Коментари

Осамениот воин Драган Богдамовски

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

ВМРО ДПМНЕ на 17 јуни 2016 година го прослави својот 26 роденден. Но, да се говори за партијата и нејзините достигнувања од основањето до денес, не може а да не се каже неколку збора за нејзиниот идеолог и еден од основачите Драган Богдановски. Тој беше осамен воои кој повеќе децени, откажувајќи се од животните благодети, се бореше за остварување на илинденските (Гоцеви) идеали за ослободување и обединување на сите делови на Македонија.

Драган Богдановски (18. IX 1929 – 31. V 1998) е еден од најпознатите македонски дисиденти, кој повеќе од 30 години беше во челните редови на патриотската македонска емиграција. Воспитан во патриотски дух од неговиот сакан дедо Богдан, кој бил илинденец-комита во четата на Атанас Бабата (по кого го сменува и своето презиме од Станковски во Богдановски), уште на третиот семестар од студентските денови во Белград се јавува како иницијатор за формирање на „Македонскиот студентски клуб“, поради што во 1950 г. бил осуден на 6 месеци затвор и бил исклучен од Универзитетот без право на упис на било кој факултет во Југославија. Ваквата мерка од основа ќе го смени животот на Богдановски.

Почнувајќи од 1951 година кога со неколку колеги ја минува југословенско-грчката граница, Богдановски во текот на својот животен пат престојува во повеќе држави: Грција, Аргентина, Бразил, Франција, Норвешка, Шведска, Белгија, Швајцарија и СР германија. Талкајќи сам по светот, каде и да бил, тој активно дејствувал за остварување на идеалите на Гоце Делчев.

Во 1954 година доаѓа во Париз и се запишува на Сорбона каде студиран на Факултетот за политички науки и журналистика. Истовремено започнува со политичко дејствување и во 1956 заедно со група македонски емигранти учествува во формирањето на организацијата „Македонски национален фронт“. Тој е избран во раководството и е поставен за редактор на органот на организацијата „Македонска искра“, кој набрзо бил забранет по интервенција на Белград и Атина.

Во 1958 година, по иницијатива на Богдановски во Шведска се формира организацијата „Македонски национален комитет“, во чие раководство влегува и станува редактор на органот „Македонска лоза“. А во 1962 година членовите го менуваат името на организацијата во „Ослободителен комитет на Македонија“, а тој станува редактор на списанието „Македонија“, во кое од 1964  до 1969 година објавува свои написи редакциски коментари. Како редактор тој ја организира доставата на списание до повеќе лица во Европа и прекуокенските земји. По одржувањето на Уставотворниот конгрес во Кил во јули 1967 година, на кој е донесена политичка платформа, статут, Манифест на македонскиот народ и политички  реферати, Багдановски истите ги публикува во посебна брошура и ги шири низ Европа.

Во овој период Богдановски го издава списанието „Македонска лоза“, а во почетокот на 1971 година, го основа списанието „Македонска нација“. Во 1972 година, по негова иницијатива, на вонреден конгрес „Ослободителниот комитет на Македонија“ прераснува во „Движење за обединување на Македонија“ (ДОМ), а весникот „Македонска нација“ станува нејзин орган. Истата година, во согласност со ограноците во САД, Канада и Австралија формиран е нов централен комитет, а за претседател бил избран Богдановски, кој активно работи за нејзино омасовување. Две години потоа, по негова иницијатива на општ конгрес во Минхен, ДОМ го сменува името во „Движење за ослободување и обединување на Македонија“ (ДООМ).

Во рамките на организациите МНФ, МНК, ОКМ, ДОМ и ДООМ, Богдановски ги обединуваше луѓето околу заедничката идеја, организираше списанија во кои објавува свои написи, а печати низа летоци, апели, меморандуми и прогласи со промакедонска содржина. Според тогашните безбедносни структури, Богдановски имал напишано повеќе текстови за Македонија отколки сите новинари во Македонија.

Неговите сепаратистичи ставови го привлекле вниманието на УДБ-а, но таа иако го следи долго време не превзела ништо, бидејќи ставовите на Богдановски и членството на ДООМ, изнесени во „Македонска нација“  беа одбрана од делувањето на  пробугарската организација. Самото остранување на Богдановски би значело македонските емигранти лесно да подпаднат под влијание на пробугарската МПО.

Меѓутоа, со разгорувањето на меѓусебната пресметка меѓу екстремната југословенска емиграција и УДБ-а, во која биле ликвидирани амбасадори, конзули и видни емигранти, било одлучено да биде остранет и Драги Богдановски, како опасен емигрант, иако тој и организацијата ДООМ не презеле нити една конкретна акција против тогашна Југославија.

Во 1977 година Богдановски бил киднапиран во Париз и донесен во земјата, каде е осуден на 13 години затвор. Пуштен од затвор е во 1988 година.  Меѓутоа и по цена на сите полициски тортури и судски процеси од поранешниот режим, до крајот на својот живот, Богдановски не ги напуштил идеите за ослободување и обединување на сите делови на Македонија.

По излегувањето од затвор, Бигдановски со подршка на браќата Гојко и Мане Јаковлевски кратко живее во Скопје и потоа заминува во Шведска, каде во сумракот на Југославија, подготвува програма за формирање на национална политичка партија во Македонија, која е отпечатена во „Млад борец“. Според него таа  партија треба да се вика „Демократска партија на македонско национално единство“ (ДПМНЕ). Во 1990 година заедно со Гојко Јаковлевски од Берлин се состануваат во Минхен, каде е донесена одлуката за формирање на партија со предзнак ВМРО. На состанокот присуствуваат и Љупчо Георгиевски, Борис Змејковски и Владо Транталовски од Ресен, по што партијата на 17.06.1990 г.се формира и регистрира во Македонија.

На првиот конгрес на ВМРО ДПМНЕ, одржан во Прилеп на 6 и 7 април 1991 г., Драган Богдановски е избран за почесен претседател на партијата, а од 1991 до 1993 г. е претседател на Задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ за Европа.

Меѓутоа, доаѓа до заладување на односите помеѓу него и претседателот на партијата, Љубчо Георгиевски. Во 1993 г. доаѓа до конечното разделување од ВМРО ДПМНЕ.

Драган Богдановски умира на 31 мај 1998 г. во воз (во местото Фредериција, Данска), на пат од Шведска во Германија. Погребан е во присуство на семејството и најблиските во Куманово на 1 август 1998 г. На погребот беа присутни членовите на семејството, неговите пријатели, општинските раководители на градот Ресен и еден претставник од ВМРО ДПМНЕ.

Во животот и делото на Драган Богдановски, како и во формирањето на партијата ВМРО ДПМНЕ, голема улога играат браќата Јаковлевски, а помалиот брат Мане Јаковлевски го продолжува списанието „Македонска нација“, кое денес излегува во електронска форма.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top