сме во состојба да видиме што имаме, дека не знаеме она што го имаме да го цениме и да му ја потенцираме неговата големина, – туку трчаме по ветрот кој не носи во неизвесност на западните буништа.

Интересот за Македонија  остана на возрасната генерација Македонци од широката народна маса – генерација која не поседува никакви институцијални титули и повластици, – а за институција и титула ги презентира делата на своите татковци, дедовци и прадедовци чии души ги влечеме перманентно во ова наше општество.

Уште ли истите ќе се борат за нас ? Уште ли истите ќе докажуваат колку сме ние Македонци и колку сме ние нивната надежна иднина?!

Еве; – нека едно вакво скромно мислење биде потик на ,,татковците,, во бисерни ,,одежди,, по безбројните наши универзитети, нека станат и лидери на нивните студенти за да се чуе гласот на студентите во одбрана на татковината, да му покажат млада и надежна сила на светот , дека иднината не е утре туку денеска, дека Македонија не е вејка на ветрот без сегашност, дека постојат татковци и мајки кои би се гордееле и би ја искажале својата благодарност кон своите синови и ќерки спремни да ја бранат татковината од налетот на светскиот интерс за неа.

Во овој контекст ги изземам институциите како МАНУ, како Друштвото на писатели кои бесрамно се китат со позиции и меѓусебни награди за да станат или останат на позиции –  ,,Академци, без ниедна капната пот за Македонија, за Татковината.

Секое движење има свој извор, потекнува од некоја далечна длабина и навлегува во порите на човечкото друштво по пат на историско научени лекции и наследство, и како такво наследство го имаме како заслуга од минатите генерации, тогаш тоа наследство не припаѓа на некого лично туку на ТАТКОВИНАТА!

Нам, денеска, историјата може да ни запише скромна заслуга ако се избориме да ја зачуваме Татковината онаква каква е без никаква промена.

Чинот на покрет или движење не смееме повеќе да го одложуваме и да даваме шанса на туѓите лични интереси и амбиции- Македонскиот народ е под заклетва на минатото – да секој во свое време има своја мисија со не така лесна задача , исправено да му се претставиме на ова наше време, достојно , културно , гордо и смело пред светот, и да му кажеме дека светските шпекулатори по пат на политичари , филозофи или научници имаат или воопшто немаат сознание која е Македонија , кој е македонскиот народ и зошто постои и опстојува од Искона.

Македонија и македонскиот народ се АПСОЛУТНИ, – никој нема право да каже дека помеѓу земјата и народот има различен дух, ваквата за жал состојба никој не ја разбира, особено не оној кој не е Македонец освен чистиот Македонец, – тогаш – ајде Македонци да го одбраниме нашево денешно постоење!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top