Коментари

Без името Македонците се никој и ништо


Свекрва

Опозицијата предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев во содејство соросовите невладини организации и надворешните поддржувачи подготвуваат пред почетокот на летово интензивирање на своите активности со цел да предизвикаат поголем македонско-македонски судир меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, што ќе доведе до повторно вмешување на странскиот фактор и влез на опозицијата во некоја нова т.н. експертска или техничка влада.

Следствено на настаните кои се најавуваат, опозицијата и подржувачите очекуваат рекција на албанскиот блок, кој иако досега демантираше, ќе го искористи моментот да иницира промени во Уставот не само за името во интерес на евроатланските интеграции, туку тоа ќе и послужи и како покритие за федерализација на земјата и нарушување на унитерноста на Македонија.

Дека не се избегнати сите опасности и дека нешто сериозно се спрема говорат неодмнешниот повик на поранешниот премиер на Албанија Сали Бериша до граѓаните да се вооружат, наводно за да се одбранат од криминалните групи поврзани со албанската влада. Од друга страна албанскиот премиер Еди Рама, кој деновиве престојуваше во Приштина, каде се одржува третата заедничка седница на владите на Албанија и Косово, изјави дека треба да се постават сеалбански национални темели во регионот. Односно, како што пренесоа медиумите, тој од Приштина порача дека Албанија и Косово се „една земја, еден народ, еден заеднички сон“. Иако, според него, обединувањето на Косово и Албанија ќе биде реализирано под европското знаме, самото мото  „една земја, еден народ, еден заеднички сон“ говори многу за аспирациите на Албанците.

Ваквите желби на Албанците и македонската опозиција и одговараат на јужниот сосед, кој сака своите домашни проблеми да ги насочи и компензира во Македонија. Бидејќи  Атина своите цели (затварање на македонското прашање) може најдобро да ги спроведе со промена на власта, тие внимателно ја следат состојбата во Скопје и отворено навиваат за опозицијата.

Дека политичката криза во земјата е креирана од надвор со цел опозицијата да дојде на власт без избори и да изврши промена на името, потврдува и лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој во интервјуто за српски медиум ќе изјав дека Македонија ја провоцира Грција и дека мора да се направат отстапки за да се најде решение за ова прашање. Спред Заев:  „Грција може уште 200 години да опстане со ваков проблем, а ние сакаме да бидеме членки на ЕУ и на НАТО. Без решение на овој проблем не можеме да влеземе ниту во ЕУ ниту во НАТО .“

Меѓутоа, Заев не кажува каков компромис Македонија може да направи со Грците, особено ако е познато дека Атина бара едно име за вкупна употреба и промена на Уставот. Исто што го бараат и Албанците  во Македонија, а со што би се овозможила федарализација на земјата.

Случајно или не, по посетата на Рама во Приштина и по изјавата на Заев дека е подготвен за компромиси околу името, односно дека е спремен да ја свитка кичмата, министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас ја посети Тирана. Додека Чамите протестираа, на заедничка прес конференција во Тирана, министерот за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати изјави дека иако работеле на некои прашања меѓу двете земји, кои потекнуваат уште од Втората светска војна, сепак смета дека приоритет имаат работите од кои граѓаните на двете земји ќе имаат корист. Во тој и во контекст на регионалната безбедност за која како што велат имаат одговорност, Македонија како најблизок сосед не е спомната, но незначи дека не е и разговарано.

Инаку, покрај Грција и Албанија ја нема признаено Македонија под уставно име и тоа нема да го направи се додека не се реши спорот со името со Грција. Бугарија која пак не има признаено под уставно име, секогаш знае да се испречи и условува на патот кон евроинтеграциите.  

Се се врти околу името и културното наследство на Македонците. А без името, Македонците се никој и ништо. Името македонско е тоа што македонскиот народ го крепи и оддржува, што ги прави горд и отпорен на сите посегања по неговата земја, идентитет, традиција и култура. Но за жал одамна е нарушено заедништвото на политичките структури во земјата кога е во прашање стратегијата за зачувувањето на името и идентитетот. Тоа не прави ранливи и попустливи.

Постојаните попуштања, како и последните повици на Заев дека мора да попуштиме во врска со името, а досега сите остапки ги има направено македонската страна (промена на името за влез во ООН, потоа промена на знамето и Уставот), како и раздвижувањето на меѓународниот фактор и соседите,  укажува дека следува силен удар со кој опозицијата, Грција и меѓународниот фактор ќе се обидат еднаш за секогаш да го затворат македонското прашање.

Навистина наивноста и неукоста на Заев нема крај. Ако тој мисли дека со промена на името Македонија ќе помине само со свиткана кичма се лаже. Едноставно Грција не не сака со нашето име за свои соседи и ќе се обиде да ни ја скрши кичмата и да ги истреби Македонците од овој простор, како што тоа го направија американците со своите домородни Индијанци. 

Меѓутоа, дури и на Грците им е сосема јасно дека за разлика од македонските политички безкичмењаци, македонскиот народ кој со векови е кален под ударите на разни камшици има стекнато висок праг на издржливост, но, исто така од искуство многу добро знае дека кога тој ќе се пречекори, одговорот на Македонците може да биде праведен и многу жесток. Тогаш Господ на помош нека им е на сите.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top